Македонско студенско друштво
Македонското студенско друштво - Дружба е асоцијација на македонските студенти и интелектуалци во Софија, Бугарија. Друштвото било формирано кон крајот на 1890 година од страна на македонските студенти во Софија. Негови по истакнати членови биле: Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев, Никола Дејков и Никола Наумов. Посебна улога при формирањето на друштвото имал Коста Шахов.[1] Асоцијацијата била конспиративна а нејзината дејност требало да се легализира преку издавање на едно списаније.
Цел на Друштвото
[уреди | уреди извор]- Ослободување на Македонија од турското ропство[2]
- Формирање на револуционерна организација во Македонија[2]
- Врбување на истомисленици и нивно препраќање во Македонија[2]
- Издавање на едно списание што ќе се спротивстави не само на турскиот терор, туку и на туѓите пропаганди што го цепат македонскиот народ на Бугари, Грци и Срби [2]
Распуштање
[уреди | уреди извор]Во март 1891 година по убиството на бугарскиот министер за финансии Белчев, бугарските власти ги уапсиле Дамајан Груев и Никола Наумов и поради тоа друштвото решило да се самораспушти за да бидат избегнати предвремени жртви. Неколку месеци подоцна од оваа друштво ќе призлезе Лозарското движење[2]
Извори
[уреди | уреди извор]
|