Битолска машка гимназија
Битолска бугарска класична гимназија | |
---|---|
Местоположба | |
Информации | |
Основано | 1899 |
Затворено | 1913 |
Запишани ученици | 212 (1899/1900)[1] |
Битолска машка гимназија, или Битолска бугарска класична гимназија ( бугарски: Битолска българска класическа гимназия) била една од поголемите образовни центри на Бугарската егзархија и бугарската пропаганда во Македонија, но во почетокот на 20 век таа одиграла важна улога во развојот на макеоднското револуционерно движење, во гимназијата како учители работеле голем број на македонски револуционери: Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев и други [2]. Била создадена со содејство на Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, во учебната 1899-1900 година кога класичниот одел при Солунската гимназија бил преместен во Битола.
Дејност
[уреди | уреди извор]Прв директор на училиштето е Антон Поп Стоилов во 1899 година, по скандалот со него Христо Матов ја напуштил гимназијата. Во 1900 година на зградата на училиштето била реновирана. Таа набргу станала револуционерно жариште и се развила силна револуционерна дејност. Даме Груев се вработил како учител и формирал училиштен кружок преку кои ја ширел револуционерната идеја [3]. Во учебната 1899-1900 година во гиманзијата предавале Михаил Герџиков, Петар Мартулов и Васил Пасков [4], Јордан Бомболов и Мехмед ефенди [5]. Присуството во гимназијата на Даме и другите членови на Организацијата, придонело учениците да се револуционизираат. Најдобро состојбата ја претставува Христо Силјанов, самиот ученик во VII завршен клас, во едно писмо во кое пишал:
- Дваесет и четири младинци ја поминавме во Битола последната година од школувањето. Повеќето од половината сме покрстени... Ние постојано се среќаваме со нашите учители. Ние сме нивни другари. Одиме кај нив секоја недела на гости, зборуваме со нив на ти, пушиме со нив, дури ги полниме табакерите со нивниот тутун. И сме горди, горди, што не третираат како зрели мажи, како револуционери, соборци... Ние знаеме дека револуционерот значи нешто како аскет, одрекувач од сите удопства и на секоја лична среќа. Затоа никој од нас нема да се ожени и да заврти дом и куќа. Никој нема да ја напушти Македонија, никој нема да замине за да го продолжи своето образование. Кој ќе се ожени или ја напушти Македонија, или ќе пристапи во универзитет, тој ќе биде подлец, предавник. Македонија не може да чека, таа нема потреба од помошта на оние кои ја ставаат универзитетската диплома погоре од потребата за нејзина слобода, таа ги одбива и проколнува оние коишто ја заменуваат со друга љубовница. Нашиот учител Даме Груев за нас е пример на самоодречен жрец за Македонија, олицетворение за револуционерен аскетизам [2].
Под влијание на Македонската револуционерна организација дошло со училиштен бунт. Поводот за започнување на бунтот во битолската гиманзија се случил при прославата на празникот св. Кирил и Методиј на 23 мај 1899 година. Митрополитот Григориј одржал беседа за браќата Кирил и Методиј, а по него се обратил и в.д директорот Стоилов, меѓутоа тој бил насилно прекинат од учителот по историја Иван Цоков. Тој во своето обраќање ги искритувал претходните говорници и побарал:
- црковните книги да се преведат од црковнословенски на месниот дијалект [6].
Дополнително Цонев побарал македонскиот народен говор да биде воведен во училиштата и црквите на местото на бугарскиот литературен јазик [7]. На ваквиот настап реагирал митрополитот Григориј и следниот Иван Цоков останал без служба. Оваа случка била повод на 26 мај 1899 година да дојде до бунт во кој предводничка улога имале учителот Андон Димитров и учениците Милан Матов (братот на Христо Матов и Нестор Поповски. Меѓутоа треба да се истакне дека најверојатно зад целиот бунт стоел Даме Груев иако тоа никаде не се спомнува во официјалната егзархиска документација [8].
