Мацанова афера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонска револуционерна
организација (МРО)
Печат на Македонскиот комитет

Мацановата афера е афера на Македонската револуционерна организација, се разврзала 1906 година во Солун. Започнала откако во рацете на властите случајно се нашол „дневникот“ на локалниот учител Андреј Мацанов во кој тој пишувал се што знаел или сака да знае за видните дејци Организацијата во Солун и околните градови. Фактите или личните проценки на учителот, напишани во овој дневник, станале причина за притвор на 36 наставници. За да не бидат уапсени, многу избегале надвор. Мацановата афера нанела удар на училиштето дело во Солун, на окружниот, околискиот и месниот комитет на Организацијата [1]

Број Име Родно место Дожност Пресуда
1 Петар Раков Пештера учител вечен темничен затвор
2 Александар Димитраков Крива Паланка - вечен темничен затвор
3 Константин Мацанов Велес - испратен на лечење во болница за душевно болни во Цариград
4 Димо Тртопов Ениџе Вардар - 4 години затвор
5 Христо Динев Ениџе Вардар - 4 години затвор
6 Владимир Пуздерлиев Штип - 3 години затвор
7 Милан Штип - 3 години затвор
8 Иван Сапунаров Загоричани учител во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ ослободен
9 Калејчов[2] - учител во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ ослободен
10 Атанас Јаранов Кукуш учител во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ ослободен
11 Мирчев[3] - учител во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ ослободен
12 Лука Перфанов Панаѓуриште учител во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ ослободен
13 К. Георгиев - учител во Битолската машка гимназија ослободен
14 Љубомир Драндаров Ресен студент ослободен
15 Борис Гавазов - - ослободен
16 Кочо Хаджитонев - - ослободен
17 Вангел Сечков - - ослободен
18 Христо Јанков - - ослободен
19 Мише Ставрев - - ослободен
20 Мицо Ковачев - - ослободен
21 Еврејче Солун - ослободен

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Куманов, Милен. Македония. Кратък исторически справочник, София, 1993, стр. 163.
  2. Вангел Калејчев или по-веројатно Благој Калејчев.
  3. Спиридон Мирчев или Димитар Мирчев.