Битка кај Локвата и Вињари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битка кај Локвата и Вињари
Датум 31 мај - 13 јуни 1903
Место Д’мбени, Костурско
Завојувани страни
ВМРО Османлиска империја
Жртви и загуби
14 убиени 100-220 убиени

Битката кај Локвата и Вињари е борба помеѓу костурските чети на Македонската револуционерна организација и османлиската војска кај селото Д’мбени, Костурско, непосредно пред Илинденското востание.

Битката[уреди | уреди извор]

Битката траела од 31 мај до 13 јуни 1903 година, а повод за започување на битката е османлискиот напад на селото Смрдеш кој се случил на 8-9 мај при што изгореле 250 куќи, од вкупно 300, 85 души биле убиени, а 50 ранети. Затоа војводите Пандо Кљашев и Васил Чакаларов на 31 мај ги нападнале турските сили. Најжестоките борби се воделе на врвовите Локвата и Вињари.[1] Ноќта комитите се повлекле оставјќи зад себе 14 мртви, а некој од нив се самоубиле за да не бидат заробени. Османлиите имале околу 100 загинати.

Лазар Поп-Трајков оваа велика битка ја овековечува во неговата песна „Локвата и Вињари“.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933. (бугарски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]