Прејди на содржината

Валовишта

Координати: 41°14.1′N 23°23.18′E / 41.2350° СГШ; 23.38633° ИГД / 41.2350; 23.38633
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Демир Хисар (град))
Валовишта
Σιδηρόκαστρο
Поглед на Валовишта од ридот Хисар
Поглед на Валовишта од ридот Хисар
Валовишта is located in Грција
Валовишта
Валовишта
Местоположба во областа
Валовишта во рамките на Синтика (општина)
Валовишта
Местоположба на Валовишта во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°14.1′N 23°23.18′E / 41.2350° СГШ; 23.38633° ИГД / 41.2350; 23.38633
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаВаловишта
Надм. вис.&10000000000000100000000100 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно5.181
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Валовишта во 1919 г.

Валовишта или Демир Хисар (грчки: Σιδηρόκαστρο, Сидирокастро; турски: Demirhisar, Демирхисар) — мал град во Егејска Македонија, денес седиште на општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Во 2021 г. броел 5.181 жител.

Географија

[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа на 25 км северно од Сер и на 15 км од граничниот премин Кулата – Драготин на бугарско-грчката граница, по Европскиот пат E79 кој ја поврзува Орадеја во Романија со Солун. Валовишта се наоѓа во Серското Поле меѓу планините Сенгелска и Шарлија. Изграден е амфитеатрално во западното подножје на ридот Хисар. Низ градот минува реката Белица (Крушевска Река), лева притока на Струма, која го двои на два дела, поврзани со неколку убави моста. Кај градот има минерални бањи, познати по лековитите својства.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во грчката историографија традиционално до почетокот на XXI век е застапено гледиштето дека првите посведочени жители на овој крај во антиката биле тракиското племе Синти, спомнати од Хомер, Херодот и Тукидид. Античките автори наричат областа Синтика, а неин център е град Хераклеја Синтика. Во 2002 г. е докажано дека Хераклеја Синтика е античкиот град кај селото Рупите, Петричко.[2][3]

Средновековие

[уреди | уреди извор]
Средновековната тврдина Хисар

Во средновековието Валовишта била погранична тврдина на работ на Византија и често преоѓала од границите на една во границите на друга држава. Според грчките историчаро имено во околината на Валовишта кај селото Рупел се одиграла решителната Беласичката битка од 1014 г. меѓу војските на македонскиот цар Самуил византискиот цар Василиј II. Затоа по влегувањето на област во Грција селото Рупел е преименувано во Клиди.[4]

Името Валовишта се спомнува во една дарителска грамота на царот Алексиј I Комнин од 1081 г. за светогорскиот манастир Космидион. Византиската писателка Ана Комнина напишала дека во 1106 или почетокот на 1107 г. царот Јован II Комнин на пат за Солун поминал низ градот Валависта (Βαλαβίστα), каде му се родиле синот Алексиј Комнин и ќерката Марија Комнина.[5][6] Во 1246 г. во Вагависта (Βαγαβιστα) царот Јован III Дука Ватац примил делегација од мелнички првенци кои сакале да го предадат градот на Никејското Царство.[7]

Во втората половина на XIV век градот станал дел од Серското Кнежевство на деспотот Јован Углеша со престолнина во Сер. Тврдината паднала во рацете на Османлиите на 20 септември 1383 г.

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]
Валовишта на почетокот на XX век

Во XVII век Валовишта бил центар на вилает. Во османлиските дефтери на немуслиманското население од 1616–1617 г. се вели дека маалото Чаршу на градот Тимур Хисар има 82 даночно обврзани домаќинства, а маалото Капу-и Сивроз има 193.[8] Во средината на XVII век низ градот поминал патописецот Евлија Челебија, кој напишал дека Демирхисар е средиште на казата и има 1.600 еднокатни и двокатни куќи покриени со ќерамиди. Тврдината е непристапна камена градба, но напуштена. Сите жители живееле во долниот град.[9]

Во XVIII и XIX век во Валовишта имало значително македонско население, наречено Мрваци. Областа е богата со руда како железо, лигнит, манган, бакар, доломит и мермер, па населението се живеел претежно од рударство и железарство, од каде потекнува името на градот Демир Хисар („Железна Тврдина“).

