Јордан Анастасов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јордан Анастасов
Yurdan Anastasov.jpg
Роден 4 јануари 1893
Кавадарци
Починал 10 октомври 1976
Софија, Бугарија

Јордан Анастасов (4 јануари 1893 во Кавадарци10 октомври 1976 во Софија, Бугарија) наречен Мегленец, Мегленски, Сидер, Сидеров и Чернов[1] е деец на ВМРО (Обединета).

Животопис[уреди | уреди извор]

Детство[уреди | уреди извор]

Јордан Анастасов е роден во Кавадарци, тогаш во Османлиското Царство, во сиромашно семејство. Татко му се занимавал со „цреварство“: собирал говедски и овчи црева од касапите, ги чистел, ги сушел, ги преработувал, и од нив се изработувале струни за виолина.[2] Основното образование го стекнува во родниот град, а потоа учи во Цариградската духовна семинарија во Цариград.

За време на Балканската војна, семинаријата била затворена, па Јордан се враќа во Кавадарци. Во учебната 1912-1913 година, испратен е како бугарски учител во с. Шешково.

Активно учествувал во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија. Бил член и секретар на Националниот комитет на македонските братства во Софија и член на редакцијата на весникот „Независна Македонија“ (1923 година). По деветтојунскиот преврат во Бугарија (1923 година) емигрирал во Виена, каде што се вклучил во раководството на Федеративната македонска организација. Потоа станал член на ВМРО (Обединета) и нејзин задграничен претставник. По завршувањето на Втората светска војна, бил член на Македонскиот национален комитет и на Македонскиот научен институт во Софија и главен и одговорен уредник на списанието „Македонска мисла“ (1945 година). Поддржувајќи ја Резолуцијата на Информбирото, бил еден од најгласните гласноговорници во сталинистичката кампања против Југославија и Македонија.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 63, 87, 103, 106
  2. Револуционеерните борби во Тиквешијата, книга 1, издание на ДАРМ, 2001, стр. 115.
  3. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 26. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)