Кич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Слика Кучиња играат покер, пример на модерно кич-дело.
Чајник и бокал за млеко во облик на колиба
Примери на кич во архитектурата

Кич[1] (германски: Kitsch) – нисковредно творештво со уметнички претензии и цел да биде достапно на што поширок круг луѓе. Најчесто му годи на неразвиен вкус и извесни потреби на луѓето кои се на граница на вредносна и морална неприфатливост, но со силен емоционален набој. За заштита од негативното влијание на кичот во сите сфери на животот, поедини земјаземји прибегнуваат на поголем оданочување или забрана за дистрибуција на такви производи.

Дефиниции[уреди | уреди извор]

Постојат неколку карактеристични дефиниции на кичот и сите го опишуваат кичот како лоша појава, како Постоји неколико карактеристичних дефиниција кича и све оне описују кич као лошу појаву, као стока чија единствена цел е да се продаде, а некои кичот го опишуваат дури и како лага или слабост на уметникот и воопшто луѓето. Најголемиот број автори се сложуваат дека кичот е придружна појава на масовната култура, која голем број социолози ја изедначуваат со култура од најниско ниво нарекувајќи ја вулгарна. Доколку кичот се разгледува во поширока смисла, би можел да се изедначи со масовната култура, но во потесна смисла, тој се однесува само на уметноста и претставува снижување на нејзината вредност. Кичот се разликува од уметноста, но има и сличносто со неа.[2]

Карактеристики на кичот[уреди | уреди извор]

Вдовица, пример на кич од крајот на 19 век. Станува збор за литографија на хумористична слика на Фредерик Дилман.

Кичот е производ кој потсетува на уметност, бидејќи како неа е достапен за сетилата. Разликата е во тоа што кичот е лошо изведена уметничка замисла и најчесто е фалсификат на оригиналот кој се вреднува како уметничко дело. Тоа не значи дека кичот го создаваат луѓе кои се лишени од естетско искуство, напротив, често го прават самите уметници.[2]

Кичот е допадлив, без разлика за кој вид уметност станува збор. При создавањето кич се користат слатки бои или мелодии кои може да предизвикаат уживање и задоволство, но не и мисловен или духовен напор. Значи, кичот побудува површни и моментални чувства, како што се смеење или плачење при гледање некоја телевизиска мелодрама.[2]

Кичот постои благодарени на луѓето кои го купуваат, т.н. „кич-луѓе“ на кои им ги задоволува потребите.[2]

Кичот во поширока смисла[уреди | уреди извор]

Кичот може да се посматра и како манипулација со сите битни културни вредности, на кои им припаѓаат покрај уметноста, на пример, моралот, науката и религијата. На пример, многи списанијаи и весници често банализираат научните достигнувања за да ѝ ги приближат на масовната публика. Религискиот кич доаѓа до израз на гробишта каде понекогаш се градат некрополи слични на викендичка со телевизор, сметач и други нешта. Меѓутоа кичот може да има и позитивни ефекти, како впрочем и целосната масовна култура. На пример, некое лице читајќи напис за психоанализа во ревијален печат може да се заинтересира да прочита посериозна литература на таа тема, или гледајќи филм, да посака да го прочита оригиналното уметничко дело кое е снимен филмот. Заради тоа масовната култура се посматра и како облик на демократизација на културата.[2]

Примери[уреди | уреди извор]

Често употребните предмети како часовниците се произведуваат како кич така што истите се „вградуваат“ во некој лесно препознатлив облик, како што е тениски рекет или клуч. Во музиката многу често може да се пронајде кич, особено кај песните кои се банални. Италијанскиот култоролошки социолог Џило Дорфлес , на пример, ги критикиувал Рита Павоне и Битлсите карактеризајќи ја нивната музика како кич. По негово мислење, тие станале ѕвезди благодарение на својата облека, односно својот имиџ.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „кич“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Митровић, М. & Петровић, С. (1994) Социологија. Завод за уџбенике и наставна средства: Београд

Надворешни врски[уреди | уреди извор]