Отпор на Македонците кон туѓите пропаганди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Отпорот на Македонците кон туѓите пропаганди се изразувал преку училишни бунтови, барања за воведување на македонскиот јазик во наставата, барања за обнова на Охридската архиепископија, создавање на разни друштва и асоцијации за организирано спротиставување на пропагандите. На територијата на Македонија дејствувале грчката, бугарската, српската, романската, католичката и протестантската пропаганда. Првите три пропаганди имале денационализаторски и негаторски однос кон македонскиот национален индивидуалитет. Католичката и протестантската пропаганда биле поставени врз верска основа но со политички цели, романската пропаганда дејствувала меѓу Власите во Македонија и поради тоа дошла во судир со грчката пропаганда, треба да се истакне дека романската пропагнада не дејствувала ретроградно врз македонското национално обособување. Овие пропаганди особено оние од соседните балкански држави во Македонија имале разгранети црковно-просветни пропагандни системи, кој требале да обезбедат што поголем број на национални приврзаници во Македонија, а:

Тие во погоден момент требало да послужат како внатрешни национални сојузници и оправдувачки фактор за нивните територијални претензии во Македонија [1]

Содржина

Борба против Цариградската патријаршија[уреди | уреди извор]

Најстарата пропаганда во Македонија била грчката пропагнада која во почетокот била предводена од Цариградската Патријаршија и отука првиот отпор бил против оваа црква која со себе го носела погрчувањето. Во 50 - тите година на 19 век, незајакнатите македонски општини индивидуално почнале да настапуваат пред Патријаршијата со барања со отстранување на грчките владици и нивно заменување со лица од словенско потекло [2]. Со развојот на економската сила на градското население бројот на барањата се зголемиле.

Барањето на словенсите владици било заменето со барање на владици од домашно, македонско потекло [2]
Странски пропаганди во Македонија
Поделба на Македонија по Букурешкиот договор.
Бугарска пропаганда
Грчка пропаганда
Српска пропаганда
Католичка пропаганда
Протестантска пропаганда
Романска пропаганда
Отпор на Македонците кон туѓите пропаганди

Барањата во однос на просветата се прошириле. Било барано да се воведе македонскиот јазик наместо во училиштата, а црковно - словенскиот во богослужбата. Бидејќи овие барања не биле исполнети, македонските општини истапиле со порадикални барања, се побарало обнова на Охридската архиепископија.

Во северниот дел на Македонија каде грчкото влијание било послабо барањата биле ограничени на барања за поставување на месен владика како и воведување на црковно - словенскиот јазик [3] и македонскиот јазик во наставата [2] . Меѓутоа во Охрид каде традицијата за автохтона црква била особена жива се започнало силна борба и агитација за обнова на Охридската архиепископија [4], во оваа борба посебно се истакнале Димитар Миладинов и Григор Прличев. Славко Димевски истакнува дека:

Ако површно се посматра документацијата во врска со борбата на македонскиот народ за еманципација од Цариградската патријаршија и грцизмот, може да се дојде до погрешен заклучок дека таа исклучиво се водела против владиците како личности. Меѓутоа, ако на таа борба се гледа како процес, веднаш ќе се забележи дека молбите и жалбите на македонскиот народ, што биле упатувани против овој или оној владика по име, всушност било само легално срдество да се постигне повисока цел: преку сукцесивно сменување на грчките владици со домородни да се создадат објективни услови за полна еманципација од Патријаршијата и создавање на сопствена црква. Владиците Македонци би го обединиле македонскиот народ на ниво на епархии, би го преставувале пред турските власти и би имале можност во поволен момент да се отцепат од Патријаршијата и да ја обноват Охридската архиепископија [2]

Македонските граѓани не можеле да сметаат на подршката од Патријаршијата за канонска обнова на Охридската архиепископија и затоа целосно се насочиле кон Високата Порта обидувајќи се да ја добие нејзината наклонетост кон ова прашање. До Портата биле испраќани барања во кој било истакнато дека:

