Прејди на содржината

Прв устав на Македонската револуционерна организација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата „Петар Поп Арсов
Македонска револуционерна
организација (МРО)
Печат на Македонскиот комитет

Прв устав на МРО — прв нормативен акт на Македонската револуционерна организација. Според расположливите историски извори, тој бил усвоен по Јануарската средба, но пред март 1894 година.[1]

Полемики

[уреди | уреди извор]

Поради недостаток на изворна протоколарна документација, не се знае со сигурност кога е донесен првиот Устав. Ниту пак, се знае со сигурност како е именуван. Постојат извесни противречности и недоречености во сведоштвата на самите основоположници на Организацијата, кои се однесуваат на датирањето на уставот, на неговиот статут, како и за членувањето во самата Организација.

Христо Татарчев истакнува дека Уставот бил донесен на некоја од наредните седници, а од писмата на Даме Груев до Никола Дејков од 9 март и 31 март 1894 година дознаваме дека уставот веќе бил на сила во март 1894 година. Така, во писмото на Груев до Никола Дејков од 9 март 1894 година тој јасно истакнува дека во внатрешноста:

се образуваат тајни кружоци од месни лица... тие се потчинуваат на извесна организација и се наоѓаат во заемни односи... инструкциите се уважуваат само откако ќе станат решение на Централниот комитет[2]

Исто така проблематично е прашањето дали нацрт-уставот кој требало да го изработи Петар Поп Арсов бил во целосност прифатен или претрпел измени. Д. Груев истакнува дека тие се групирале меѓу себе и го изработиле правилникот-устав.[3] Уставот на МРО бил изработен врз основа на уставот на Бугарскиот централен револуционерен комитет кои бил публикуван од Захариј Стојанов.

Има теза дека и овој устав е насловен како „Устав на Буг. македон-одр. револ. комитети“, но Христо Татарчев истакнува дека префиксот бугарска бил нарочно изоставен и од името на организацијата и од неговиот комитет,[4] но од друга страна вели, во организацијата можеле да членуваат „бугари“ (поточно Македонци егзархисти, кои биле нарекувани „бугари“ според црковната припадност кон Бугарси-милет, т.е. Бугарската егзархија)[5][6][7][8] бидејќи основачите потекнувале од бугарската средина. Меѓутоа, истовремено истакнува дека:

не се раководеле од друга тенденција, освен од идејата за слободата и благото на целиот македонски народ[9]

Ова сведоштво е причина за различните ставови меѓу историчарите. Од една страна бугарската историографија, го негира самиот македонски национален индивидуалитет и на македонското револуционерно дело му се дава бугарски карактер.[10]

Македонските историчари сметаат дека со можноста бугари да членуваат во организацијата, всушност станувало збор за Македонци-егзархисти[11] (Македонци христијани кои биле под духовна јурисдикција на Бугарската егзархија) и дека целата на основачите била најпрво да се делува во егзархиската средина а потоа да тргнат по свој пат.[12]

Дополнителна тешкотија претставува вклучувањето на Одринско во уставот на МРО. Имено, Татарчев јасно кажува дека Одринско не влегувало во програмата на организацијата, а дека подоцна било вклучено бидејќи положбата на населението во Одринско било во иста положба со таа на македонскиот народ.[13] Најверојатно е дека со вклучувањето на Одринско во Уставот, основоположниците сакале да најдат нов сојузник во борбата против заедничкиот непријател.[14]

Откривање на „БМОРК“

[уреди | уреди извор]
Слика од уставот на „БМОРК“.

Во 1955 година беше првпат објавен целиот устав на ТМОРО од страна на еден историчар од Бугарија кој е познат како Иван Поп Горов,[15] но беше брзо откриено дека уставот на ТМОРО беше обработен после Солунски конгрес од 1896 година, заради тоа некој македонски историчари почнале истражување за првото име на МРО.[16] Во 1961 при посета од страна на македонскиот историчар Иван Катарџиев кон централнион архив во Бугарија во градот Софија, главната причината што бил во Софија е заради тоа што побарал документи за обработка на неговата следнан книга, „Серскиот округ од Кресненското востание до Младотурската револуција[17]