Една султанска заповед од 1751 г. го посочува Валовища како центар на ајдутството. На крајот од XVIII век ајанот на Валовишта водел независима политика и активно учествувал во крџалиските немири.

Грчкиот просветител Атанасиос Псалидас во својата „Географија“ (1818 - 1822) нашишал дека Демир Исар живеат Турци и Македонци.[10][11] Во XIX век на неколку наврати поклонички групи од градот го посетиле Рилскиот манастир. Во 1844–1845 г. тие подариле 1.115 гроша во манастирската ризница.[12]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) напишал:

Прво пристигнав во Валовиште (Демирхисар), град, сместен во подножјето на карпеста планина, чиј врв е украсен со древен замок. Откако гостував кај началникот Дауд-бег, го разгледав Варошот, т.е. горниот дел на градот, каде живеат Македонците,[13] црквата „Св. Ѓорѓи“ и училиштето, каде учат на грчки.[14]

Од втората половина на XIX во Валовишта работела бугарската пропаганда со бугарска општина и бугарско училиште. Во 1870-те во Валовишта меѓу Власите и Македонците патријаршисти се појавил огранок на Атинскиот силогос — Друштвото за распространување на грчка просвета. Македонските жители на градот зеле активно учество во Македонското востание и во револуционерната дејност на ВМОРО во четата на месниот војвода Илија Крчовалијата.

Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Демир Хисар (Démir-Hissar) имало 640 домаќинства на 1.000 муслимани, 900 Македонци и 50 Власи.[15][16]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за градот:

Градот Валовишта (Демир Хисар) е на СЗ од Сер на растојание од 412 часа. Тој е изграден на рид и двата брега на реката Белица, која во самиот град минува низ мошне високи и карпести теснини. Двата дела на градот се споени со висок камен мост. Во јужниот дел живеат Турци; во северното маало живеат Власи и Македонци;[13] тука градбите се поубави, поуредни. Од јужната страна, право над брегот се издига гранитна карпа до 100 м висока. Над неа има урнатини од древна тврдина „хисар“. Некои мештани ми имаат раскажувано дека тука некогаш се бранел бугарски цар. Штом влезеш во градот, од источната страна има две врати, заковени и издлабени во каменот. Тие воделе во пространни подруми и пештери. Има и остатъци од црква, која се препознава. Во Варошот има останато една кула.

Под хисарот се наредени многубројни штавилници. Тој занает тука некогаш цветал; сега е опаднат. Во трговски поглед Валовишта е важен само со пазарот за околията. Градот брои до 1.100 куќи; меѓу нив 600 турски и 500 македонски;[13] Власи има само 50 куќи. Иако нема ниеден Грк во овој град, тој нема бугарско училиште. Власите земале сè; тие се грчат и го водат простото македонско население.[17] Само што Валовишта не дотолку погрчен како Сер и Мелник; тука барем е зачуван македонскиот јазик.[18] Но грчките училишта работат неуморно. Во градот Грците имаат 2 машки училишта и едно женско со 184 ученици.[19]

Според Густав Вајганд во Демир Хисар живеле околу 500 Власи со потекло од западните села на Пинд.[20]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Демир Хисар (Валовишта) имал 5.840 жители, од кои 3.300 Турци, 1.200 Македонци, 450 Черкези, 420 Роми, 350 „Грци“ (т.е. погрчени Македонци) и 120 Власи.[15][21]

Црквата „Св. Благовештение“.

Во учебната 1897/98 г. главен учител во бугарското училиште бил Константин Мавродиев.[22] Со неговото доаѓање бугарската учебна дејност и пропаганда напреднала, а празникот на светителите Кирил и Методиј почнал да се празнува не само од учениците од „Долни Варош“, туку и од целиот град и селата.[23] По Илинденското востание во 1904 г. 30 куќи од валовишта прешле под врховенството на Бугарската егзархија.[24] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во градот имало 24 Македонци егзархисти, 864 патријаршисти, 245 „Грци“ (т.е. погрчени Македонци), 240 Власи и 162 Роми.[15][25]

Од средината на XIX век градот постепено ја засенил Долна Џумаја, која дотогаш била традиционален економски центар во северниот дел на Серското Поле. На почетокот на XX век поголема популарност во македонската заедница добило официјалното турско име на градот Демир Хисар.[26] Градот е наречен Серски Демир Хисар за да разликува од областа Демир Хисар, наречена Битолски Демир Хисар.