... како словенски народ, треба да има своја црква, која во 1767 година ја укинал султанот Мустафа III, со што Високата порта ќе исправи една неправда [5][2]

Еден дел од јужните македонски општини сметале дека таквите барања нема да бидат уважени од страна на Портата и затоа тие се свртеле кон Римокатоличката црква. Според еден од водачите на кукушкото преродбеничко движење Нако Станишев тие преминувале кон унијата затоа што:

Вера без народ не може, а народ без вера може. Ако верата не е добра ќе ја пресечеме и ќе си најдеме друга вера[6]

Судир со бугарската пропаганда во врска со решавањето на црковното прашање[уреди | уреди извор]

Во 60-тите години на 19 век околу Бугарската црковна општина во Цариград се концентрирале бугарските банкари и трговци кој ја финансирале бугарската пропаганда. Тие располагале со развиен бугарски печат и како таков го користеле за ширење на нивните идеи и цели, наспроти нив биле: носителите на македонскиот индивидуалитет, кои немале никакви услови за ширење на своите македонистички идеи [2]

Бугарските првенци барале од Високата Порта македонските епархии да бидат вклучени во новата бугарска црква, а истовремено се започнало со притисок врз македонските црковно - училишни општини, исфрлање на сите учебници од наставата кој не се на бугарски јазик, да се постават што поголем број на бугарски учители кои ќе ја воделе наставата на бугарски јазик.

Македонското граѓанство на ваквото настапување се спротивставило. Отпорот започнал со одбивање на бугарските учители и учебници, а ваквите истапи на граѓанството постепено се претвориле во отпор против навлегувањето на бугарското влијание воопшто.

Уште во 70-те години на 19 век реакцијата против навлегувањето на бугаризмот во македонскиот организам добил пошироки размери. Особено кога станало јасно дека црковното прашање се решава само во полза на Бугарите, дека не станува збор за создавање на заедничка црква, во која и македонската граќанска класа во управувањето со црквата ќе има рамноправно учество, таа започнала да протестира пред преставниците на Бугарската егзархија. Дури и оние приврзаници на заедничкиот живот со Бугарите под бугарско име започнале да прават разлика меѓу Бугарите и Македонците. Но отпорот веќе не бил ефикасен. Наоѓајќи се пред крстосан оган меѓу грцизмот и бугаризмот, тие морале да се определат за последниот, со надеж дека низ внатрешна борба во рамките на новата бугарска црква ќе најдат сили да се изборат за свои права и да го зачуваат својот индивидуалитет [2]

Македонските црковно-училишни општини и Егзархијата[уреди | уреди извор]

Црковно-училишни општини[уреди | уреди извор]

По формирањето Егзархијата се насочила кон преземање на црковно - училишни општини во Македонија, но на таквата политика општините се спротивставиле. Отпорот против Егзархијата имал општ карактер и бил присутен речиси во сите општини низ Македонија. Најмногу бил изразен во централните општини: Солун, Битола, Скопје и други, Овие централни општини се стремеле околу себе да ги групираат другите општини во рамките на еден вилает и заеднички да се спротивстават на Егзархијата.

Обид за создавање на единствен црковно-просветен центар за Македонија[уреди | уреди извор]

Во 1882 година се датира еден обид за создавање на црковно - просветен центар за Македонија. Солунското граѓанство се обратило кон останатите македонските општини советувајќи ги во иднина да не кореспондираат дирекно со Егзархијата туку преку Солунската црковно - училишна општина, а со тоа требало да се создаде единствен центар кој би требало сите македонски општини да ги претставува пред Егзархијата.

Во меѓувреме биле спроведени избори за црковно - училишната општина во Солун и новото раководство побарало да се измени уставот од 1871 година и да се донесе нов во кој би требало да се гарантира општинската самоуправа.

Судирот на битолското граѓанство со Егзархијата[уреди | уреди извор]

Поводот за судир меѓу битолчани и Егзархијата е назначувањето на поп Ставре за претседател на Битолската општина, иако битолчани го избрале архимандритот Ананиј. Против назначувањето на поп Ставре се изјасниле највидните граѓани: Робев, Колиштраков, Камчев и Димитар Ризов.

