Алексо Мартулков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алексо Мартулков.jpg
Роден 23 октомври 1878
Велес, Македонија
Починал 1965
Софија, Бугарија

Александар Мартулков бил македонски револуционер и публицист. Како член на Македонската социјалистичка група, а подоцна и на ВМРО (Обединета) тој се залагал за ослободување на Македонија. Алексо бил член на Президиумот на АСНОМ и во Собранието на Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Александар (Алексо) Мартулков (1878-1965) е роден во Велес. Се школува во родниот град и во Скопје, каде што бил исклучен заради бунт. Заминал за Софија, каде почнал да развива и пропагира социјалистичка идеологија како член на Македонската социјалдемократска група.

Стапува во редовите на ТМОРО на млади години. Учествува во борбите против пропагандите, а подоцна (декември, 1912 г.) и на Општомакедонската конференција во Велес, заедно со Димитрија Чуповски, Петар Попарсов, Ризо Ризов и други македонски патриоти.[1]

Во Софија станува и член на ВМРО (Обединета), поради што е прогонуван и затворан, заради своите про-македонски национални погледи. По втората светска војна се враќа во Македонија, каде учествува во АСНОМ. Се пензионира во Скопје. Носител е на Илинденска споменица. Спомените за револуционерните борби во Македонија ги завршува во 1953 г. во Скопје, а се издадени од Институтот за национална историја на Македонија во 1954 година. Подоцна разочаран се враќа во Софија, каде што умира.

Bo cвоите спомени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“, Алексо Мартулков пишува за македонската револуција, за борбата против Османлиите и разните национал-шовинистички пропаганди на соседните држави, за превирањата во Организацијата. Многу убаво е опишана борбата на ВМРО против српската црковна пропаганда, односно против велико-српската оружена националистичка пропаганда, како една братоубиствена војна, војна помеѓу Македонците – Егзархисти и Македонците - србофили (Српското Четничко Движење). Тој говори и за фракционерството во самата Организација, за личните интереси на одредени дејци, за антагонизмот меѓу про-македонските елементи и про-бугарските неоврховисти и слично.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија Македоника, Скопје 2009 г., стр. 924