Серски конгрес
Серскиот конгрес на Серскиот револуционерен округ е последен конгрес од низата конгреси на Македонската револуционерна организација по Илинденското востание па сè до свикувањеото на општиот Рилски конгрес.
Собир
[уреди | уреди извор]Конгресот започнал со работа на 29 јули 1905 година во месноста Белемето, во Пирин и траел околу 8 дена.
На него присуствувале 25-30 делегати, а меѓу нив поистакнати биле: Јане Сандански, Стојо Хаџиев, Ѓорѓи Скрижовски, Лазар Томов, Тодор Поп Антов и други. Покрај нив присуствувале и неколку гости [1].
Работа
[уреди | уреди извор]Конгресот посебно се посветил на разгледување на извештаите на делегатите за положбата на Организацијата и населението.
Било заклучено дека организациската мрежа која била заслабена е повторно зацврстена, разврзана е интезивна дејност, духот на населението е бодро, а целото револуционерно движење станало поцврсто.
Конгресот дисутирал и за раководството, а за војводи биле избрани Јане Сандански - Мелничко, Таската Врански - Серско, Скрижовски - Разлошко, П. Милев за Неврокоп, Дедо Илија Крчовалијата и Хаџиев за Демихисарско и Ичко Бојчев за Горноџумајско [2].
Дополнително кон тоа бил направен избор за учители по селата и градовите, да се засили агитацијата меѓу другите националности и да се засили просветната дејност.
Било посветено внимание и на економските прашања, а меѓу другото било решено да се присилуваат чифликсајбиите да ги продават своите чифлизи, селаните да ги откупуваат и на тој начин да се ослободаат од чифлигарските односи ии да си ја повратат земјата [3].
Во однос на Империјата било решено да се бојкотираат нејзините финансиски мерки како што е собирањето на десетокот.
На крајот на својата работа делегатите избрале претставници за општиот конгрес на Организацијата.
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)
- ↑ Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981
- ↑ Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
Литература
[уреди | уреди извор]- Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
- Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981
- Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)