Петар Шанданов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Шанданов
Петар Шанданов.jpg
Роден 4 јули 1895
Охрид, Македонија
Починал 15 октомври 1971
Софија, Бугарија [1]

Петар (Перо) Димов Шанданов (Охрид, 1894 - Софија, 1971) бил учесник во македонското револуционерно движење.

Учествувал во Охридско-дебарското востание против српската власт во 1913 година. Се борел во Единаесеттата пешадиска македонска дивизија во состав на бугарската војска како офицер. Бил избран за резервен член на ЦК на ВМРО. Во периодот 1925-1928 година, по убиството на Протогеров и поделбата во редовите на ВМРО застанал на чело на протогеровистите.

Септември, 1944 година Апел до Македонците во Бугарија. Еден од потписниците е и Петар Шанданов.

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

За време на Втората светска војна се вклучил во антифашистичкото движење во Бугарија. По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, потписник е на Апелот до Македонците во Бугарија заедно со други видни револуционери и дејци како: Павел Шатев, Туше Делииванов, Ангел Динев, Михаил Герџиков и др.[2]

Во 1944 година бил избран за делегат на Второто заседание на АСНОМ.

Во 2002 година неговите спомени се објавени на македонски јазик.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 190.
  2. Динев, Ангел (1983). Одбрани Дела во три книги - Втора книга. Скопје: Култура - Скопје. стр. 333–337.