при неговата посета кон архивскиот центар тој добил никогаш порано познат документ кој што ја именувал Македонската Револуционерна Организација како „Буг. Македон-Одр. Револ. Комитети“ . После откривањето на документот Иван Катарџиев го објавил целиот устав и правилник во неговата статија „Некој прашања за уставите и правилниците на ВМРО пред Илинденското востание во гласник на институтот на национална историја.[18] Со теоријата дека првото име на МРО беше БМОРК голем број на македонски историчари не се согласувале, според научници од МАНУ уставот на БМОРК претставува сомнителен документ заради тоа што околу тоа време се барало првото име на уставот[16] и никогаш претходно не беше спомнато името БМОРК ниту ни во архиви и мемоарска литература.

Од прво, Катарџиев верувал во теоријата дека првото име на МРО беше БМОРК но при неговото истражување сфатил полемиката на БМОРК, во гласникот на институтот на национална историја во 1961 објавил статија за сомнителноста на БМОРК, во нејзе признавајќи:

податоците од мемоарската литература не се во согласност со содржината на членовите на тој „Устав“.[19][20]

Тој постепено се откажал од теоријата на БМОРК и покрај 1990-сите целосно се согласувал со теоријата дека првиот устав ја именуваше организацијата како МРО а не БМОРК.

Гледишта

[уреди | уреди извор]

Бугарски гледишта

[уреди | уреди извор]
Статија за централниот комитет на ВМРО од историчар од Бугарија Александар Гребснаров, каде што потврдува дека во поранешни документи на ВМРО ја именувале организацијата како МРО, и основачите како „основачите на Македонска револуционерна Организација“[21]

Во Бугарската историографија пред откривањето на уставот на БМОРК ја именувале организација со различни имиња, но најмногу користени биле, ВМРО, МРО[22][23] и ВРО. Во минатото историчари од македонскиот научен институт, како Љубомир Милетиќ го користиле терминот МРО за организацијата на Христо Татарчев и терминот ВМРО беше користен за обележувајќи ги ВМРО (Автономисти) и организацијата на Димитар Влахов.[24]

После откривањето на уставот на БМОРК почнале да ја именуваат организацијата како БМОРК и истакнувале дека тоа име го носеше од 1896 до 1903, но според некој автори од Бугарија, името БМОРК го користиле до 1896.[25][26] Некој историчари од Бугарија признаваат дека првото име беше МРО,[27] и дека комитетот се викаше ЦМРК (Централен Македонски Револуционерен Комитет). Некој бугарски историчари веруваат во трета теорија во која првото име беше МРО, но после се смени во БМОРК и после ТМОРО.

Но сепак има несогласување меѓу историчари во внатрешните кругови на бугарската историографија, некој историчари во Бугарија ја именуваат како МРО, како историчарот Александар Гребснаров. Во едно известување од страна на Бугарскиот државен архив во 2004 тие истакнуваат:

Првиот устав и правилник на револуционерната организација уште не се најдени, заради тоа единствени индикатори се мемоарските литератури на основачите на организацијата, и според тие ние можеме да доведеме во следниот заклучок дека првото име на организацијата е Македонска Револуционерна Организација (МРО)[28]
„Го задолживме Поп Арсов да подготви нацрт за нашиот статут врз основа на статутот на Захари. На истиот состанок долго време се разговарало за името на револуционерната организација и комитетот. Ова прашање долго време не мачеше и конечно решивме да се наречеме: „Македонска револуционерна организација“, а комитетот „Централен македонски револуционерен комитет

- Христо Татарчев
Петар П. Арсову имал задача да го изготви статутот на револуционерната организација, кој го усвоил името „Македонска револуционерна организација“ и Комитетот: „Централен македонски револуционерен комитет (Ц.М.Р.К.)

