Правилник на ТМОРО

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Правилникот на ТМОРО е нормативен акт на Македонската револуционерна организација донесен по Солунски конгрес од 1896 година.

Особености[уреди | уреди извор]

Дел од серијалот
Македонска револуционерна организација
Печат на Македонскиот комитет

Најголемиот дел од македонските историчари сметаат дека на Солунскиот конгрес во 1896 година било одлучено да се создаде нов Устав и нов Правилник.

Новиот Устав и Правнилник билe изработени од страна на Гоце Делчев и Ѓорче Петров во Софија 1897 година [1]. Тие биле изработени врз основа на постарите акти, но сега се дал акцент на конгресните одлуки од 1896 година.

Правилникот се сосотоел од 48 члена поделени во 10 глави.

Во нив се разработени правата и должностите на: глава I - Централниот комитет , глава II - Селски, околиски и окружни комитети, глава III - Должности на началниците на групите, глава IV - должноста на работниците - членовите, глава V - Коресподенција, глава VI - Тајна пошта, глава VII - Тајна полиција , глава VIII - Казни, глава IX - Воружување, глава X - Материјални средства на комитетот.

Глава I[уреди | уреди извор]

Член 1. Централниот Македоно-Одрински Револуционерен Комитет се состои од:
1. Претседател
2. Секретар
3. Благајник и неколку членови на советници

Глава II[уреди | уреди извор]

Член 3. Револуционерните комитети се должни да се стремат колку што е можно повеќе за распространувањето на револуционерните идеи во нивниот реон, да се грижат за воведувење на строг ред во работите, да ги воружуваат посиромашните работници, да се грижат за доставување на потребното оружје, зголемување на матерјалните средства и воопшто за сето она од кое зависи успехот на револуционерното дело во нивниот реон. Покрај тоа тие треба да ги уредуваат и приватните расправии на членовите. Грижата и одогворноста за сите тие работи се споделува подеднакво од сите членови на управното тело.

Глава III[уреди | уреди извор]

Член 13.
1.Началниците (или десетарите) на групите во месните организации се должни: да им ја предаваат на своите потчинети групи задачата поставена од раководителот или посредникот.
2. да му јавуваат раководителот или на посредникот секоја недела за положбата на групите во секој однос: за дисциплината, за оружје и др.
3. да се грижат да се држи во исправност оружјето на борците.
4. да ги собираат секоја недела редовно своите потчинети и вонредно - секогаш кога за тоа ќе има потреба, за да ги пучуваат, исто така што им даваат и читаат револуционерни книги и вопшто да им го засилуваат револуционерниот дух на разни начини.
5. да ги собираат месечните влогови и доброволна помош на своите потчинети и да му ги предаваат на раководителот или посредникот
6. да го следат поведението на работниците и особено оние нивни постапки што можат да бидат штетни за делото.

Глава IV[уреди | уреди извор]

Член 14. Нови членови се примаат само со препорака на некој стар член и со дозвола на раководителот
Член 15. Секој член пред стапување во организацијата треба да положи клетва, која гласи: Се колнам во бога, во верата и во својата татковина Македонија и Одринско, дека безусловно ќе се покорувам на старешините и без приговор ќе ги извршувам неговите заповеди, дека никому нема да му ги издавам ни со збор, ни со дело работите на Организацијата и сето она што од денес натаму ќе го чујам, видам и разберам по делото. Во противен случај, нека бидам убиен од еден од другарите со револверот или камата што овде ги целивам. Клетвата се дава пред евангелие, револвер, кама или какво било оружје што ќе се најде, трипати се поклонува, се целиваат наброените работи, кои по клетвата пак се целиваат. Клетвата може да се даде пред кој и да било член на комитетот.

Глава V[уреди | уреди извор]

Член 24. Коресподенцијата помеѓу комитетите се води секогаш со хемиско мастило и со примена на шифрирана азбука, која ќе ја знаат само помошникот и раководителот и се испраќа со тајна пошта. Во адресите, обраќањата и друго секој пат треа да се употребуваат псевдонимите.

Глава VI[уреди | уреди извор]

Член 26. За сигурно водење на коресподенцијата, секој комитет си има своја тајна пошта.

Глава VII[уреди | уреди извор]

Член 31. Секој комитет има тајна полиција која се состои од две оделенија: истражно и казнено...

Глава VIII[уреди | уреди извор]

Член 41. Смртните казни се извршуваат од месната тајна казнена полиција или од тајни пратеници на ЦК. Тие се вршат со претходна дозвола на Централниот комитет. Исклучок се прави за докажани шпиони и предавници кои можат да бидат убиени само по решение на месните комитети.

Глава IX[уреди | уреди извор]

Член 42. Секој член треба да биде снабден со пушка, а таму каде што е тоа можно со - и со револвер и кама.

Глава X[уреди | уреди извор]

Челен 48. Секој комитет задолжително го испраќа во благајната на ЦМОРК третиот дел од собраните пари заедно со сметките, тие се должни да внесуваат во касата на Централниот комитет еднобразно и останатиот дел од парите кога ќе се побараат.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Ѓорче Петров, Спомени. Коресподенција... 84.

Литература[уреди | уреди извор]

  • д-р Владимир Картов, Практикум по историја на државите и правата на народите во Југославија, Скопје, 1894