Бунтот довел до целосна блокада на гимазијата и пансионот. Затоа митрополитот Григориј побарал вилаетската полиција да интервенира но до тоа не дошло. Меѓутоа бидејќи и учителите биле замешани Егзархијата го суспендирала целиот учителски кадар во Битолската гиманзија, а со посебно циркуларно писмо под број 2784 од 24 август (стар стил 1899 година исклучила 18 ученици засекогаш од сите егзархиски училишта.
Есента 1902 година наставник по бугарски јазик и литература бил Крсте Мисирков. Други професори биле Атанас Јаранов - историчар, Панчо Здравев - математичар, Емануел Љапчев, наставник по турски јазик, и Парашкев Цветков по музика [9]. Во учебната 1909 година бројот на дипломираните ученици во Битолската гимназија класична биле 194, а само 16 лица се испадна од различни причини [10].
Во Битола работела и Битолската бугарска женска гимназија, а директор за кратко време бил Ефтим Спространов, во 1913 година двете гимназии биле затворени.
Учители
[уреди | уреди извор]- Антон Кецкаров - настојник
- Антон Поп Стоилов (1899) - директор
- Димитар Стефанов (1900-1901) - директор
- Атанас Јаранов
- Васил Пасков
- Ангел Воденичаров
- Ѓорче Петров
- Даме Груев
- Емануил Љапчев
- Јордан Бомболов
- Крсте Мисирков
- Крстјо Капиданчев
- Мехмед ефенди
- Михаил Герџиков
- Никола Грков (1905-1906)
- Никола Јанишлиев
- Панче Здравев
- Парашкев Цветков
- Пере Тошев
- Петар Мартулков
- Петар Станков
- Христо Влканов (1905)
- Христо Матов
По истакнати ученици
[уреди | уреди извор]- Александар Евтимов, револуционер
- Александар Климов, револуционер
- Ангел Куртелов, револуционер
- Андреј Казепов, револуционер
- Арсени Јовков, револуционер и публицист
- Асен Татарчев, револуционер и лекар
- Атанас Љутвиев, револуционер
- Божин Талев, револуционер
- Владимир Карамфилов, револуционер
- Георги Баждаров, револуционер
- Георги Димев, револуционер
- Георги Сугарев, револуционер
- Дичо Андонов, револуционер
- Димитар Несторов, лекар
- Иван Далкалчев, револуционер
- Илија Балтов, револуционер
- Илија Талев, револуционер
- Илија Димушев, револуционер
- Јордан Бадев, критичар и публицист
- Кузман Стефов, револуционер
- Лазар Москов, револуционер
- Лазар Поп Трајков, револуционер
- Манол Розов, револуционер
- Никола Карев, револуционер
- Никола Киров, просветен деец
- Никола Хаџиташев, револуционер
- Панде Суџов, револуционер
- Пандо Кљашев, револуционер
- Тале Христов, револуционер
- Тодор Златков, револуционер
- Трпен Марков, револуционер
- Христо Силјанов, револуционер
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Статистика на българските училища в Турция (Македония и Одринско) за учебната 1899-1900 година. Пловдив, 1901, с. 85.
- ↑ 2,0 2,1 "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933.
- ↑ Баждаров, Георги, „Моите спомени“, София – 1929 г.
- ↑ „106 години от Илинденско-Преображенското въстание - Анархистът Михаил Герджиков“, в. „Свободна мисъл“, август 2009 г.
- ↑ Борис Николов, Владимир Овчаров, „Спомени на Владимир Карамфилов за просветното дело и революционните борби в гр. Прилеп“, ИК "Звезди", 2005, стр. 7
- ↑ Милан Матов, Спомен за Даме Груев, Даме Груев - живот и дело... I част
- ↑ С. Димески, Просветната политика на Егзархијата..., 48-49
- ↑ Димитар Димески, Македонското национално движење во Битолскиот вилает 1893-1903
- ↑ Трайков, Веселин, „Кръсте П. Мисирков и за българските работи в Македония“
- ↑ Галчев, Илия, „Българското самосъзнание на населението в Македония през Възраждането“, УИ "Св. Климент Охридски", 2005 г.
|