Вегуерос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Логото на Вегуерос

Вегуерос (шпан. Vegueros) е марка на висококвалитетни кубански пури (Хабанос СА).

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1961, фабриката Франциско Донатиен во провинцијата Пинар дел Рио, Куба започнала со производство на пури за домашна употреба, заедно со цигарите кои претходно ги произведувала со години. Овие пури биле виткани за национални прослави и други јавни збиднувања и станале колоквијално познати како Вегуерос, именувани по работниците кои работат на плантажите со тутун и шеќерна трска. Првите странци кои се запознале со оваа марка биле туристите што правеле тури по тутунските полиња. Во 1997 Хабанос СА ги лансира овие пури за извоз.

Витоли на Вегуерос[уреди | уреди извор]

Некои од пурите на Вегуерос

Ова е листа на витоли (големини) во рамките на производната линија на Вегуерос со нивните димензии во англиски и метрички систем и нивните vitolas de galera (фабрички имиња).

Рачно-изработени витоли

  • Especial No. 1 - 7 1/2" x 38 (192 x 15.08 mm) Laguito No. 1, долга панетела
  • Especial No. 2 - 6" x 38 (152 x 15.08 mm) Laguito No. 2, панетела
  • Mareva - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Mareva, пети корона
  • Seoane - 4 7/8" x 36 (125 x 14.29 mm) Seoane, цигариљо

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]