Бугарското училиште во Валовишта во 1908–1909 г.

До почетокот на Првата балканска војна во 1912 г. во Валовишта работела прогимназија со интернат и едно основно училиште со 150 ученици. Во градот имало и мала бугарска црква. Со сопствени средства бугарската општина купила парцела јужно од градот за изградба на куќички за македонски преселници од селата. Во дворот на старото училиште во 1910 г. започнала изградба на трикатна прогимназиска зграда која до дпочетокот на војната била речиси готова. Средствата за изградбата биле обезбедени од прилози на жители на околните села.[27]

Валовишта било окупирано од четите на Јане Сандански и Александар Бујнов, и IV дружина на 50. Полк на VII Пешадиска рилска дивизија на генерал Георги Тодоров во 23 октомври 1912 г. Двадесет и четири жители на Валовишта (а 338 лица од целата каза) стапиле во Македонско-одринското ополченство, кое во 1915 г. прераснало во XI Пешадиска македонска дивизија.[28] Пред повлекувањето на турската војска од градот биле убиени и изгорени 199 жители. Димитар Божиков бил назначен за заменик-кмет.[29]

Во Грција

[уреди | уреди извор]
Томас Папахаризану, валовишки гркомански првенец, убит от българските войски при оттеглянето им[30]

За вреем на Втората балканска војна на 25 јуни гркоманите од Валовишта под раководство на грчкиот владика Константин ги нападнале конвоите кои се повлекувале и бегалките колони на селаните од Серско тргнати на север за Бугарија. Нападнат е и санитарниот воз пристигнат од Сер. Во борба загинале 250 Македонци. Бугарската армија одговорила со оган, убивајќи 71 „Грк“, вклучувајќи ги владиката Константин и првенецот Томас Папахаризану. На 27 јуни 1913 г. Валовишта е заземено од грчката војска и голем дел од македонското население пребегало во Бугарија. На негово място се населени Грци преселници од Мелник. Таа година населението спаднало на 3.224 жители.[31] Со Букурешкиот договор градот е припоен кон Грција.[32]

Македонски иселеници од Валовишта на ЖС Свиленград во 1925 г.

През Првата светска војна на 17 август 1916 г. Валовишта е окупирано од VII Пешадиска дивизија на Бугарската армија и влегло во Драмската военноинспекциска област. Во мај 1917 г. во Валовишта се откриени грчки шпионски организации и отпочнале судски процеси. Во јули по заповед од главниот штаб во Ќустендил 3.878 свештеници, учители и чиновници од Сярско и Демирхисарско се иселени во Бугарија. Во 1920 г. населението се накачило на 4.337 жители.[31] По Нејскиот мировен договор Валовишта повторно влегло во Грција, а по Грчко-турската војна и Лозанскиот договор муслиманите се иселени во Турција, и во 1922 г. во градот со доселени многу грчки колонисти од Понт и Источна Тракија. Меѓу 1913 и 1928 г. од Валовишката околија се иселени 10.756 Македонци, а доселени се 27.187 колонисти од Турција. Според пописот од 1928 г. градот бил мешан мештанско-дојденски со 6.439 жители, од кои 1.697 биле грчки дојденци (455 семејства).[33] Меѓу двете светски војни најсилни биле културните здруженија на мелничките Грци — женските „Преродба“ (Αναγέννηση) и „Слога“ (Αρμονία) и машката „Контакт на добрата надеж на Мелник“ (Σύνδεσμος Ευελπίδων Μελενίκου).