- Тодор Станков
„Гледајќи го овој природен и незапирлив процес на самопочитување и непоколеблива стабилност на националната свест на своите следбеници, знаејќи од друга страна противречностите и интригите на меѓународната политика во однос на империјата на султаните, Македонската револуционерна организација го објави почетокот на автономија со експресна цел на малиот Балкан да се всадат европските сили"

- Дамјан Груев

Познат македонски политичар од Бугарија Георги Димитров во неговите писма кон комунистичката партија на Бугарија и македонската комунистичка партија истакнува потребата да се исполнат желбите на Македонската револуционерната организација и да се стаса во главен заклучок со македонското прашање.[29] Григор Василев, политичар од Бугарија и новинар, во неговата книга „Македонија и турската револуција не ја именува организацијата како БМОРК туку како МРО.[30] Има многу други историчари и политичари од Бугарија што ја именувале организацијата како МРО, меѓу нив се Христо Ангелов Христов,[31] Антон Страшимиров,[32] Иван Михајлов,[33] Тодор Александров,[34] Александар Цанков,[35] Димитар Константинов Косев[36] и Крум Христов.[37]

Македонски гледишта

[уреди | уреди извор]

Дел од македонската историографија пак, смета дека овој документ воопшто не е дело на МРО и не ги одразува идеите на нејзините основачи, за разлика од Уставот на ТМОРО усвоен на Солунскиот конгрес од 1896.[38] Ова тврдење е поткрепено со фактот што ниеден од основачите на МРО, ниту пак првите македонски револуционерни, не го именуваат Централниот Комитет како „БМОРК“. Тоа значи дека не се знае кој е авторот на тој документ, од кога датира итн. Како пример Блаже Ристовски во неговата книга Историја на македонската нација наведува како е невозможно првото име на МРО да биде БМОРК, бидејќи никој од документите порано не софпаќа со оваа теорија.[39]

Македонскиот историчар Ванчо Ѓорѓиев при неговото истражување најдол несовпаѓање со печатот на БМОРК, во уставот на БМОРК член 8 печатот на организацијата било дефинирано како круг со радиус 2см и 6мм со натписот „Македоно-Одрински Централен Револуционерен Комитет“ но во едно писмо од Даме Груев кон Христо Татарчев околу периодот каде што беше претпоставено дека уставот на БМОРК беше воведен печатот присутен беше со различен радиус и со различен натпис што чита „Централен Македоски Револуционерен Комитет[40] Ѓорѓиев исто истакнува :

...ако Катаржиев бил повнимателен кон членот 8 од Уставот на БМОРК, каде е определен печатот на ЦК ќе забелжал дека за печатот е предвиден натписот Македоно-одрински централен револуционерен комитет. Ако ги следиме официјалните документи ќе забележиме дека првиот досега познат документ од името на Организацијата е потпечатен со печат на кој стои текст Македонски централен револуционерен комитет, при што Одринско не е спомнато, а на почетокот од документот во левиот агол стои кратенската ЦМРК. Токму овој печат неоспорно го потврдува пишувањето на првиот претседател на Организацијата д-р Христо Татарчев, кој вели дека името било Македонска револуционерна организација, на чело со Централен македонски револуционерен комитет...[41]

Надворешни гледишта

[уреди | уреди извор]

Гледишта дека првото име на ВМОРО е МРО се присутни и прифатени со надворешни историчари.[42][43][44] Австроунгарскиот новинар Готлиеб Пара во еден од неговите списаниски дела во 1902 објавува превод на устав со името ТМОРО што е проблематично на бугарската историографија заради тоа што тие веруваат во теоријата дека БМОРК беше воведен помеѓу 1896 до 1903, некој македонски историчари истакнуваат како во Лондонските архиви содржи дупликат од уставот на ТМОРО со датум од 1898.

Теза за авторот

[уреди | уреди извор]

Помеѓу историчари од Бугарија постои една теза за кој беше авторот на уставот на МРО, според историски детали авторот беше Петар Поп Арсов но одредени историчари од бугарија сметаат дека првиот автор беше Ѓорче Петров или Гоце Делчев. Но нема историски доказ за вакви гледишта.

