Фонсека (марка на пури)
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Фонсека (шпан. Fonseca) е име на две марки на висококвалитетни пури, едната кубанска (Хабанос СА), а другата доминиканска (МАТАСА).
Историја
[уреди | уреди извор]Дон Франциско Е. Фонсека основал фабрика и своја марка на пури во Хавана во 1892, и ја регистрирал марката со своето име во 1907. Неговите пури набргу станале успешни и Дон Франциско почнал со иновативни практики како обвиткување на пурите во фини јапонски хартиени марамчиња (како што се и денес) и нивно пакување во лимени туби (денешните туби се алуминиумски). Неговата жена, Доња Тереза Бетишер продолжила со дејноста по смртта на Дон Франциско во 1930 и ја споила марката со Т. Кастањеда и Г. Монтеро и со тоа настанала фирмата Кастањеда, Монтеро, Фонсека СА.
Прозивдоството се одвивало непрекинато по револуцијата и овие пури сѐ уште се произведуваат во фабриката Лазаро Пена во Хавана. Како марка, Фонсека е релативно блага, по цена поевтина од највеќето кубански пури и највече се пласира во Шпанија и Канада, каде таа е особено популарна.
Витоли на кубанската Фонсека
[уреди | уреди извор]Ова е список на витоли (големини) во рамките на производната линија на Фонсека со нивните димензии во англиски и метрички систем и нивните vitolas de galera (фабрички имиња).
Рачно-изработени витоли
- No. 1 - 6 3/8" x 44 (162 x 17.46 mm) Cazador, лонсдејл
- Cosaco - 5 3/8" x 42 (135 x 16.67 mm) Cosaco, корона
- KDT Cadete - 4 1/2" x 36 (115 x 14.29 mm) Cadete, тре пети корона
Машински-изработени и рачно-довршени витоли
- Delicia - 4 7/8" x 40 (123 x 15.87 mm) Standard, тре пети корона
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место на Хабанос С.А. Архивирано на 7 јуни 2007 г. (англиски) (шпански)
- Критики на пурите на Фонсека Архивирано на 2 јуни 2007 г. (англиски)
| ||||||||||||||||||||