Јордан Бадев
| Јордан Бадев | ||
| Роден | 25 февруари 1888
Битола, Битолски Вилает, Отоманска Империја | |
|---|---|---|
| Починал | септември 1944 Софија, Царство Бугарија | |
Јордан Бадев (25 февруари 1888 во Битола — 20 септември 1944 во Софија) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Внатрешната македонска револуционерна организација, литературен критичар, публицист и новинар во Бугарија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Бадев е роден во 1888 година во Битола, тогаш во Отоманското Царство. Во 1906 година завршува Битолска машка гимназија. Студирал словенска филологија на Софискиот универзитет, а потоа учи во Лозана. Се вратил во Македонија и учителствувал во Битола, Самоков и Софија. Во 1911 година, Бадев ја поддржал иницијативата за создавање на легална политичка партија на Македонците - егзархисти во Отоманското Царство - проект кој пропаѓа поради зајакнувањето на политичките тензии и избувнувањето на Првата балканска војна.[1] По Втората балканска војна, во 1913 година, тој се населил во Бугарија и станал учител во Софија. Тој бил еден од членовите-основачи на Македонскиот научен институт [2].
Почнува да се занимава со литература и новинарство. Пишувал во списанието „Златорог“ и во весникот „Зора“, а од 1931 година, тој бил уредник на културните прашања на „Зора“. Ги уредувал весниците „Народност“ и „Миргород“. Бадев има голем број на статии во врска со бугарската книжевност - како обшотеоретични статии и прегледи, така и портрети и погледи. Во 1938 година, излегла неговата книга „Животот и уметноста“ [3].
Бадев бил масон.[4] и активен учесник во македонското ослободителното движење. Одржува тесни контакти со раководителите на обновена по Првата светска војна, ВМРО, од која добива парична издршка [5] По поделбата на организацијата на Протогеровисти и Михајловисти, тој застанал на страната на Протогеровистите.[6] Пишува во весникот "Македонија".[7].
Во годините пред Втората светска војна, тој бил приврзаник на ориентација на Бугарија кон Третиот Рајх, политика во која тој гледал надеж за позитивно решавање на македонското прашање. Бадев е автор на неколку книги, како „Даме Груев. Живот и дело“(Скопје, 1943) и многу статии посветени на учесници во македонското движење.[8]. Бадев е и автор на потпишаната од ВМРО книга „Заговорот против Тодор Александров“.[9]
Бадев бил убиен без суд и пресуда по Деветосептемврискиот удар во 1944 година. Во март 1945 година е осуден посмртно на Случај № 6 на интелектуалците од низата постапки на т.н. Народен суд [10] Реабилитиран е в 1996 година од Врховниот Суд на Бугарија.[11].
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Бадев, Йордан (1924). Заговорът против Тодор Александров. По данни на Вътрешната Македонска Революционна Организация.
- Бадев, Йордан (1943). Даме Груев, живот и дело.
- „Македонија во бугарската поезија“, статија од Јордан Бадев објавена во сп. „Златорог“, год. III, книга 3-4, Софиja, 1922 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Симеонов, Стоян. Из борбите на македонските българи. Два документа за основаването на легална политическа партия в Турция в навечерието на Балканската война, Македонски преглед, година ХІІ (1940), кн. 1, с. 86.
- ↑ Македонски научен институт. Учредители
- ↑ Йордан Бадев. Литературна критика.
- ↑ Масоните в България: Членовете на Българските масонски ложи, родени в Македония (до 1944 г.), Брошура на Главно управление на архивите към Министерски съвет на Р. България, С., 2003 г.
- ↑ „Националноосвободителната борба в Македония, 1919 - 1941 г.“, Колектив, ИК „Знание“, София, 1998 г., стр.166
- ↑ Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 57. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=му недостасува|last=(help) - ↑ „Български масонски печат“. Архивирано од изворникот на 2014-12-15. Посетено на 2011-09-17.
- ↑ Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, Тинапрес, 1993.
- ↑ „Литературен форум“. Успешен творчески тандем. Десислава Неделчева разговаря с Ива Бурилкова и Цочо Билярски
- ↑ „Горещо червено, „Литературен вестник", брой 36, 06.11.2002“. Архивирано од изворникот на 2010-11-28. Посетено на 2011-09-17.
- ↑ Вълев Стоян. „Йордан Бадев. Непрочетеният литературен критик“
|
- Родени во 1888 година
- Луѓе од Битола
- Починати во Софија
- Починати во 1944 година
- Дејци на ВМРО
- Македонски преселници во Софија
- Носители на орденот „За воена заслуга“ (Бугарија)
- Членови на Македонскиот научен институт
- Македонски општественици
- Дејци на Македонските братства
- Македонски револуционери
- Македонски новинари
- Македонски публицисти
- Македонски учители
- Македонски офицери
- Бугарски офицери од Македонија
- Отомански Македонци
- Бугарофили