Иван Далкалчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Далкалчев
Роден 1872
Владово, Воденско
Починал 1931
Софија, Бугарија

Иван Далкалчев (1872-1931) — македонски револуционер, член на МРО / ТМОРО / ВМОРО.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во селото Владово, Воденско. Завршил петти клас во егзархиската гимназија во Битола. Се зачленил во редовите на ТМОРО во 1898 година. Бил раководител на селскиот револуционерен комитет на Организацијата во неговото родно село. Учествувал во Илинденското востание во 1903 година и бил избран за член на горското началство во Воденско. Останал во Воденско до 1904 година кога заминал во Бугарија.

Починал во Софија, Бугарија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 79.