Прејди на содржината

Пепелник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пепелник со запалена цигара

Пепелник — сад во кој пушачите ставаат пепел и отпушоци од цигари, пури и сл.

Многу пепелници имаат три засеци, од кои два се за цигари и еден за пури. Овие служат како лежишта за цигарите или пурите додека сѐ уште горат. Наједноставниот и најчестиот облик на пепелник е плиток цилиндар.

Меѓутоа ова не е единствениот дизајн за пепелници: бидејќи тие се широко распоростанета покуќнина, дизајните се најразновидни и понекогаш кичести. Други варијанти се автомобилски пепелници, како и оние во тоалети и други јавни места, поставени од општините за задржување на чистотата на градовите. Во Шпанија, некои пепелници се состојат од два дела кои се вклопуваат, каде долниот се полни со вода за гаснење на цигарата и пригушување на мирисот.

Пепелниците обично се прават од стакло, камен, керамика, порцелан или метали како сребро, злато и алуминиум; меѓутоа има и такви направени од дрво, мермер и глина.

На некои пепелници стои логото на некоја фирма и тие служат за репрезентација.

За време на 1950-тите и 1960-тите, на масите се поставувале мали лични пепелници на горната десна страна од секој гостин, зад чашите за вино и вода.

Отоманска Македонија

[уреди | уреди извор]

Пепелничето, познато и како пепеларниче, пепелотресник или табака, било изработувано од различни материја, најчесто дрво и метал. Металните пепелници биле со повеќе декорации, истакнувајќи статус на домаќинот. Металните пепелници најчесто биле по форма тркалезни. Често биле направени од помасивно парче бакар или друг метал. Најширокиот круг е поткренат во благо подвиткан чембер, односно овде тоа се истовремено и страните. Одвнатре пепеларничето често било украсено. На горниот раб често имало засеци за поставување цигари. [1]

  1. „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 102, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.

Поврзано

[уреди | уреди извор]