Пура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Палета на пури од разни марки
Прибор за пури од марката „Давидоф

Пура (од шпан. puro) е цврсто смотан сноп од сушен и ферментиран тутун, чиј крај се пали, така што чадот би можел да се вовлекува од пушачот преку устата во неговите дробови. Многу пушачи на пури волекуваат само малку, а најголемиот дел го испафкуваат.

Тутун за пури се одгледува во големи количества во Бразил, Камерун, Куба, Доминиканската Република, Хондурас, Индонезија, Мексико, Никарагва и САД. Насекаде се смета дека пурите произведени во Куба се најдобрите, благодарение на уникатните одлики на регионот Вуелта Абахо, во покраината Пинар дел Рио западно на островот, каде микроклимата овозможува одгледување на убедливо најдобриот тутун, како и на вештината на кубанските изработувачи на пури.

Историја[уреди | уреди извор]

Претседателот Тито со својата вообичаена пура

Потекло[уреди | уреди извор]

Домородците на Карпиското Море и Средна Америка пушеле пури уште од 900-тите години н.е., како што може да се види по керамичкиот сад најден на мајанско археолошко ноѓалиште во Уаксактун, Гватемала, кој е украсен со насликан човек кој пуши примитивна пура. Ѓеновскиот истражувач Кристофер Колумбо го донел тутунот во Европа.

Двајца морнари од брод на Колумбо при патувањето во 1492, Родриго де Херес и Луис де Торес, впловиле во Куба и пробале од тутунот кој бил завиткан во пченкарни лушпи, и така станале првите Европејци-пушачи.

Во XIX век, луѓето претежно пушеле пури, додека пушењето на цигари било компаративно ретко. Произведувањето на пури била важна индустриска гранка и фабриките вработувале голем број на луѓе пред механизацијата. Меѓутоа, сите висококвалитетни современи пури сѐ уште се виткаат рачно; на некои кутии може да се најде фразата Hecho a Mano, „Рачно изработено“, како доказ.

Изработка[уреди | уреди извор]

Рачна изработка на пури

Тутуновите листови се берат, и созреват по процес кој е комбинација од топлина и сенка за наламување на количеството на шеќер и вода без поголемите листови да загнијат. Овој прв дел од процедурата се нарекува сушење Архивирано на 31 август 2004 г., и трае од 25 до 45 дена. Времетраењето на сушењето варира во голема мера, зависно од климатските услови, како и конструкцијата на плевните или амбарите каде се складира обраниот тутун. Процесот на сушење зависи и од типот на тутунот, и бараната боја на листот. Вториот дел од процесот, наречен ферментација Архивирано на 31 август 2004 г., се врши под такви услови кои му овозможуват на листот да умре полека и нежно. Температурата и влажноста мора да се контролираат за да се обезбеди ферментацијата на листот, без истоти да загние или да се распадне. Токму тука се добиваат одликите на листот како аромата, горењето и букетот.

Штом листовите се одлежани, тие се сортираат Архивирано на 31 август 2004 г. за употреба како полнетица или омот, зависно од нивниот изглед и севкупен квалитет. За време на овој процес, листовите постојано се навлажнуваат и се ракуваат со внимание за најдоброто искористување на секој лист во зависност од неговиот квалитет. Листовите потоа се балираат, се прегледуваат, се одбалираат, повторно се прегледуваат, и пак се балираат-така сè додека процесот не заврши. Кога листовите се одлежани (узреани) по инструкциите на прозиводителот, тие се користат за изработка на пури.

Квалитетната пура сѐ уште рачно се изработува. Искусниот виткач на пури може да направи стотици, речиси идентични пури, дневно. Виткачите постојано го навлажнуваат тутунот—особено омотот, и користат специјални ножеви налик на полумесечина за да ги обликуваат листовите за полнетицата и омотот бргу и прецизно. По виткањето, пурите се складираат во дрвени кутии каде тие се сушат, и каде нивните рамни краеви се заоблуваат подеднакво. Во оваа фаза, пурата е веќе готов производ кој може да се чува до недоглед—се разбира, под соодветни услови. Пурите обично траат со децении ако се чуваат како што треба. За нивно чување, откако ќе се купат, пурите се ставаат во специјални дрвени кутии наречени хумидори (навлажнувачи), каде условите можат внимателно да се регулираат през догли временски периоди. Дури и ако пурата се исуши, истата може со успех да се навлажни одново доколу била ракувана со внимание.

Некои пури, особено врвните марки, користат различни видови на тутун за полнетицата и омотот. „Пурите со долг филтер“ се многу поквалитетни од другите бидејќи користат исклучиво долги листови. Овие пури истот ака употребуваат трет тип на тутун, т.н. „врзувач“, помеѓу полнетицата и надворешниот омот. Ова им дава на изработувачите да ги користат понежните и поатрактивните листови како омот. Овие висококвалитетни пури секогаш се мешавини од тутуни за да се добијат неколку ароми на едно место.

Кај пурите се низок квалитет, за филтерот се користат исецкани листови, а долгите листови, па дури и посебна „тутунова хартија“ се употребуваат за омот.

