Битка кај Арменско

Од Википедија — слободната енциклопедија

Битката кај Арменско е борба помеѓу здружените чети на Македонската револуционерна организација и турската армија кај месноста Бигла во близината на селото Арменско, Леринско во текот на Илинденското востание.[1]

Битката[уреди | уреди извор]

Таа започнала на 17 август 1903 година и се водела помеѓу здружените чети од Леринско и Костурско, нивниот број изнесувал околу 300 - 400 души, тие се бореле против турскиот гарнизон кој се состоел од 250 војници, засилен со уште 2000 аскер. Битката се водела кај месноста Бигла и траела до ноќта кога османлиската војска се повлекла кон Лерин. Турците имале околу 100 загинати и 50 - тина ранети додоека пак востаниците имале 15 загинати и 33 ранети.[2] При повлекувањето османлиската војска го запалила селото Арменско притоа убивајќи 130 селани,[1] ранувајќи 33, а 15 моми биле обесчестени.[2]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и д-р (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 86. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. 2,0 2,1 Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933. (бугарски)

Предлошка:МРО