Пор Ларањага

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Логото на Пор Ларањага

Пор Ларањага (шпан. Por Larrañaga) — име на две марки на пури: едната кубанска (Хабанос СА), а другата доминиканско-хондурска (Алтадис).

Историја[уреди]

Марката Пор Ларањага била регистрирана во 1834 од Игнасио Ларањага. До крајот на XIX век марката станува доста позната, и произведува и скапи и поевтини пури. Во 1925 Пор Ларањага била првата фабрика која машински произведувала пури, чин кој наскоро резултирал со бојкот од страна на работниците. Во времето на револуцијата Пор Ларањага била шеста марка по производство во земјата.

Сѐ до 1970-тите, Пор Ларањага била почитувана марка на висококвалитетни пури. Во 1980-тите производството драстично опаднало, а во 1990 извозот на марката се сведува на само неколку земји заради судско парничење. Денес марката е сведена на речиси сосема машински-изработени или рачно-довршени пури, и се пласира главно во Канада и на Блискиот Исток.

Во 2006, Хабанос произвеле неколку илјади кутии Пор Ларањага Lonsdales (укината витола на голема жалост на љубителите) за продажба во Германија. Пурите се пакувани по 25 во кутија, со специјални лентички „Exclusivo Alemania“.

Во декември 2006 Cigar Aficionado дале критички осврт на пурата Пор Ларањага Petit Corona, која ја добила импресивна оцена од 91 бод.

Витоли на кубанскиот Пор Ларањага[уреди]

Ова е листа на витоли (големини) во рамките на производната линија на Пор Ларањага со нивните димензии во англиски и метрички единици и нивните vitolas de galera (фабрички имиња). Треба да се напомене дека иако Juanitos се наведени како витола суште во производство, многу малку купувачи ги имаат видено во последниве години.

Рачно-изработени витоли

  • Petit Corona - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67mm) Mareva, пети корона

Машински-изработени и рачно-довршени витоли

  • Montecarlo - 6 1/4" x 35 (159 x 13.89mm) Delicioso, долга панетела
  • Panetela - 5" x 37 (127 x 14.68mm) Veguerito, мала панетела
  • Juanito - 4 1/8" x 29 (106 x 11.51 mm) Chico, цигариљо

Специјални изданија

  • Lonsdale - 6 1/2" x 42 (165 x 16.67 mm) Cervantes, лонсдејл

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]