Гледишта на поранешни МРО револуционери

[уреди | уреди извор]

Различни револуционери од МРО имале различни гледишта за првото име на МРО, според револуционерот Тодор Станков првото име беше МРО и дека комитетот беше именувано како „Централен Македонски Револуционерен Комитет“.[45] Според Владислав Ковачев членството во МРО беше за секој Македонски егзарх.[46] Алексо Мартулков наведува слично. Според Иван Хаџи Николов членството беше отворено за секој граѓанин во Македонија.[47] Но според многу современи извори името на организација секогаш беше МРО,[48][49][50] и името на комитетот беше ЦМРК.[51]

Факсимил од писмото на ЦК до ВМК, во писмото го има печатниот натпис „Македонска Централна Револуционерна Организација“, Според Ванчо Ѓорѓиев овој документ беше еден од првите документи од страна на МРО што го користеше печатот, што означуваше дека првото име не беше БМОРК.[52]

Во мемоари на Михаил Герџинов изработен во Софија во 1945 тој архивирал различни писма негови кон МРО, во еден од нив спомнува:

Јас и Гоце се сретнавме за прв пат во Софија во 1898 година. Ова беше на состанок на кој требаше да се договориме за заедничка активност во Македонија. Бев претставник на таканаречената „Женева група“, која заедно со другите во Пловдив и Стара Загора ја формираше „Македонската револуционерна организација“, составена главно од студенти и млади луѓе. Гоце ги водел разговорите како прекуокеански претставник на „Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација“. И двете организации биле конспиративни, па едната не се сомневала во постоењето на другата. Кога дознале, почнале преговорите за заедничка работа. Состанокот даде добри резултати и редовите на Внатрешната организација влегоа во редовите на младите и просветлените луѓе, воспитани во принципите и идеологијата на револуционерите од 1789, 1848 и 1871 година и припаѓаа на генерацијата што порасна под влијание на Русите. револуционерна литература.[53]
Статија од Димитар Влахов во списанието „Македонски мисли“ во 1945 околу октомври или ноември, каде што именува првото име на ВМРО како МРО,[54] Низ неговиот живот Димитар Влахов повеќе пати ја именувал организацијата како МРО и комитетот како Централен Македонски Револуционерен Комитет.

Димитар Влахов исто се согласувал дека првото име на организацијата беше МРО, во неговата книга „Борби за Македонскиот народ за Ослободување“ во 1925, тој спомнува како „Македонската револуционерна организација е основана во 1893 година од Гоце Делчев, Пере Тошев, Дамијан Груев, Др. Христо Татарчев, Петар П. Арсов и Ѓорче Петров. Целите што основачите на револуционерната организација си ги поставија беа освојување на политичката слобода, автономна власт на Македонија.[55] Во некој наводи ја именувале организацијата околу раниот период со други имиња, како пример во Македонски Глас организацијата беше именувана како „Внатрешна Револуционерна Организација“.

Во 1960-тите во Софија беше објавена книга со превод на различни дневници и мемоари на разни Илинденски војници, во дневникот на Петар Горов Ников ја именувал организацијата како „Македонска Одринска Револуционерна Организација“. Во мемоарите на Коста Кондов (познат исто и како Константин Кондов) објавени во Софија тој истакнал како се сретнал со Иван Хаџи Николов, кога го прашал каде беше тој спомнал дека со помош на некој други револуционери (Ѓорче Петров, Петар Поп Арсов, и други) ја создал Македонската револуционерна организација со комитети во Штип, Велес, Скопје, Солун, Прилеп и Битола.[56]

Некои од членовите на Уставот

[уреди | уреди извор]

Членови за МРО

[уреди | уреди извор]
Статија „Македонска Револуционерна Организација“ од Тодор Станков во списанието Илустрација Илинден, Објавена во јуни 1939, во нејзе Тодор Станков детално зборува како основното име на организација беше МРО а не БМОРК.[57]

Сите членови на првиот устав на МРО не се познати, во мемоарите на Петре Поп Арсов тој раскажува како при штампањето на уставот во Романија, издавачката куќа беше изгорена од несреќа и заради тоа првиот устав беше уништен.[58] Но има некој теории според Иван Катарџиев дека дел од уставот беше објавен во книжарницата на Иван Хаџи Николов во Солун. Според Иван Катарџиев, првиот устав беше составен од 15 глави, но само првите 5 се познати, и тие се:

  • член 1. МРО треба да биде тајна и револуционерна
  • член 2. Нејзината теротиторија за автономија треба сочинува Македонија во нејзина географска и етнографска широчина
  • член 3. Во нејзе можат да се членуваат секој граѓанин роден во Македонија без разлика на пол, народност и религија.
  • член 4. Политичката цел е за автономија на Македонија и правата на Македонци
  • член 5. Организацијата да биде самостојна и независна за да не подпадне под туѓи влијанија [47]

