Прејди на содржината

Струмички конгрес од 1904

Од Википедија — слободната енциклопедија

Струмички конгрес од 1904 година е конгрес на Струмичкиот револуционерен округ прв окружен конгре од многуте одржани по Илинденското востание на кој биле разгледувани голем број на прашања од кој најважно секако била идната дејност на самата Организација.

Во април 1904 година бил свикан конгрес во месноста Кулата на Огражденските планини на кој присусутвувале делегати од Струмичкиот револуционерен округ под претседателсво на Ѓорче Петров [1]. Главни прашања кој биле разгледани се независноста на Организацијата, одговорноста по Илинденското востание и односот кон Мирцштешките реформи.

Била осудена предвременоста на Илинденското востание, исто така биле осудени Солунскиот конгрес и Смилевскиот конгрес, а бил критикуван и Дамјан Груев поради тоа што го поддржал кревањето на востание.

Конгресот ја осудил дотогашната централизација на Организацијата и се побарало широка децентрализација.

Струмичкиот револуционерен округ изгласал недоверба на Христо Татарчев и Христо Матов, а за нови задгранични претставници биле предложени Пере Тошев и Димитар Стефанов.

Струмичкиот окружен конгрес е првиот конгрес кој се одржал по востанието и на овој конгрес првпат била резагледана работата на реформската комисија и каков однос да се заземе кон Мирцштешките реформи. Во однос на овие реформи Конгресот зазел негативен став при што било истакнато дека:

... мнозина се надевале дека реформите ќе донесат олеснување меѓутоа, напротив било констатирано дека реформите му ги одврзале рацете на Хилми паша и пред нивните очи се вршеле убиства, палежи и силувања од страна на турскиот аскер [1].

На окружниот револуционерен комитет особено му сметала работата на рускиот цивилен агент Николај Демерик кој му предложил на главниот инспектор Хусеин Хилми паша нова тактика за гонење и уништување на организациските чети.

Новата тактика која била предложена се сосотоела од палење на куќите во кои ќе се открие дека престојувале четите. Оваа тактика турската војска не ја применувала пред Илинденското востание, освен во текот на самото востание кога биле палени цела села, а вакавата пракса била прекратена со крајот на самото востание и доаѓањето на реформската комисија [1].

Затоа Конгресот решил да се даде видлив израз на народно негодување и незадоволство на цивилните агенти и странските офицери кој требало да учествуват во спроведувањето на реформите.

Конгресот го задолжил војводата Никола Жесков да изнајде луѓе и да подметне мина на товарниот воз на железничката станица во Удово.

Овој Конгрес минал под влијание на софиските советувања и Директивата на Димо Хаџи Димов со што започнал процесот на демократизација и децентрализација на Организацијата со што се влијаело и врз другите окрузи вклучително и на Битолскиот револуционерен округ да се зазеде таков став, треба да се истакне дека Протоколот на Струмичкиот окружен конгрес бил пронајден во архивата на Христо Узунов [2].

  1. 1,0 1,1 1,2 Глигор Тодоровски, Реформите на големите сили во Македонија (1829-1909), Реформите на големите сили во Македонија по Илинденското востани, Скопје, 1984
  2. Ванчо Ѓорѓиев, Струмички окружеб конгрес на ТМОРО од 1904 година, Историја, XLI/1-2, Скопје, 2005