Битка кај Маргара
Изглед
| Битка кај Маргара | |||||
|---|---|---|---|---|---|
| Дел од Илинденското востание | |||||
|
|||||
| Завојувани страни | |||||
| Македонска револуционерна организација | |||||
| Команданти и водачи | |||||
| Ѓорче Петров Лазар Поп Трајков Иван Попов | |||||
| Сила | |||||
| 140 | 5,500 | ||||
| Жртви и загуби | |||||
| 4 загинати 8 ранети | 200-400 загинати | ||||
Битка кај Маргара e борба водена помеѓу здружените чети на Македонската револуционерна организација против османликата војска кај село Чаниште, Мариовско во екот на Илинденското востание.
Битката
[уреди | уреди извор]Битката започнала утрото на 2 октомври 1903 година. Здружените чети (околу 140 души) на чело со Ѓорче Петров, Лазар Поп Трајков, Иван Попов, Лука Иванов и Јован Иванов (Црногорец) го зазеле врвот Марагара и започнале борба со една пешадиска бригада која се состоела од 5 500 турски војници. Четите успешно ги одбивале нападите по што се повлекле преку Црна Река [1]. Востаниците имале 4 загинати и 8 ранети додоека пак Турците имале загуби од околу 200 - 400 души. Оваа битка била една од најголемите битки водени во Прилепско во текот на Илинденското востание.
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Пандев, Манол. Македонското ослободително дело во XIX и XX век, II, Скопје, 1987