Српска гимназија во Солун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ученици и учители во гимназијата во учебната 1896/1897

Српската гимназија „Дом на науките“ во Солун била основана во 1894 год. во Солун, а работела до 1910 кога нејзината улога ја презела гимназијата во Скопје.

Гимназијата започнала со работа во учебната 1894/95 во српското основно училиште во Солун со 15 ученици во I клас. Наставната програма била иста како и во Кралството Србија, а се учело и француски и турски јазик.

Бројност на учениците[уреди | уреди извор]

Како се развивало училиштето и каков успех постигнале учениците почнувајќи од учебната 1897/98 па до 1900/01 година, може да се види од следната табела:

Бројност на учениците[1]
Учебна година Класови Број на ученици Завршиле клас Повторувале клас
1897/98 I - IV 119 104 15
1898/99 I - V 122 104 18
1899/900 I - V 137 115 22
1900/901 I - VI 228 116 12

Најголем број од учениците потекнувале од Солун и Солунскиот вилает.

Потекло на учениците[1]
Подрачје 1897/98 1898/99 1899/1900 1900/01
Солунски вилает 91 75 92 76
Косовски вилает 30 36 47 38
Битолски вилает 22 21 22 12
Босански вилает 2
Кралство Србија 3
Кнежевство Црна Гора 3
од други земји 2

Список на директори[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]