Во противењето на Егзархијата најмногу се истакнал Димитар Ризов, тој во тоа време одржувал врски со повеќе општини од Македонија. Спорот меѓу битолчани и Егзархијата траел две години и на крајот егзархот го сменил поп Ставре, но на местото претседател на општината не го поставил архимандритот Ананиј туку Евстатиј кој подоцна станал егзархиски митрополит.

Ова назначување предизвикало нов судир. Во 1882 година, Димитар Ризов во името на битолчани побарал помош од Високата Порта. Врз основа на членот 62 од Берлинскиот конгрес, Ризов побарал на македонските црковно-училишни општини да им се даде самостојност и тоа преку донесување на едниствен општински устав, а копија од ова барање било испратена и до Егзархијата со дополнително писмо во кое било истакнато дека таквиот устав треба да биде разгледан и одобрен од сите македонски општини.

Според Димитар Ризов, општинскиот устав требало да ги опфати: начинот на избирање на општинските членови, нивниот состав, прават и должностите и нивниот однос кон турската власт, Егзархијата, кон училиштата и народот.

Меѓутоа Високата Порта не го прифатила барањето на битолчани сметајќи дека тоа е локално прашање. Егзархот од своја страна се изјаснил против општинскиот устав бидејќи:

не можат да донесат такви регионални устави кои водат кон разединување на бугарскиот народ. Егзархијата е единствениот преставник на целокупниот народ и има неприкосновено право да управува со црковно-просветниот живот во сите епархии под своја јурисдикција и единствено таа е одговорна пред турските власти [2]

Варош[уреди | уреди извор]

Во втората половина на 80-те години на 19 век меѓу македонското граѓанство и интелигенција се појавило едно движење кое било насочено против Бугарската егзархија. Првите дејствија против Егзархијата биле спонтани но постепено дошло до создавање на едно масовно движење.

Незадоволството од Егзархијата се зголемило до степен што македонското граѓанство почнало да размискува за масовно откажување од егзархиската јуриздикција [7]. Масовноста на антиегзархиското движење се гледа и преку малото Варош во Прилеп. Граѓаните од Варош на чело со свештеникот Спасе Игуманов собрале доброволни прилози за да изградат своја црква и да не одат во Прилеп.

Меѓутоа Егзархиската црковно-училишна општина од Прилеп не се согласила со таквиот обид за подигање на нова црква бидејќи тоа би ги смалило нивните приходи, судирот толку се заострил што тој стигнал и до самиот егзарх Јосиф во Цариград. Меѓутоа егзархот застанал на страната на црковно-училишната општина, а тоа допринело варошани на чело со свештеникот Спасе Игуманов го поставиле прашањето за јуриздикцијата на Егзархијата и покренале црковно прашање на македонска основа.

Варошани решиле да се откажат од егзархиската јуриздикција. За таквата акција влијаела одлуката на егзархот Јосиф, која била оценета како деспотска, а друга страна влијаел и самиот Спасе Игуманов кој поборник за возбновување на Охридската архиепископија, треба да се истакне дека меѓу нив имало и влијание на српската пропаганда. Под сугестија на српските преставници Светислав Правица и Шпиро Копривица од Прилеп, било решено Спасе Игуманов да замине во Цариград и со посредство на Стојан Новаковиќ да се сретене со цариградскиот паријарх и од него да се побара признавање на Македонската православна општина [8] во Прилеп, односно таа требало да ја признае црковната власт на Цариградска патријаршија.

Свештеникот Спасе во Цариград преговарал со патријархот но до договор не дошло бидејќи спасе инсистирал општината да носи македонско име, а патријархот се согласил само на името православна општина без придавката Македонска [8].