Во јуни 1939, во списанието Илустрација Илинден беше објавена статијата од Тодор Станков, каде што ја објаснува приказната на основањето на организацијата, тој исто спомна неговите членување, во еден дел од неговата приказна објаснува како секој што посакал да биде член требаше да земе револвер со него пред уставот и да го наведе молбата, кој што според Станков беше:

Се колнеме во името на Бога, честа и татковината дека верно и чесно ќе служам за слободата на Македонија. Беспоговорно ќе ги исполнуваме наредбите и наредбите на Организацијата за доброто на татковината. Ако и наштетам на Организацијата со нешто или предаде, довери ми тајни, подготвен сум да чекам казна со кама или револвер, за чие уверување e целно, Амин.[57]

Слична молба исто така беше објавена во мемоарите на Лазар Томов во 1952, каде што наместо да се наведе дека ќе се бори за слободна Македонија, требаше да се исто истакне дека ќе се бореле и за Одринскиот дел.[59]

Членови за БМОРК

[уреди | уреди извор]

Некои од членовите на БМОРК, кој што е фалсификуван устав биле анализирани од страна на Ванчо Ѓорѓиев, кој што според него се состои од 14 члена поделени во 4 глави. Во првата глава се целта на организацијата, во втората глава е составот и устројството на организацијата, во трета глава се материјалните средства и на крај се казните.[60]

