Сојуз на македонските младински организации

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Aмблемот на МСМ со надпис „Култура Просвета Родољубие“.

Сојузот на македонските младински организации (СММО) бил главна организација на младите македонски бегалци од Македонија, населени во Бугарија. Организацијата е во блиски односи со Внатрешната македонска револуционерна организација, како и со Македонското студентско друштво "Вардар" (МСД "Вардар"), Сојузот на македонските студентски друштва во странство, претседателството на бугарското национално малцинство во Женева и други. Печатени органи на Сојузот се весник "Устрем" и списанието "Татковина". Организацијата се издржува главно со членски вносови и други сопствени приходи, но и со помош на Македонската кооперативна банка [1]. Неговата активност е забранета по Деветнаестомајскиот удар од 1934 година.

По Втората балканска војна, а особено по завршувањето на Првата светска војна, македонското население во Македонија било организирано прогонувано од новата грчка и српска власт. Во Бугарија, бегалците се организираат околу културно-просветните организации чии главни цели се да ги задржат сплотени Македонците во егзил. ВМРО го помага создавањето и ја насочува работата на сличните организации.

Во 1914 година во Варна се создава првото училишно взаемнопомагателно друштво, а во 1923 година слична унија се формира во Пловдив. Официјалниот Сојуз е основан на 24 мај 1923 година во Варна од претставници на 11 младински македонски организации во Бугарија. Во ноември истата година на Првиот конгрес во Русе се приклучиле и друштвата групирани околу Пловдивската организација. На крајот на 1923 година Сојузот обединувал 22 организации со околу 3 000 членови [2].

ММС брзо се развива и во почетокот на 1934 година има 25 000 членови, обединети во 250 организации [3].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Гребенаров, Александър. Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918-1947), МНИ, София, 2006, стр. 264.
  2. Енциклопедия „Пирински край“, том 1, Благоевград, 1995, стр. 538.
  3. МАКЕДОНСКИ МЛАДЕЖКИ СЪЮЗ, 29.11.2003 г. от сайта http://www.znam.bg