По возобновата на дејноста на ВМРО во 1919 г. во Валовишко дејстуввала четата на Мито Илиев и Иван Паскалев од Петрово, која се обидела да го поддржи духот на останатите Македонци во Демирхисарско. На 6 август 1925 г. четата на ВМРО влегла во борба со грчка жандармерија во подрачјето на Валовишта.[34] Уследиле нови борби во јуни 1927 г., но грчките власти постепено успеала да го надвладее отпорот врз револуционернат аорганизација. На пописот од 1940 г. градот имал 8.635 жители.

Берба на памук во Валовишко, 1941–1944 г.

На 3 мај 1941 г. Валовишта, под името Демир Хисар, влегло во границите на Бугарија како околиски центар. Иа покрај политиката на погрчување на населението и доселувањето на грчки колонисти од Турција, во Демирхисарска околија сè уште живееле значителен број на Македонци. Според пописот од јули 1941 г. направен од Бугарите, во околијата живееле 33.800 лица, од кои 10.820 Македонци,[15] 22.295 Грци и 685 останати. Бугарската власт ги поттикнувала бегалците од 1913 и 1918 г. и нивните потомци да се вратат во областа и и се обиделе да ги принудат грчките доселеници од Мала Азија и Источна Тракија да се иселат, со цел да се поврати етничкото статускво од 1912 г. Истовремено бугарските власти ги уапсиле и депортирале членовите на грчката интелектуална елита во регионот, и во некои случаи предизвикувале кавги помеѓу Македонците и Грците кои дотогаш ги тероризирале. По следниот попис од 1 март 1942 г. во околијата живееле 13.527 Македонци,[15] 24.756 Грци, 66 Турци и 2.777 лица од други националности. Во оваа статистика гркоманското население е ставено под графата на македонците (во случајов „Бугари“).

Етнографската секция на Етнографския и исторически музей Михалис Царцидис във Валовища

Со излегувањето на Бугарија од Тројниот пакт во 1944 г. Демир Хисар е конечно вратен на Грција. Паравоените милиции на Андонис Фостеридис – Андон Чауш започнале терор врз македонското население кое не се повлекло со бугарската војска. Во Валовишта (Демир Хисар) се излепени плакати со рок од 10 дена сите Македонци да ја напуштат Грција. Само во јули 1945 г. над 4.000 бегалци од Серско дошле во Петричко.[35]

Околијата на Демир Хисар значително настрадала во Граѓанската војна, во која поголемиот дел од Македонците се бореле на страната на ДАГ. Според Димитар Влахов во 1946 г. Демирхисарската околија имало 32,3 % Македонци.

По Втората светска војна градот, како гранично место, настрадал од Студената војна и замрзнувањето на трговските односи меѓу Грција и Бугарија. Започнало масовно иселување на населението во големите градови во Грција, како и во САД, Австралија и Канада. Со затоплувањето на односите во 1960-тите започнало и економско оживување на Валовишта, за кое особен придонес имало отворањето на границата во 1965 г. со што градот станал дистрибутивен центар за увозот на овци и кози од Бугарија. Кланиците во градаот работеле деноноќно и обезбедувале живеачка за населението.

