Македонска народна федерална организација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Македонска народна федерална организација била национална организација на македонскиот народ со седиште во градот Петрич (Пиринска Македонија) која дејствувала најмногу во Пиринска Македонија, а во помала дејствувала и во останатите делови на Македонија. Нејзини активности за прв пат биле забележани уште во август 1943 година, а организацијата била следена и забележана од разузнавачките служби и комунистичките партии на Бугарија, Југославија, Грција и Велика Британија.

Нелегално дејстувавање и првиот конгрес на 6.1.1946 година[уреди | уреди извор]

Дејсвтвувањето на организацијата се засилило особено по 9 септември 1944 година кога на власт во Бугарија дошол Отечествениот Фронт. На 29-30 ноември 1945 година, поистакнати членови на МНФО се собрале во куќата на техничарот Кољо во Петрич со цел да се официјализира организацијата. Но на среде читање на рефератот состанокот бил растурен од бугарската полиција која упаднала во цивилна облека. Организаторите поминале само со опомени, но порастот на бројот на членството кое достигнало 1500 членови на возраст од 18 до 50 години, од кои една третина биле жени, уште повеќе ја засилило активноста на оваа македонска организација. Бугарската полиција потоа уште 2 пати ги растурила собирите на МНФО, одржани на 13 и 16 декември 1945 година во Петрич, но ноќта меѓу 19 и 20 декември членовите успеале да одржат собрание на кое било избран централнен комитет на Македонската народна федерална организација со седиште во Петрич, а веќе на 6 јануари 1946 било одржано основачкото собрание на организацијата на кое биле присутни 74 членови, а Никола М. Георгиев поднел реферат за економската и политичката состојба на Пиринскиот дел на Македонија и положбата на македонскиот народ во рамките на Бугарија. На собранието за претседател бил избран Никола М. Георгиев, за потпретседатели Борис К. Дереџиев и Страхил Г. Димитров, за секретар Антанас Атанасов, а за благајник Љубица Вангелова - Љуба, за советници биле избрани Георги Пандов Китанов, Георги Иванов, Лазар Ст. Гогов, Димитар К. Дереџиев, Величка Н. Миланова, Стојан Томов Ставров и Иван Г. Стојков. На првиот собир веднаш била прокламирана идејата за обединување на Пиринскиот дел на Македонија кон НР Македонија.

Активност на МНФО од 1946 до 1948 година[уреди | уреди извор]

Организацијата особено протестирала дека Пиринскиот дел на Македонија како главно земјоделски дел иако со своите земјоделски производи учествувала со голем процент на пазарот, сепак била економски зависна од Бугарија која често вршела рестриктивна откупна политика и Пиринскиот дел на Македонија претставувал стопански најзапуштениот и неразвиениот дел на Бугарија. Во текот на 1946 година МНФО која себеси официјално според член 3 од статутот се сметала за законски и правен застапник на интересите на Македонците во Пиринска Македонија отворено истапила со барање за обединување на Пиринскиот дел на Македонија кон НР Македонија, а го усвоила и знамето на НР Македонија за свое знаме и го прогласила Илинден 2 август (национален празник на НРМ) за национален празник на Пиринска Македонија. Во текот на 1946 и 1947 МНФО формирала повеќе свои комитети и македонски клубови во Благоевград, Петрич, Сандански, Разлог, Коларево, Самуилово, Клуч, Гега, Кулата и повеќе села, а секоја недела се одржувале и конференции и предавања за достигунавњата на македонскиот народ во НР Македонија, неопходноста од обединувањето на трите дела на Македонија, македонската историја кои биле масовно посетени (дури и со над 1000 посетители) од месното население и од македонската емиграција во Бугарија на кои најчесто говорел Асен Чаракчиев или други членови на организацијата кои често оделе во НР Македонија и учестувале во заеданијата на АСНОМ и останатите политички и културни збиднувања во НР Македонија. Македонската народна федерална организација активно учествувала и во праќање на млади Македонци од Пиринска Македонија да се образуваат на факултетите и средните училишта во НР Македонија, а МНФО се организирала и за донесување на пишаните гласила, книгите и учители од НР Македонија во Пиринскиот дел на Македонија. По резолуцијата на Информбирото од 1948 година и укинувањето на националните права на Македонците во Пиринска Македонија т.е. заладувањето на односите меѓу Југославија и Бугарија, МНФО била забранета, а голем дел од нејзините членови биле осудени од бугарската власт која не мајќи за што да ги обвини ги обвинувала дека биле соработници на ВМРО на Ванчо Михајлов и шпиони на Југославија и НР Македонија. Меѓу осудените на долгогодишна робија биле Васил Григоров Василев, Атанас В. Атанасов (учесници на првото заседание на АСНОМ), Страхил Георгиев Димитров (еден од потпретеседателите на МНФО), Георги Пандов Китанов (советник во раководното тело на МНФО) и др. Дел од членовите на МНФО во 1989 година, учествувале во основањето на ОМО Илинден - Пирин.

Леток на младинскиот кружок на МНФО „Јане Сандански“[уреди | уреди извор]

Во зачуваниот леток од младинскиот кружок на МНФО „Јане Сандански“ од Петрич кој најверојатно датира од есента 1944 година, било запишано:

Македонци!

долго време се шпекулира со вашето право. Денес кога во целиот свет се говори за правда, за демократија и слобода, кога и на Балканот народите го устројуваат својот живот според демократски начела, ние не треба да спиеме... што поскоро слободна и обединета Македонија - гаранција на мирот на Балканот. Да живее општобалканската федерација.[1]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. од книгата „Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944-1948“ од Васил Јотевски, страница 83