Меѓутоа Спасе Игуманов не се откажал и затоа се обратил до апостолскиот викар на Римокатоличката црква и побарл да се признае самостојноста на Македонската православна општина во Прилеп во замена за унија со Рим. Но викарот на таквата иницијатива се искажал против, тој во својот извештај до Конгрегацијата за пропаганда на верата истакнал:

... предлогот на попот Спасе... во себе не носи елементи на религиозно присоединување кон Римокатоличката црква туку национална ориентација која има антибугарски карактер... признавањето на една општина со македонско име можела да ги затвори патиштата за придобивање на целата бугарска нација, заедно ос Бугарската егзархија [2]

Додека поп Ставре го чекал одговорот од викарот бил повикан од страна на Теодосиј Гологанов и тој му замерил што преговара со Стојан Новаковиќ, цариградскиот патријарх и римокатоличкиот викар. Меѓу другото Гологанов истакнал дека Спасе и Варошани треба да се откажат од идејата за отцепување од Егзархијата бидејќи црковно-училишната општина сама нема да може да преживее и дека најдобро би било да се почека да созреат условите за обнова на Охридската архиепископија:

кога сите македонски епархии, под македонско име ќе се осамостојат од туѓите верско-национални пропагнади [2]

По враќањето во Прилеп, поп Ставре и Варошани го продолжиле судирот со Егзархијата. Поради тоа Ставре бил наклеветен дека подготвува бунт на населението и поради тоа бил уапсен и затворен во битолскиот затвор од страна на турските власти. Ставре подоцна бил ослободен и добил забрана да доаѓа во Прилеп по што морал да замине за Белград, а во 1890 година се нашол во Скопје кога таму пристигнал новиот егзархиски митрополит Теодосиј Гологанов.

... антиегзархиското движење на граѓанството во маалото Варош покажува дека спорот околу изградбата на нова црква е само повод. Причината имала подлабоки корења во општото незадоволство против Егзархијата, како носител на големобугарската пропаганда во Македонија. Прилепскиот случај сведочи дека процесот на узревање на македонската национална мисла отишла напред кај прилепското и воопшто кај македонското граѓанство, бидејќи масовното барање да се отфрли егзархиската власт од страна на 3 500 души и да се основе самостојна црковно-училишна општина под македонско име, наскоро се проширило и во другите македонски градови, а по три години опфатило и повеќе македнски епархии [2]

Во контекст на ова движење Ѓорче Петров истакнува дека се јавило едно настроение на:

младите против владиците, општините, егзархиските учители и службеници, и една струја против посегањата на Егзархијата бесконтролно да господарува во црковните и училишните работи во земјата. Еснафите, што во македонските градови сочинуваа моќен сталеж, скоро минаа во оваа борба на страна на младите. . . Ова движење се паѓа паралелно со појавата на таканаречениот од некои македонски сепаратизам, изразен преку списанието Лоза, во Софија, раководено од Арсов, Баласчев, Хаџи Николов и други. . . Во Солун се пројави меѓу учителите во гиманазијата исто ова сепаратистичко движење. Реченото раздвижување . . . го сметам како прв чекор на самодејност во земјата. . . Тоа неосетно се прероди во револуционерно движење [9]

Обиди за обнова на Охридската архиепископија[уреди | уреди извор]

Митхад-паша и Солунското граѓанство[уреди | уреди извор]

По создавањето на Бугарската егзархија Македонците не се откажало од стремежот за обнова на Охридската архиепископија. Во првата половина на 70-те години на 19 век силна активност пројавило солунското граѓанство. Дополнителен импулс било и доаѓањето во есента 1873 година на Митхад-паша за солунски валија. Тој бил долгогодишен министер и добро ги познавал внатрешните состојби во Отоманската Империја и стремежите на потчинетото населние.

По убедување демократ со либерални сваќања, Митхад-паша по доаѓањето во Солун застанал на страна на македонскиот народ во црковниот спор околу поделбата на македонските епархии. Во желба да создаде спокојство не само во Солунскиот, туку и во другите два македонски вилаета... Митхад-паша отворено застанал на страна на македонското движење... и решавањето на македонското црковно прашање го гледал во создавање на македонска национална црква. Во таа смисла ги повикал највидните македонски првенци и им ветил своја поткрепа во решавањето на македонското црковно прашање врз македонска национална основа, бидејќи Македонците преставуваат посебен народ на Балканот [2] [10]

Со таквата поткрепа солунското граѓанство создало комитет со цел да се организира населението во Македонија за заедничко настапување пред Високата Порта со барање за обнова на Охридската архиепископија [11].

