Струмичка група

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Струмичка група (бугарски: Струмишка група) претставувала фракција во МОРО, НФП и ВМРО (Автономистичка) како и главна структура на БНМОРО која дејствувала во Струмица и Струмичко од 1908 до 1912. Како нејзин лидер се посочува Христо Чернопеев. Првично идеологијата на групата била во партијата на Јане Сандански, но истата се променува кога Чернопеев како вообичаено[1] паѓа под влијание на врховистите и ја прима нивната идеологија.

Хронологија[уреди | уреди извор]

Христо Чернопеев и дел од групата, 1908 г.

Почетоци и дел од МОРО[уреди | уреди извор]

Оваа група се формира кога се создаваат и другите две групи во Македоно-одринската револуционерна организација - Серската и Солунската група. Иако членовите на организацијата требале да бидат обединети, во тоа време тоа не се случувало токму поради постоењето на овие три групи. На 27 септември 1908 г. оваа група започнува со издавање на весникот „Единство“, одделен од „Конституциона зора“, органот на организацијата. Единството во организацијата сепак се постигнува на одреден период кога, на 15 јануари 1909 година се постигнува протокол за обединување на сите три политички групи, при што за Струмичката група потпишале Чудомир Кантарџиев и Чернопеев. Според истиот протокол, работата на весникот на Струмичката група прекинува, и со работа започнува весникот „Народна волја“, нов орган на МОРО.

Во НФП и нејзино напуштање[уреди | уреди извор]

Прв конгрес на НФП, Чернопеев (седнат, втор од десно) и Самарџиев (седнат, втор од лево).

Од 3 до 10 август 1909 г. во Солун се одржувал Првиот конгрес на Народната федеративна партија, на кој делегати од Струмица биле Христо Чернопеев и Костадин Самарџиев. На конгресот било одлучено Чернопеев да влезе во Советот на партијата како делегат од Струмичко. Поделбата во партијата се покажува на Вториот конгрес на НФП кога истата повторно се разделува на три групи. Струмичката група се оддалечува од османистичките позиции на Сандански и левичарските идеи на Влахов. Во јануари 1910 г. оваа група конечно се одделува од НФП и ја формира Бугарската народна македонско-одринска револуционерна организација.

Обид за возобновување на ВМРО[уреди | уреди извор]

Чернопеев со членови на БНМОРО, 1910 година.

ВМРО беше измамена во своите надежи од Младотурците, сега ги обновува кадрите и почнува повторно со борбата против тиранијата. Сите борци се на своето место. Секое двоумење и неверство ќе се казнува со смрт. Зад нас стои Бугарија со нејзината моќна армија.

Михаил ДумбалаковПреку пламенот на животот и револуцијата[2]

БНМОРО практично претставувала пред-организација на ВМРО (Автономистичка). Обидот за возобновување на старата ВМРО најголемо дејствие имало во Струмичко. Уште додека бил дел од НФП, при крајот на 1909 година, Чернопеев заедно со поранешни дејци на ВМОК ја обиколува струмичката околија со цел повторно да формира комитет овде. На 4 мај 1910 година во Софија било свикано основачкото собрание на БНМОРО, на кој на чело на Главниот комитет бил избран струмичанецот Чернопеев. По разговорите во Софија на почетокот на 1911 година доаѓа до обединување на Конзервативната струја со БНМОРК и со дел од пораншниот ВМОК. Така во почетокот на 1911 година е избран нов ЦК во кој влегле: Тодор Александров, Христо Чернопеев и Петар Чаулев, а за резервен член бил избран врховистот Александар Протогеров, меѓутоа целосно возобновување на ВМРО не било постигнато. Идејата дополнително била напуштена со избувнувањето на Првата балканска војна, кога практично запоставува работата на Струмичката група, дел од нив погинуваат а дел ги прекинуваат контактите помеѓу нив.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Тоя безумен храбрец и неумолим, жесток и страшен терорист... Чернопеев, надарен със стоманени мишци и с всички революционни добротедели, притежаваше един обезличаващ недостатък - липсата на самостоятелност. Жертва на влияния, той бе започнал революционната си дейност като върховист; минавайки границата бе работил в услуга на вътрешните; по-късно бе спечелен от Влахова за федералистите, а хуриета го бе заварил в щаба на санданистите“ - М. Думбалаков за Чернопеев во својата книга „Презъ пламъцитѣ на живота и революцията“ (том II, страна 55).
  2. Думбалаковъ, Михаилъ. Преку пламъцитѣ на живота и революцията, том II, Софија, 1937, стр 66.

Видете исто така[уреди | уреди извор]