Прејди на содржината

Лазар Томов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лазар Томов Крајнов
Роден 12 ноември 1878
Годлево, Отоманско Царство
Починал 3 март 1961
Софија, Кнежевство Бугарија
Народност Македонец

Лазар Томов Крајнов исто познат како “Хораци[1] (Годлево, 12 ноември 1878 - Софија, 3 март 1961) беше Македонски револуционер од Пиринска Македонија, беше член во МРО и раководител на Серскиот револуционерен округ. Лазар запишал неколку книги за Илинденското востание.

Детски години (1878 - 1889)[уреди | уреди извор]

Роден е во 1878 во малото село Годлево, Разлошко, Пиринска Македонија, во семејство со шест други деца, од кои четири машки и две женски. Татко му бил Тома Марков Крајнов кој работеше како револуционер со МРО. Мајка му беше Кипра Томова.[2]

Лазар се судри прв пат со Турската армија кога беше само десет години во 1888, група на 2-3 турски војници го зема неговиот татко и го однесоа во село Недобарско и го мачеле таму за три дена, после тоа се врати назад во Годлево. Заради овој случај Лазар се ориентирал кон анти-Отомански организаци[2]

Образование во Банско (1889 - 1892)[уреди | уреди извор]

Лазар Томов со други ученици кај средно школото во Банско

Во 1889 кога заврши основно образование во Годлево почнал да патува кон Банско за да добие средношколско проегзархиско образование. Заедно со Лазар околу осум други деца од Годлево дојдоа за средношколско образование во Банско.[3]

Со него беше познат Македонски опера пеачат од Пиринска Македонија Димитар Попиванов и нивниот наставник беше Симеон Попкостандинов. Тој имал други наставници како пример : Лука Поптеофилов (од градот Белица), Иван М. Бележков (од селото Годлево), Никола Иван Појаџиев (од градот Велес), Георги Басмаров (од градот Неврокоп) и други.[3]

Сите овие настанвици биле членови во Македонската револуционерна организација во Пиринскиот орган на организација и некој од овие наставници активно соработивале и учествувале во Илинденското востание и некој од овие наставници биле раководители во негој региони во Пиринска Македонија и Источна Македонија,[3]

Наставниците организирале часеви за неписмени и писмени ученици и секоја година на крајот на годината родителите на учениците ќе бидат покани за средба со сите наставниците од школото каде што најодличните ученици добиле книга за читање на крајот на годината, Лазар Томов доби неколку книги од неговите школски години[3]

Факултелско образование во Ќустендил (1892 - 1895)[уреди | уреди извор]

Лазар Томов со други ученици

Помеѓу 1892 - 1895 учел во педалошкиот факултет во Ќустендил, тој си го почнач неговиот пат кон Ќустендил околу август 1892 од наредба од еден од неговите професори кој беше Димитар Попиванов и со помош со Симеон Попкостандинов. си го почнач неговиот пат кон Ќустендил.[4]

Кога патувал низ Ќустендил тој поминал низ Благоевград и низ помалиот град Станке Димитров, кон крајот на август тие ќе стасат во Ќустендил но после требаше да се вратат назат. Во рано 1893 тие пак се вратиле во Ќустендил да се потпишат за училиште но кога ја поминувале границата со Турција и Бугарија се судрија со големо несогласување со војниците покрај границите но сепак на крајот биле пуштени да стасат покрај Ќустендил со другите ученици.[4]

Според Лазар бројот на ученици беше големо и привлекуваше внимание за да се потпишаат ученици од секаде околу Македонскиот регион но голем дел од нив биле ученици што завршиле средно школско образование во солунската машка егзархиска гимназија во Солун кој се преселиле во Бугарија за подобар услов за образование.[4]

Во факултетот голем број од наставниците биле членови на МРО и се бореле за ослободување на Македонија од Турската власт, еден од главните наставници беше познатиот македонски револуционер Стојан Заимов, кој работел за ослободувањето на Македонија.[4]

околу тоа оваа време Лазар Томов со други ученици го формирале младото Македонско Книжевно Здружение за литература на младата македонска генерација во Пиринска Македонија.[4]

