Табакера
Табакера[1][2] — џебна кутија што се користи за сместување на тутун или мал број цигари и спречување на нивно туткање. Типична табакера е рамна кутија (најчесто метална) што се отвора симетрично на две половини. Во секоја половина е сместен ред цигари, кои често се прицврстени со пружина или еластична лента. Некои табакери се едноставно цврсти кутии кои се користат за сместување на стандардни пакувања цигари.
Видови и употреби
[уреди | уреди извор]Во денешно време не сите табакери се метални, некои се и од пластика. Други доаѓаат со дополнителни функции, како што се вградени запалки или пепелници.
Во Соединетите Држави во 1920-тите и 1930-тите, типичните табакери содржеле 50 цигари. Поради оваа причина, тие понекогаш биле нарекувани „flat fifties“.[3]
Табакерите се модни додатоци во културата на пушењето. Како такви, тие можат да бидат направени од благородни метали, украсени со уметнички гравури, монограми[4] и накит. Петар Карл Фаберже, иако најпознат по своите Фабержеови јајца, исто така направил прекрасни табакери од злато и скапоцени камења за семејството на царот.[5] Некои (на пример, онаа што и припаѓа на Даниела Стил) се вели дека вреди 25.000 долари.[6][7]
Табакерите се исто така колекционерски предмети.
За време на двете светски војни, табакерите биле популарни кај војниците, а многу ветерани од Првата и Втората светска војна (на пример, Џејмс Духан) рекле дека табакерите им го спасиле животот со запирање на куршумите.[8]
Галерија на табакери од Музејот на тутунот во Прилеп
[уреди | уреди извор]-
Табакера во техника на филигран
-
Табакера од ниело
-
Табакера од ниело паста
-
Витрина со табакери
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „табакера“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „табакера“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ "Campus Publicity", January 28, 1935, Time
- ↑ B, Giorgio. „Dedications on silver cigarette boxes - an article on ASCAS: Association of Small Collectors of Antique Silver website“. www.ascasonline.org. Посетено на 2017-03-19.
- ↑ "Smoking Related Collectables" Архивирано на 9 март 2011 г., originally published in the UK monthly magazine What It's Worth?)
- ↑ Vickie L. Bane, Lorenzo Benet (1995) "The Lives of Danielle Steel: The Unauthorized Biography of America's #1 Best-Selling Author" ISBN 0-312-95575-8 p. 340
- ↑ „E-Cigarettes 95% Less Harmful Than Traditional Tobacco“. esigaret-kopen.nl (холандски). Архивирано од изворникот на April 29, 2017. Посетено на 2017-03-19.
- ↑ Day, Elizabeth (15 octobre 2003). „Film star glamour of cigarette cases hides truth for smokers“. The Daily Telegraph. Посетено на 2009-01-14. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)