Месности во Валовишта преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Кара Тепе[36] Καρά Τεπέ Маври Плаја Μαύρη Πλαγιά[37] возвишение на Шарлија на ЈИ од Валовишта и на СИ од Савек[36]
Долно Уренли[36] Κάτω Ούρενλή Ерипија Като Амбелион Έρείπια Κατω Άμπελίων[37] поранешно село на ЈИ од Валовишта[36]
Мусанџали[36] Μουσαντζαλή Халасмата Χαλάσματα[37] поранешно село на Шарлија на ЈИ од Валовишта[36]
Кавак[36] Καβάκ Левкис Рема Λεύκης Ρέμα[37] река на Шарлија на ЈИ од Валовишта[36]
Демир Хисар[36] Δεμιρ Ίσάρ Кастру Κάστρου[37] возвишение на Шарлија на ЈИ од Валовишта (310,1 м)[36]
Елан Таш[36] Έλάν Τάς Фидокорфи Φιδοκορφή[37] возвишение на Шарлија на ИЈИ од Валовишта[36]
Сари Каја[36] Σαρή Καγιά Китринос Врахос Κίτρινος Βράχος[37] поранешно село на Шарлија на И од Валовишта[36]
Либетрина[36] Λιμπέτριανα Елевтерон Έλεύθερον[37] месност на Шарлија на И од Валовишта[36]
Мудуфлу[36] или Мудофло[38] или Кудуфлу Κουντουφλού Каливија Καλύβια[37] поранешно село на Шарлија на И од Валовишта[36]
Катрала Тепеси[36] Κατράλα Ταπάτσι[37] Хомата Χώματα[39] возвишение на Шарлија на И од Валовишта (1.094 м)[36]
Јар Γιάρ Λόφος Апокриму Άπόκρημνου[39]
Муструк Тепе[36] Μουστρούκ Τεπέ Дијаватон Διαβατόν[39] возвишение на Шарлија на И од Валовишта (534 м)[36]
Копачи[36] Κουπατσι Скапани Σκαπάνη[39] возвишение на Шарлија на И од Валовишта (946 м)[36]
Кара Дере[36] Καρά Мавро Рема Μαύρο Ρέμα[39] река на Шарлија на И од Валовишта (Маймуна), ляв приток на Белица[36]
Канарата[40] Канара[36] Καναράς Сфагиу Σφαγείου[39] чука на Шарлија и влашки колиби во нејзиното подножје[40] на ИСИ од Валовишта;[36]
Караагач[36] Καραγάτς Птелея Πτελέα[39] месност на Шарлија на ИСИ од Валовишта[36]
Калд’р’м[36][38] Καλντερίμ Лутостроту Λιθοστρώτου[39] возвишение на Шарлија на СИ од Валовишта[36]
Селамси[36] Σελαμσί Хертисмено Χαιρετισμένο[39] месност на З од Валовишта[36]
Черкез Маала[36] Τσερκες Μαχλες Церкезика Τσερκέζικα[39] месност на С од Валовишта[36]
Шарлија[36] Σαρλίγια Демени Δεμένη[39] врв на Шарлија на И од Валовишта (1.404 м)[36]
Сопото[36] Σιωποτον Ντελά Κόρτς Дасомену Δασωμένου[39] месност на Шарлија на И од Валовишта, С под врвот Шарлија (1.404 м)[36]
Аргиров Јантар[36] Άγουρο Γιαντάρι Каковатон Κακόβατον[39] врв на Шарлија на ИСИ од Валовишта (1.006 м)[36]
Сук Чу Σούκ Τσού Криовриси Κρυοβρυση[39]
Елениште Έλενίστε Еленица Ελενίτσα[39]
Куслу[38] Κουσλού Скотинон Рема Σκοτεινόν Ρέμα[39] река која минува низ Црвишта, лева притока на Белица[38]
Лангада[36] или Лангида[41] Λαγκίδα Ангаторема Άγκαθόρεμα[39] река на СИ од Валовишта, десна притока на Белица[36]
Балугана[36] или Алан[41] Μπαλούγιαγα Литорема Λιθορεμα[39] река на С од Валовишта која минува низ Герман, десна притока на Белица[36]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви
  • Св. Димитриј“ („Чесен Појас“) од ранохристијанско време направена во древномакедонска гробница и доградена во 1939 г.
  • Св. Ѓорѓи“ од 1888 г., прогласена за споменик на културата
Манастири
Старини
  • Хисар или Валовишка тврдина од VI век