Македонско Книжевно Здружение беше повеќе оринтирано кон социјализмот и комунизмот и ги шириле нивните про-социјалистички идеи во Пиринска Македонија, но заради нивните про-Македонски односи тие биле редовно нападната од про-Бугарски организаци или власти во Пиринска Македонија кој ја ширеле Бугарската пропаганда кон народот.[4]

Македонски наставник во градот Мехомија (1895 - 1898)[уреди | уреди извор]

Лазар Томов како учител во Мехомија

Откако заврши во Ќустендил тој патувал кон Мехомија за да се вработи во некое школо во Мехомија. Тој за да се вработи во егзархиско школо требаше да почне да соработува со Бугарската Егзархија и заради тоа тој во овој период беше Македонски Егзарх. Заедно со него другите наставници што се вработиле со него заедно некој од тие биле Иван Белешков, Петар Лачинов, Димитар Ш. Тасев, Георги Најденски и други.[5]

Само Лазар и три други наставници биле вработени со завршено средно школско образование, остатокот на наставниците биле вработени без средно школско образование. Од прво школото беше повеќе ориентирано кон бугарската пропаганда но со помош на Лазар Томов и други наставници тие успешно ја избркале влијанието на Бугарската Егзархија.[5]

После тоа тој станал еден од повеќето врховни наставници во школото, и тој редовно секоја неделе организирал екскурзи кон цркви низ градот и селата каде што ја ширил Македонскиот идентитет и соработувал со наставници за да ги научат учениците за тешката состојба на Македонците.[5]

Помеѓу школските години 1896 - 1897 тој се сретнал со Гоце Делчев во Банско сред екскурзи, заради тоа тој станал член во МРО и активно почна да соработува за народното ослободување на Македонија, тој исто почнал да соработува заедно со Гоце Делчев да го шират Македонскиот идентитет во Пиринска Македонија.[6]

Гоце Делчев го посетувал Лазар Томов во неговото школо секој понеделник и редовно соработувале заедно, имале и 2-3 средби каде што ја одлучуваа иднината на Македонскиот идентитет во Пиринска Македонија. Еден ден Гоце Делчев одлучи да остане цел ден покрај домот на Лазар, заедно со други наставници како Иван Белешков и Петар Лачинов.[6]

Во една средба Гоце Делчев извади пиштол, нош и книга каде што му кажал на Лазар Томов да рецитира тоа што е пишано во книгата, и тој ја земал книгата и го прочитал делот, тоа што го прочитал беше молитва кон Македонското Револуционерна Организација каде што пишува[6] :

„Се колнам во Бога, во мојата вера и во мојата чест дека ќе се борам до смрт за слободата на нашата Татковина Македонија и Одринско, дека безусловно ќе ги слушам властите и несомнено ќе ги извршувам неговите наредби дека никому нема да изневерам. или со збор или со дело, организациски работи и сè што од денес слушам, гледам и разбирам за случајот. Инаку нека ме убие некој од другарите, со револверот или со камата што ја бакнувам овде.“[6]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Ј. ВМОРО : псевдоними и шифри 1893-1934. София, Издателство „Звезди“, 1999. ISBN 954-9514-17. с. 100.
  2. 2,0 2,1 Тomov, Lazar : "Memories of the revolutionary activity in the Sersky district" Publishing House of the National Council of the Fatherland Front, 1952. c. 7.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Тomov, Lazar : "Memories of the revolutionary activity in the Sersky district" Publishing House of the National Council of the Fatherland Front, 1952. c. 7-8
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Тomov, Lazar : "Memories of the revolutionary activity in the Sersky district" Publishing House of the National Council of the Fatherland Front, 1952. c. 10
  5. 5,0 5,1 5,2 Тomov, Lazar : "Memories of the revolutionary activity in the Sersky district" Publishing House of the National Council of the Fatherland Front, 1952. c. 11
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Тomov, Lazar : "Memories of the revolutionary activity in the Sersky district" Publishing House of the National Council of the Fatherland Front, 1952. c. 12