  • член 1. придобивање на полна политичка автономија на Македонија и Одринско
  • член 2. да го разбуди сознанието за самозаштита, да шири меѓу него револуционерни идеи преку печатот или усно и да подготви и подигне едно општо востание
  • член 3. член на организацијата може да биде секој Бугарин (Македонец-Егзархист б.н.), што не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно во општеството
  • член 4. Членовите на секој комитет се делат на групи од по еден началник, определен од раководителот. Секој член на групата како и началникот носат по еден број даден од надлежниот комитет
  • член 5. Организацијата се делела на селски, околиски и окружни комитети
  • член 6. Централниот комитет ги поставувал управните тела на окружните комитеи, раководството на окружните комитети ги поставува управните тела на околиските комитети, а раководителите на околиските комитети ги поставувале управните тела на селските комитети
  • член 7. Секој член на управните тела имал псевдоним
  • член 8. Централниот комитет има печат за потпечатување на важната коресподенција
  • член 9. Комитетите имаат тајна пошта
  • член 10. За следење на делата на внатрешните и надворешните непријатели и за претпазување од нив, секој комитет има своја тајна полиција
  • член 12. Комитетите ќе се снабдуваат со пари а1) од доброволни прилози б2) од редовни членски вносови в3) од пари собрани на начин како што ЦБМОРК ќе најде за целесообразе или пак месниот со претходна согласност на Централниот
  • член 13. Накажувањето му се определува од месниот комитет и се извршува во согласност со Централниот
  • член 14. Врз основа на овој устав е изработен детален внатрешен правилник
  1. Ванчо Ѓорѓиев, Смрт или Слобода... 135
  2. АМ. ф. 1953, Даме Груев, оп.1, а.е.5, л.158-159
  3. Лапе, Љубе (1971). „СПОМЕНИ НА ДАМЕ ГРУЕВ По повод 100 годили од иеговото раѓање“ (PDF). Универзитетот Свети Кирил и Методиј: 198.
  4. Прифатен еднаш автономниот принцип, ни налагаше да бидеме последователни и во понатамошните решенија и да го избегнуваме сето тоа, кое, во инородното население би возбудило сомнение на тесноград национализам. Поради таа причина го напуштивме зборот българска од револуционерната организација; исто така и таа од централниот комитет. Одринско од почетокот не влегуваше во нашата програма. Целото наше внимание тогаш беше насочено околу Македонија; но подоцна почна да се зацврстува идејата во нас, така што нашата организација да го опфати и Одринско, каде судбината на христијанското население, особено на бугаското, не се разликуваше со ништо од тоа на македонскиот народ и каде политичко-социјалните и економски услови беа речиси идентични со оние во Македонија. Притоа чл. 23 од Берлинскиот конгрес не охрабри доста во тој однос и зафативме попосле да го обмислуваме поопстојно и тоа прашање - дали ќе биде полезно, ако и Одринско биде вовлечено во нашата програма. Најсетне дојдовме до заклучок дека и таа област треба да составува дел од нашата ревулуционерна дејност, така што, на тој начин си мислевме дека се даваше едно задоволително решение на балканското прашање, Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995.
  5. Пандевски, Манол (1974). Националното прашање во македонското ослободително движење: 1893-1903. Култура. стр. 57.
  6. Катарџиев, Иван (1968). Серскиот округ од Кресненското востание до Младотурската револуција: национално-политички борби. Култура. стр. 351.
  7. Влахов, Димитар (1970). Мемоари. Заедница на издадени дејност при НИП "Нова Македонија". стр. 22.
  8. Биролски, Крсте (1983). Diplomatski odglasi za ilindenskoto vostanie. Arhiv na Makedonija. стр. 122.
  9. Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995
  10. К. Пандев, националноослободителното движење во Македонија и Тракија 1878-1903, Софија, 1979.
  11. Види подетално http://www.cdsee.org/pdf/WorkBook2_sr.pdf[мртва врска] (Do`ivqaj H. N. Breilsforda( 1905) – u Makedoniji se ne poistove}uju sa svojom nacijom)
  12. Ванчо Ѓорѓиев, „Смрт или Слобода...“, 136.
  13. Д-р Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995
  14. Ванчо Ѓорѓиев, Смрт или Слобода...,138
  15. Пандев, Константин (2000). Националноосвободителното движение в Македония и Одринско 1878-1903. Гутенберг. стр. 140. ISBN 9789549943092.
  16. 16,0 16,1 Пандевски, Манол (1989). Dame Gruev vo makedonskoto nacionalnoosloboditelno dviženje: Trkalezna masa po povod 80-godišninata od zaginuvanjeto, Bitola-Demir Hisar, 9 i 10 noemvri 1986. МАНУ. стр. 71.
  17. Катарџиев, Иван (1968). Серскиот округ од Кресненското востание до Младотурската револуција, национално-политички борби. Култура. стр. 102.
  18. Катарџиев, Иван (1983). Borba do pobeda: Studii i statii. Мисла. стр. 71.
  19. „Гласник на Институтот за национална Историја“, Скопје, 1961, стр. 156.
  20. Historical Dictionary of the Republic of Macedonia, Historical Dictionaries of Europe, Dimitar Bechev, Scarecrow Press, 2009, ISBN 0810862956, p. 99.
