Битка кај Трсје

Од Википедија — слободната енциклопедија

Битката кај Трсје е битка помеѓу четата на Македонската револуционерна организација на чело со војводата Марко Лерински против османлискиот аскер.

Битката[уреди | уреди извор]

Битката започнала на крајот од мај 1902 година во селото Трсје, Леринско кога турската војска влегла во селото за да ги разоружа тамошните селани. Турската потера ја открила четат на Марко Лерински и костурските раководители Пандо Кљашев и Васил Чакаларов по започнало пукањето. Битката траела неколку часа по што четата успеала да се извлече без загуби, а османска страна загинале 7 војници [1]. Поради судириот турската власт привела 120 селани, а однив 30 биле одведени во битолскиот вилаетски затвор.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933. (бугарски)

Предлошка:МРО