Дејноста за обнова на Архиепископијата брзо се проширила во Македонија но и во македеонската колонија во Цариград. Во северниот дел на Македонија посебно се истакнале градовите Скопје и Велес која јасно истапиле против грчката пропаганда но и на засилениот бугаризам.

Меѓутоа руската дипломатија сметала дека таквото движење за обнова на Охридската архиепископија не е во нејзин интерес и затоа таа побарала од Високата Порта да се отстрани Митхад-паша од Солун, а меѓу другото било побарано егзархот Антим да го предупреди владиката Натанаил Кучевишки да престане со агитацијата за обнова на Архиепископијата.

Треба да се истакне дека во голема мера за јавување на оваа дејност за обнова на Охридската архиепископија влијаеле гласините за постоење на договор меѓу Егзархијата и патријаршијата за поделба на македонските епархии.

Затоа Егзархијата во Солун го испратила Нил Изворов со задача да го убеди солунското граѓанство дека таков договор не постои. Но наспроти тоа Митхад-паша успеал да го убеди епископот Нил да даде поткрепа на движењето за обнова на Охридскатата архиепископија, а самиот Нил Изворов застанал на чело на тоа движење.

Во движењето за обнова на Охридската архиепископија застанале градовите од јужна Македонија кои според договорот требале да подпаднат под јуриздикција на Цариградската патријаршија но движењето било осбоено силно и во северна Македонија и покрај тоа што овие треабало да се најдат под Егзархијата. Односно населението во Македонија не било задоволно нито од создавањето на Бугарската егзархија ниту од поделбата на македонските епархии и затоа го покренале прашањето за создавање на автохтона црква која би требало да застане на патот на пропагандите.

Унија како средство за обнова на Охридската архиепископија[уреди | уреди извор]

Борбата за обнова на Охридската архиепископија влегла во нова етапа кога кон движењето се придружил епископот Нил Изворов. Тогаш солунската црковно-училишна општина писмено се обратила кон останатите македонски општини како и до македонската колонија во Цариград, во ова обраќање солунската општина побарал останатите да се изјаснат по прашањето за обнова на Охридската архиепископија.

Општините соодветно на ова обраќање дале свој одговор, а македонската колонија од Цариград на чело со Харитон Карпузов, затаналае на гледиштетото дека само преку создавање на :

самостојна македонска црква може да се реши македонското црковно и национално прашање [2]

Со цел да се обнови Охридската архиепископија, солунската општина свикала собир на претставници од Македонија. Средбата се одржала на 28 декември 1873 година, а на неа присуствувале преставници на 6 јужномакедонски општини: Солунската, Воденската, Струмичката, Дојранската, Кукушката и Малешевската.

Тие се обратиле до Англиканската црква бидејќи англискиот конзул Блонт од Солун им ветил подршка од англиската влада. Меѓутоа одговорот бил негативен. Затоа 6 општини потоа се обратиле до германската протестантска црква и до американската протестантска црква, но од политички причини биле одбиени од двете цркви.

Откако биле одбиени од протестантските цркви решиле да се обратат до Римокатоличката црква. Шесте јужномакедонски опшини ја прифатиле унијата со Римокатоличката црква, а тоа допринело да дојде до раздвижување на граѓанството во останатите општини во Македонија, некој од нив собрале потписи за приклучување кон унијата и во вид на молби ги испратиле до католичките мисии, меѓутоа во некој од општините не биле донесени конкретни одлуки.

Од своја страна 6 општини сметале дека одговорот од Конгрегацијата е доволен за покривање пред Отоманската Империја, Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија, затоа започнале со изработка на план за обнова на Охридската архиепископија. Бил составен список на кандидати за владици на оделните македонски епархии и архиепископ, чие седиште требало да биде во Солун.

