Прејди на содржината

Директива за идната дејност на Организацијата

Од Википедија — слободната енциклопедија

Директива за идната дејност на Организацијата со Упатства кон Директивата се програмски документи кој произлегле од радикално-реформската струја[1][2][3] на Македонската револуционерна организација.

Софиските советувања

[уреди | уреди извор]
Македонска револуционерна
организација (МРО)
Печат на Македонскиот комитет

По Илинденското востание во Софија се одржале првите повостанички советувања на Организацијата. Овие средби се случувале од декември 1903 до февруари 1904 година, на нив учествувале истакнати раководители, војводи и началници, главно прашање кое било разгледувано е каков да биде правецот на делување по неуспешното востание.

На овие советувања дошло до оформување на две гледишта, од кои подоцна ќе прозлезат две струи. Едната концепција била претставена од Христо Матов, кој се залагал за зачувување на централистичкиот принцип, а другата струја се залагала за децентрализација и демократизација на Организацијата.

На овие советувања преовладува концепцијата за децентрализација и демократизација предводена од серчани [4], отука произлегла Директивата за идната дејност на Организацијата со Упатства кон Директивата.

Директивата за идната дејност на Организацијата

[уреди | уреди извор]

Овие документи биле изработени од страна на една комисија во која влегле Димо Хаџи Димов, Димитар Мирасчиев и Димитар Стефанов. Директивата претставува прва пишана програма, политичка декларација за карактерот, структурата и целите на Македонската револуционерна организација. Во неа се одразени погледите на струјата која се залагала за децентрализација на Организацијата. Директивата се состои од III одредби кон кои се придодадени упатства за спроведување на самите одредби, додека пак упатствата се состојат од 12 точки во кои се истакнати самостојноста, независноста и демократијата како основни фактори за дејствување по Илинденското востание.

Одредба I

[уреди | уреди извор]
Востанието не треба да се преодредува и натура од одделни личности, тоа треба да се диктира, главно, од внатрешните услови на развојот на организацијата.[3]

Одредба II

[уреди | уреди извор]
Во иднина, без да се определува моментот на Востанието, треба да се работи за закрепнување и засилување на Организацијата.[3]

Упатства

[уреди | уреди извор]
Решението на македонското прашање се гледа преку оформување на Македонија како самостојна политичка единица во рамките на една балканска федерација, затоа да се агитира врз меѓународна основа и да се неутрализираат пропагандите, обединување на населението во Македонија околу идеалите на Организацијата со што ќе се отстрани опасноста од поделба на Македонија од страна на балканските држави.[3]

Директивата не била обврзувачки документ меѓутоа таа имала големо влијание во понатамошните случувања во самата Организација, а овој документ ќе биде основата околу кој ќе се обедини и дејствува реформската струја.

  1. Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)
  2. Во постарата литература првата групација се нарекува левица, а втората како десница.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Димо Хаџи Димов, Одбрани дела, уредник Манол Пандевски, Скопје, 1984.
  4. Димитар Димески, „Македонската револуционерна организација по Илинден (во пресрет на окружните конгреси)“, Годишен зборник на Филозофски факултет, книга, 19 (45), Скопје, 1992.