Прејди на содржината

Последна обиколка на Гоце Делчев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Последната обиколка на Гоце Делчев е агитација во Серскиот револуционерен округ за агитација на новата концепција за борба во предилинденскиот период, а при оваа обиколка Гоце Делчев бил убиен во селото Баница.

Новата концепција за борба

[уреди | уреди извор]
Македонска револуционерна
организација (МРО)
Печат на Македонскиот комитет
Гоце Делчев

На Софиското советувње Гоце Делчев се заложил за кобинирани борбени дејствија, односно партизанско - анархистички акции и тој не го сочекал крајот на советувањето во Софија и веднаш заминал за Серскиот револуционерен округ да демонстрира новата концепција за борба. Тој собрал чета од 40 души [1], а во неа биле Пејо Јаворов, Димитар Стефанов, Димо Хаџи Димов и други. Најпрво поминале во Банско, а на тамошниот собир Делчев зборувал за:

слободана и независна Македонија со широки правa за сите сиромаси[2]

Тој истакнал дека борбата треба да се води со терористички акции и четнички дејствија, како подотовка за крајното средство - масовно вооружено востание. Делчев го осудил Горноџумајското востание и го оценил како провокација која претставувала предавство кон македонскиот народ [2], велејќи дека:

Ако се бориме за цар, тогаш ние си го имаме султанот[2]

Советувањето во Караќој - Неврокопско

[уреди | уреди извор]

Делчев од Банско тргнал за Неврокоп, на пат разбрал за одлуката на Солунскиот конгрес за востание. Делчев бил опседнаат со претпоставката околу причините кои довеле до таа одлука [3]. Во селото Караќој - Неврокопско се одржало советување на војводите од Серскиот револуционерен округ. На ова советување биле: Димитар Гуштанов, Атанас Тешовалијата, дедо Илија Крчовалијата, Јане Сандански, Христо Куслев, Михаил Чеков, Пејо Јаворов, Иван Атанасов Грчето и др [4]. На една затворена средба помеѓу Делчев, Јаворов, Гуштанов и Сандански било договорено да се вложат усилби за измени на Солунското решение, алудирајќи на карактерот на дејствата [5].

Мостот на Драматица

[уреди | уреди извор]
Гоце Делчев со Серската чета

Делчев предноста на својата концепција за востание сакал да ја демонстрира преку преку извршување на атентат [3]. Тој имал на располагање четири товари на распрсувачки материјал [1]. Дел од овој материјал бил искористен за еднонеделна обука на серските чети во пештерата Кепе на Али Ботуш [1].

Делчев во почетокот сакал да го разнесе мостот на Струма во Демихисарско, но тој бил добро обезбедуван и затоа заминал за Драмско каде на 18/19 март бил разнесен мостот на Драматица (Ангиста), дел од тунелот, била прекината железничката линија и две телеграфски лини [3]. Делчев му пишал на Пејо Јаворов сета акција во весникот Слобода или смрт да ја прикаже како дело на Организацијата, а не како на чета.

Овој став на Делчев не претставувал скромност, туку желба за промовирање на новата тактика од името на целата Организација [5]

Средбата со Даме

[уреди | уреди извор]

По акцијата Лазар Димитров го известио Делчев дека Даме Груев бил амнестиран и дека се наоѓа во Солун. Делчев веднаш заминал на средба со Груев. За Даме Груев прашањето за востанието били завршена работа и дека доцна беше да се расудува, а за средбата со Делчев тој вели:

Правеше приговори, главно наоѓаше дека Серскиот санџак наполно е лишен од оружје. Ние го утешивме со ветување дека ќе се достави потребното оружје... Делчев се успокои [5]

Делчев пред Лазар Димитров изјавил дека со Груев се разбрале востанието да биде четничко-партизанско, меѓутоа пак Христо Поп Коцев истакнува дека Делчев и Груев за востанието разговарале долго и широко, а Делчев повеќе клонел кон партизанско-терористички акциии. Груев и Делчев исто така се договориле самото востание да се одложи за подоцна и во таа смисла: Груев требало да го анимира Конгресот на Битолскиот, а Делчев на Серскиот револуционерен округ [5].

Конгресот на Серскиот револуционерен округ бил закажан по Ѓурѓовден на Али Ботуш [3]. На пат за таму Гоце Делчев поминал во Баница, таму го пречекале Димитар Гуштанов и Георги Бродалијата. На 3 мај во врска со Солунските атентати Делчев изјавил:

Ги разиграфме анамите со широките шалвари во Солун, така ќе ја растресеме целата турска гнила империја од темел[6]

Таа ноќ Баница била опколена од аскерот, а следно утро почанал претресот на куќите и започнала битка во која меѓу првите загинал Гоце Делчев.

  1. 1 2 3 СПОМЕНИ НА ИВАНЪ АНАСТАСОВЪ ГЪРЧЕТО
  2. 1 2 3 Андонов Х. Полјански, Гоце Делчев во спомените на современиците, Скопје, 1963
  3. 1 2 3 4 ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, Пейо Яворов, Първо издание - София, 1904 година
  4. спомени на Яне Сандански... Ив. Анастасовъ Гърчето... съобщава Л. Милетичъ
  5. 1 2 3 4 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
  6. Последнитъ часове на Гоце Дълчевъ, Ил. Илинденъ, V/5(45), София, 1933