Смиловци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Смиловци
Село Смиловци (2).jpg

Новоизградени куќи во селото

Смиловци is located in Македонија
Смиловци
Местоположба на Смиловци во Македонија
Координати 41°29′31″N 21°41′36″E / 41.49194° СГШ; 21.69333° ИГД / 41.49194; 21.69333Координати: 41°29′31″N 21°41′36″E / 41.49194° СГШ; 21.69333° ИГД / 41.49194; 21.69333
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Čaška Municipality.svg Чашка
Област Клепа
Население 20[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1414
Повик. бр. 043
Надм. вис. 410 м
Смиловци на општинската карта
Смиловци во Општина Чашка.svg

Атарот на Смиловци во рамките на општината
Commons-logo.svg Смиловци на Ризницата


Смиловци — село во областа Клепа, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Патоказ за селото Смиловци

Селото се наоѓа во областа Клепа, во југоисточниот дел на територијата на Општина Чашка, во средното сливно подрачје на реката Бабуна, недалеку од поранешниот регионален пат Велес-Прилеп.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 410 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 31 километар.[2]

Селото се наоѓа на планината Бабуна, во подножјето на Штрби Камен. Поставено е кон северозапад и опкружено е од сите страни со планини така што климата е невообичаено блага за околното поднебје.

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Смиловци било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 14,7 км². На него преовладуваат шумите на површина од 1.126 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 186 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Смиловци имало 350 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смиловци имало 216 жители.[4]

Селото е мало, во фаза на целосно раселување, населено со македонско население. Во 1961 година селото броело 190 жители, а во 1994 година бројот се намалил на само 19 жители.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Смиловци живееле 20 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 350 216 168 184 190 85 36 24 19 20
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Извор.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Чашка во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Извор.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Смиловци, се наоѓале и селата Владиловци, Долно Врановци, Извор, Крњино, Мартолци, Поменово, Попадија, Стари Град и Степанци. Општината Извор постоела и во периодот 1950-1952 година.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во рамки на изборното место бр. 2244 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селски објект во селото Владиловци, во кое влегуваат и населените места Владиловци, Крнино, Поменово, Попадија и Степанци.[8]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 49 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[10]
Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 27 август 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 277. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 27 август 2018 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 158.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 118-119.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  8. „Описи на ИМ“. конс. 27 август 2018. 
  9. „Локални избори 2017“. конс. 27 август 2018. 
  10. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]