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 8.635 7.182 8.177 6.363 6.151 5.337 5.711 5.177
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Георги Митрев, Тодор Тараков, CIVITAS HERACLEOOTARUM – Новооткрит епиграфски паметник с името на античния град при Рупите, Петричко. Виж: сп. Археология, 2002, кн. 4,25 – 32.
  3. Lepelley, Claude. Une inscription ďHeraclea Sintica (Macédoine) récemment découverte, révélant un rescrit de ľempereur Galère restituant ses droits à la cite. in: Zeitschrift für Papyrologie und Epigraphik, 146 (2004), 221 – 231.
  4. Според повеќето историчари клисурата Клиди (на гръцки клуч) во која се одиграла битката не е Рупелската Клисура на Струма, туку долината на реката Струмешница меѓу Беласица и Огражден кај селото Клуч.
  5. Άννα Κομνηνή. Αλεξιάς (грчки). 12, IV. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)CS1-одржување: место (link)
  6. Anna Comnena. The Alexiad. 12, IV.CS1-одржување: место (link)
  7. Василъ Златарски. История на българската държава през среднитѣ векове. Том III. България при Асѣневци. стр. 434.
  8. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 332
  9. Евлия Челеби. „Пътепис“, София, 1972, стр.170 – 172.
  10. Нарекувајќи ги „Бугари“ по вообичаениот грчки негаторски пристап кон македонштината.
  11. Данова, Надя (2016). България и българите в гръцката книжнина : XVII – средата на XIX век. София: Парадигма. стр. 239. ISBN 978-954-326-270-0.
  12. Камбурова-Радкова, Румяна., Рилският манастир през Възраждането. София, 1972, стр. 95.
  13. 13,0 13,1 13,2 Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  14. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи (съ картою окресностей охридскаго и преспанскаго озеръ) Виктора Григоровича (PDF) (Изданіе второе. изд.). Москва: Типографія М. Н. Лаврова и Ко. 1877. стр. 124.
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 15,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  16. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 134–135. ISBN 954-8187-21-3. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
  17. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  18. Нарекувајќи го „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
  19. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 851–852. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
  20. Вайгандъ, Густавъ (1899). Аромѫне: Етнографическо-филологическо-историческо издирвания на тъй наречения народъ македоно-ромѫне или цинцаре. Варна: Издание на П. Хр. Генковъ. стр. 221.
  21. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 184. ISBN 954430424X.
  22. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 524. ISBN 954-90006-1-3.
  23. Тасев, Христо. „Борба за национална просвета в Мелнишкия край“. София, 1987, стр. 121.
  24. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
  25. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
  26. Шоповъ, А (1893). Изъ живота и положението на българитѣ въ вилаетите (PDF). Пловдивъ: Търговска Печатница. стр. 138.
  27. Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 310 – 311.
  28. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 841. ISBN 954-9800-52-0.
  29. Генов, Георги (2007). Беломорска Македония : 1908 - 1916 (PDF). Toronto, New York: Благотворително издание на бежанците от Вардарска и Егейска Македония, емигранти в САЩ и Канада, Veritas et Pneuma Publishers Ltd., Multi-lingual Publishing House. стр. 118, 125. ISBN 978-954-679-146-4 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  30. „Το Ίδρυμα Μουσείου Μακεδονικού Αγώνα“. Посетено на 2 март 2013. Архивирано на 24 септември 2015.
  31. 31,0 31,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 188. ISBN 9989-9819-6-5.
  32. Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“. стр. 282 – 284.
  33. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  34. Македония История и политическа съдба, Том II, 1912 – 1941 г.“, Колектив, Издателство „Знание“ ООД, София, 1998 г., стр. 174.
  35. Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония-мит или реалност, София, 1996, стр. 277.
  36. 36,00 36,01 36,02 36,03 36,04 36,05 36,06 36,07 36,08 36,09 36,10 36,11 36,12 36,13 36,14 36,15 36,16 36,17 36,18 36,19 36,20 36,21 36,22 36,23 36,24 36,25 36,26 36,27 36,28 36,29 36,30 36,31 36,32 36,33 36,34 36,35 36,36 36,37 36,38 36,39 36,40 36,41 36,42 36,43 36,44 36,45 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  37. 37,00 37,01 37,02 37,03 37,04 37,05 37,06 37,07 37,08 37,09 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1043. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  38. 38,0 38,1 38,2 38,3 Serrai GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)
  39. 39,00 39,01 39,02 39,03 39,04 39,05 39,06 39,07 39,08 39,09 39,10 39,11 39,12 39,13 39,14 39,15 39,16 39,17 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1044. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  40. 40,0 40,1 Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 134.
  41. 41,0 41,1 Топографска карта ЈНА 1:100.000.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]