  21. Членовете на ЦК на ВМРО за Македонския научен институт (1997) от Александар Гребснаров ст. 125
  22. Нуриѓани, Ѓорѓио (1933). Makedonskata tragedii︠a︡ gledana ot Rim. Pechatarska kooperatsii͡a "Edison,". стр. 30.
  23. Марковски, Венко (2003). Кръвта вода не става. Труд. ISBN 9789545284007.
  24. Милетиќ, Љубомир (1929). Документи за противобългарските действия на сръбскитие и на грътскитие власти в Македония, през 1912-1913 година. Македонски научен институт. стр. XX.
  25. Пандев, К. "Устави и правилници на ВМОРО преди Илинденско-Преображенското въстание", Исторически преглед, 1969, кн. I, стр. 68—80.
  26. Бугарскиот историчар Константин Пандев смета дека во 1896 година е донесен првиот устав на организацијата и според него организацијата на Солунскиот конгрес го добила името Бугарски македоно-одрински комитети (Пандев, К. "Устави и правилници на ВМОРО преди Илинденско-Преображенското въстание, Исторически преглед, 1969, кн. I, стр. 68—80.), што е неприфатливо за голем дел од македонските историчари, (Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт...)
  27. Stoyan Germanov (1992) The Russian public and the revolutionary movement in Macedonia and Odra 1893-1908. Univ. Publishing House "St. Kliment Ohridski". страна 14.
  28. Известия на държавните архиви. (2004). Бугарија: Наука и изкуство. страна 201
  29. Димитров, Георги (1951). Съчинения. Изд-во на Българската комунистическа партия. стр. 19 и 61.
  30. Василев, Григор (1908). Македония и турската революция. П. Глушков и С-ие. стр. 46.
  31. Христо Ангелов Христов (1969). Dokumenti i materiali za istorii︠a︡ta na bŭlgarskii︠a︡ narod. Izd-vo na Bŭlgarskata akademii︠a︡ na naukite. стр. 456.
  32. Антон Страшимиров (1963). Съчинения. Български писател. стр. 378.
  33. Михајлов, Иван (1958). Спомени: Освободителна борба, 1919-1924 г. A. Rossels printing Company. стр. 760.
  34. Александров, Тодор (1991). Живот легенда. Унив. изд-во "Св. Климент Охридски". стр. 229.
  35. Цанков, Александар (1998). България в бурно време, Спомени. Прозореч. стр. 66. ISBN 9789547330702.
  36. Косев, Димитар (1962). История на България. Наука и изкуство. стр. 166.
  37. Христов, Крум (1955). Got͡se Delchev. Izd-vo na Nat︠s︡ionalnii︠a︡ sŭvet na otechestvenii︠a︡ front. стр. 129 и 151.
  38. Блаже Ристовски, Столетија на македонската свест, Скoпje, „Култура“, 2001, стр. 34
  39. Ристовски, Блаже (1999). Историја на македонската нација. Makedonska akademija na naukite i umetnostite. стр. 204. ISBN 9789989649578.
  40. Ванчо Ѓорѓиев (1995). ПЕТАР ПОП АРСОВ (1868-1941) Прилог кон проучувањето на македонското националноослободително движење (PDF). стр. 63.
  41. Ванчо Ѓорѓиев, ВМРО 1893-1903. Поглед низ документи, Матица Македонска - Скопје, 2013
  42. Brown, Keith. Loyal Unto Death Trust and Terror in Revolutionary Macedonia. Indiana University Press, 2013. ISBN 9780253008473 с. 191
  43. Perry M., Duncan. The Politics of Terror and the Macedonian Liberation Movements, 1893-1903. Duke University Press, 1988. ISBN 9780822308133 . p. 203.
  44. Horncastle, James. The Macedonian Slavs in the Greek Civil War, 1944–1949. Lexington Books, 2019. ISBN 9781498585057 . p. 43.
  45. Како беше создадено ВМРО“ (1937) од Тодор Станков (во весникот „Македонска трибуна“)
  46. Ковачовъ, Владиславъ. Автономна Македония (PDF). София: Печатница С. М. Стайковъ. 1919.
  47. 47,0 47,1 Katardziev, Ivan (1968). Создавање и активноста на вмро до илинденското востание. Svetlina na Minatoto. с. 8.
  48. The daily palladium. [volume], February 03, 1904, Page SEVEN, Image 7
  49. Barton County democrat. [volume], May 15, 1903, Image 3
  50. The sun. [volume], August 12, 1903, Image 1
  51. The Birmingham age-herald. [volume], August 08, 1903, Image 2
  52. Ѓорѓиев, Ванчо (2010). Подземната република: Дамјан Груев и македонското револуционерно движење. Тримакс. стр. 93.
  53. № 3 Спомен на М. Герджиков за първата му среща с Г. Делчев (1945)
  54. Влахов, Димитар (1945). Предателите на Македонското Дело (PDF). Македонска мисъл. стр. 97.
  55. Борбите на македонския народ за освобождение от Д. Влахов (1923) страна 9
  56. Кондов, Коста. Спомени (PDF). Стрела. стр. 18.
  57. 57,0 57,1 Станков, Тодор (јуни 1939). „Македонска Револуционерна Организација“ (PDF). Илустрација Илинден.
  58. Биљарски, Цочо (2002). ВМОРО през погледа на нейните основатели. Спомени на Дамян Груев, д-р Христо Татарчев, Иван Хаджиниколов, Антон Димитров, Петър Попарсов. Св. Георги Победоносец. стр. 203–207. ISBN 9545092335.
  59. Тomov, Lazar : "Memories of the revolutionary activity in the Sersky district" Publishing House of the National Council of the Fatherland Front, 1952. c. 12
  60. Ванчо Ѓорѓиев, "Устав и Правилник на Бугарските Македоно - Одрински Револуционерни Комитети [1894 г.] (PDF). Скопје: "ВМРО 1893-1903. Поглед низ документи", Матица Македонска. 2013.