Битка кај Могила

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:МРО Битката кај Могила е судир помеѓу чета на Македонската револуционерна организација на чело со војводата Параскев Цветков и турскиот аскер кај селото Могила, Битолско.

Битката[уреди | уреди извор]

Битката се водела помеѓу војводата Параскев Цветков чија чета броела 20 души и турската жандармерија и војска.

На 20 мај 1903 година четата бил предадена по што наспроти ноќта на 21 мај била опколена од страна на турските сили.

Војводата Цветков бил предупреден дека е предаден но тој одбил да го напушти селото и решил да се бори. Битката започнала на 20 мај, а следниот ден Турците донеле артилерија [1].

Во текот на Битката загинале 13-14 чтници и самиот војвода Параскев Цветков.

Загинатите биле погребани покрај олтарот на селската црква во зедничка гробница.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933. (бугарски)