Битка на Ножот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Врвот Ножот по битката.

Битка на Ножот — најголемата и најкрвавата битка водена од Четничкиот институт на Македонската револуционерна организација во периодот по Илинденското востание. Битката се одиграла на 14 јули 1907 година на врвот Ножот, во близината на селото Ракле, Прилепско, а огласот и фотографиите се разнеле ширум светот.

Причина[уреди | уреди извор]

По Илинденското востание бугарската, српската и грчката вооружена пропаганда во Македонија се засилуваат. На Рилскиот конгрес кој се одржал во септември 1905 година е донесено решение да им се даде решителен отпор.

Од средината на мај 1907 година четата на Тане Николов е по должината на планината Бабуна, а од месец јуни и 50-члената чета на Михаил Чеков и 30-члената костурска чета на Христо Цветков.

На четата на Тане Николов се приклучува и прилепскиот околиски војвода и член на окружниот комитет Петар Ацев. Кон нив се упатуваат и четите на Иван Наумов и една прилепска реонска чета на чело со Мирче Најденов.

Во регионот се концентрираат вкупно нешто повеќе од 150 комити и скоро 150 лица селска полиција од околните села. Главна цел на Обединетата чета под водство на Тане Николов е чистење на селата во Бабуна планина од србоманските шпиони и конечно уништување на српската пропаганда.

Србоманите од своја страна испраќаат агенти во Битола, Прилеп, Воден, Лерин, Тиквеш и Велес за да ги предадат на турските власти македонските чети во селото Никодин. По 10 јули турските војници се распоредуваат во целиот регион.

Подготовка[уреди | уреди извор]

Битолската чета на Тане Николов

Донесено е решение главнината да се подели на неколку помали чети, кои заземат позиции околу Никодин. Распределбата е на следниов начин: едно одделение од 40 лица зазема позиција над самото село, друго одделение од 100 лица, кое го сочинуваат главниот дел од комитските сили, се распоредува на падините помеѓу село Никодин и село Содржи. Трета единица од 45 лица од Костурската чета (30 луѓе) на чело со Христо Цветков и комити од четите на Михаил Чеков и Мирче Најдов зазема позиција на скалата Ножот над селото, другите две групи (од 8 лица) комити на чело со локалните војводи Секула Ораовдолски и Велко Попадиски се сместуваат под планината Асенова глава каде треба да го чуваат патот меѓу селото Никодин и село Владиловци, последната група се состои од четите на Тане Николов и Петар Ацев, заедно со селската полиција се височината Попадиските чукари.

На 13 јули војводите се собираат на совет. И покрај одлуката на прилепскиот градски окружен комитет четите да се повлечат, војводите одбиваат и се подготвуваат за отпор на турскиот аскер.

Битката[уреди | уреди извор]

Костурската чета на Христо Цветков

Утрото на 14 јули турски аскер се насочува кон врвот Ножот со цел да го опколи комитите, a друга група турски војници од исток отвара оган во главната команда.

Комитите кои се наоѓаат на Ножот, отвараат оган по турскиот аскер. 18 комити се искачуваат и ги заземаат североисточните падини на самиот врв. Нивната позиција не им дозволува да гледаат што се случува на другите падини. Турските сили почнале да заземаат позиции околу самиот врв и да го обиколуваат.

До пладне пристигнуваат нови турски единици на чело на Енвер бег. Турска чета ги напаѓа другите 18 млади луѓе на североисточните падини, притиснати и од исток од аскер, сите паѓаат убиени, што го отвора патот за силен напад на Ножот.

Со 7 бомби четниците на Ножот се самоубиле. Четата на врв Асенова глава ги одбива нападите од село Смиловци и се повлекува. Четите на Михаил Чеков и Велко Апостолов - Попадиски се повлекуваат од Попадиската река во правец на село Подлес.

Со падот на ноќта четите се повлекуваат и турските војници им ја губат трагата. Во следните неколку дена аскерот наоѓа и убива неколку изгубени и повредени четници.

Епилог[уреди | уреди извор]

Вкупниот број на загинатите комити во областа на планината Ножот е 67. Од нив 45 загинуваат на самиот врв, други 10 се убиени во подножјето на планината Асенова глава, 6 лица паѓаат при повлекувањето од врвот, 1 е убиен на Мирчовата ледина, 4 комити се опколени во една плевна - двајцата се убиени, а другите двајца (повредени од претходниот ден) се изгорени живи, еден фатен комита е обесен по два дена во Велес.

По заземањето на Ножот, турците се изживуваат врз загинатите комити, но Енвер бег го запира сето тоа и наредува почесен закоп во чест на храбрите борци. Телата на комитите по негова наредба се закопани во близина на врвот од локалните селани. Поради каменестата почва и недостатокот на земја тие се затрупани со камења и долго потоа делови од телата на комитите се разнасувани низ околината од диви животни и кучиња [1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]