Состав[уреди | уреди извор]

Пурите се составени од три вида на тутунови листови, од чии варијанти зависат нивните ароми и други особини:

Омоти[уреди | уреди извор]

Реклама за хавански пури, 1868

Површинските листови на пурата, познати како омот , се земаат од најжирокиот дел на растението. Голем дел од особините и аромата на една пура зависат токму од омотот. Затоа пурата може да се опише по бојата на нејзиниот омот. Боите, од најсветлата до најтемната, се назначени на следниов начин:

  • Двојно Кларо – многу светла, зеленкаста (исто така наречена Кандела или жад); се добива со берење на листовите пред да узреат и нивно сушење по брза постапка; од Конектикат
  • Кларо – светол тен или жолтеникава. Индицира дека тутунот е растен во сенка.
  • Натурал – светлокафена до кафена; растена на сонце.
  • Колорадо Кларо – среднокафена; од Доминиканска Република и Куба
  • Клорадо – црвенкасто-кафена (исто така наречена Росадо)
  • Колорадо Мадуро – темнокафена; од Хондурас и Куба
  • Мадуро – темнокафена до многу темнокафена
  • Оскуро – црна, често масна по изглед; од Куба,Никарагва, Бразил, Мексико и Конектикат

Светлите бои значат дека тутунот се берел порано и затоа аромата не му е силна; потемните бои значат дека листовите се обрани подоцна, како и посилни и поблаги ароми заради присуството на шеќери и масла, како и подолго ферментирање.

Полнетици[уреди | уреди извор]

Најголемиот дел од пурата се состои од полнетици, кои се врзани снопови на лисја во нејзината внатрешност. Полнетици со разни јачини обично се мешаат за добивање на уникатни ароми. Што повеќе масла содржи листот, тоа посилна (и помалку сува) ќе биде полнетицата. Видовите варираат од послабиот (и посув) Секо, преку средниот Воладо, итн., сè до силниот Лигеро. Пурите со поголем пречник имааат поголем капацитет за полнетица, и затоа имаат поголем потенцијал да овозможат полна и/или комплексна арома.

Полнетиците може да бидат кратки или долги; долгата полнетица кортисти цели листови и е од подобар квалитет, додека кратката полнетица, наречена и „мешана“, користи исецкани листови, дршки и други делови од растението.

Врзувачи[уреди | уреди извор]

Врзувачите се еластични листови кои се употребуваат за врзување на сноповите листови во пурата.

Големина и облик[уреди | уреди извор]

Најголемата пура на светот во Музејот на тутун и кибрит во Скансен, Стокхолм, Шведска

Пурите се категоризираат по нивната големина и облик, кои заедно се познати како витола.

По големина, пурите се мерат по должина и пречник.

Парехо[уреди | уреди извор]

Најчестиот облик е парехо, кој има цилиндричен труп, рамни страни, едниот крај му е отворен, додека другиот му е заоблен. Заоблениот крај потоа се отсекува или пак се прави мала дупка низ него. Пурите Парехас (мн.) стојат под следниве имиња:

  • Корони
  • Панетели – подолги и потенки од Короните
    • Мала Панетела (5" x 33)
    • Кратка Панетела (5" x 38)
    • Тенка Панетела (6" x 34)
    • Панетела (6" x 38)
    • Долга Панетела (7 1/2" x 38)

Фигурадо[уреди | уреди извор]

Разни облици на пури

Пурите со неправилен облик се нарекуваат фигурадос и се сметаат за поексклузивни заради тоа што се потешки за изработка. Под Фирурадос-и спаѓаат:

  • Торпедо - Како парехо, но со зашилен врв.
  • Пирамида - Со широка основа која полека се заострува при врвот.
  • Перфекто - Тесна при двата краја, но здебелена по средината.
  • Президенте/Дијадема - По облик како парехо, но се смета за фигурадо заради нејзината големина и затворениот заб како кај Перфектото.
  • Кулебрас - Три долги, зашилени пури преплетени заедно.

Арома[уреди | уреди извор]

Сите пушачи на пури уживаат во своето хоби токму заради разновидноста на ароми кои се добиваат при пушење, иако некои сметаат дека и други фактори играат улога. За љубителите на аромата, секоја марка и вид на пура со себе носи поинаков тип на арома. Обично пурите со посветол омот се послаби по арома и не оставаат вкус во устата по вовлекувањето. Пурите со потемни омоти пак, се побогати по арома, иако конкретни вкусови неможат да се врзуваат со конкретни видови на тутун.

За разлика од цигарите, пурите главно немаат арома на чад.

При пушењето на пури ги среќаваме следниве почести ароми:

Најстрастните уживатели во пурите дури водат и дневник на пушење, заедно со лични рангирања, описи на искусените ароми, големини, марки, итн. Квалитетот и одликите при пробувањето на пури се многу слични со оние при пробувањето на вино, виски, пиво, коњак и текила. Во рамките на дадена спецификација, постои бексрајно голем број на видови. Оваа нејзина динамика е дел од привлечноста на пурата.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]