Високата Порта водејќи сметка за своите интереси го отсранила Нил Изворов од Македонија и го преместила во Цариград, а од Солун бил остранет и валијата Митхад-паша кој се залагла за обнова на Охридската архиепископија.

Со овие мерки бил нанесен удар врз движењето за обнова на Архиепископијата, а тоа допринело да дојде до колебање меѓу македонското граѓанство, посебно на она од Солун.

Движењето за обнова на Охридската архиепископија во Македонија спласнало. Меѓутоа, на сите протагонисти за запирање на тоа движење, посебно на руската дипломатија, им било јасно дека македонскиот народ остро реагира против каква и да било поделба на македонските епархии меѓу Патријаршијата и Егзархијата, па преговорите меѓу двете цркви замрзнале. И двете цркви, и Патријаршијата и Егзархијата, се зафатиле со пропагнади за здобивање на позиции меѓу македонското население и негово определување за јуриздикција на едната од нив. Во тие пропагандни настојувања Егзархијата имала поголем успех. Уште во 1874 година успеала во три македонски епархии (велешката, охридската и скопската) да назначи свои митрополити, а во другите епархии да ги стави под своја управа македонските црковно-училишни општини. Патријаршијата, пак и натаму упорно ги држела своите митрополити во македонските епархии, без оглед на бројчената состојба на нејзините прврзаници. На тој начин во Македонија е создадена двојна црковна власт, во беспоштедната борба една против друга, од која најмногу трпел македонскиот народ, бидејќи според припаѓањето на едната или другата црква, се определувала и националната припадност [2]

Барање на охридското граѓанство[уреди | уреди извор]

Во 1890 година 120 охридски граѓани испратиле барање до Цариградската патријаршија за обнава на Охридската архиепископија. Во барањето било истакнато:

Ние, Словените од Македонија, од секогаш сме имале своја црква, Охридска архиепископија... Денес ние би сакале одново да си ја вратиме... Покрај тоа што Бугарите не измамија и излажаа, тие ни го отфрлаат и јазикот, ни ги менуваат и нашите свети обичаи, ја менуваат сета наша лика и прилика. Ние тоа не можеме повеќе да го трпиме и несакаме нашите деца да не колнат нас и гробовите на нашите предци. Сега ние се оделивме од Бугарите и сами сочинуваме словенски општини во Македонија, и сочинуваме самостоен народ. Како такви ние сакаме да имаме наша црква, наши училишта. Ние си најдовме и наши учители кои ги плаќаме и издржуваме [12]

Митрополит Теодосиј Гологанов[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Теодосиј Гологанов.

Митрополитот Теодосиј Гологанов ги согледал штетните влијанија на странските пропаганди во Македонија и опасноста за македонскиот национален индивидуалитет. Во своето писмо од 22 јуни 1891 година до проигуменот Дионисиј пишува:


Ние Македонците немаме толку мака од Турците да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат... Нашата Егзархија со својата црковна и просветна дејност тука во Македонија ја врши всушност најмизерната задача, му го одзема името на еден народ и го заменува со друго, му го одзема мајчиниот јазик и го заменува со туѓ, му ги одзема сите национални белези и ги заменува со туѓи... Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегнуваат по неговиот дух. Тие го уништуваат телото, но духот го почитуваат. А, нашата света Егзархија го убива ова другото, постојаното... Ние духовниците, по потекло Македонци, треба да се здружиме и да го покренеме нашиот народ да се разбуди, да ги отфрли туѓинските управи, да ги отфрли Патријашијата и Егзархијата, и да се обедини духовно во лоното на Охридската Црква, нивната вистинска мајка црква. Не е ли крајно време да се запре националното делење на ист народ само поради тоа што едниот ја признава Патријашијата, другиот Егзархијата, а третиот му се клања на Мухамед[13]

Митрополитот Гологанов против бугарската пропаганда презел и конкретни мерки. Имено, најпрво го отстранил директорот на скопското училиште Антон Наследников бидејќи бил Бугарин [14].

Потоа презел акција за остранување на сите проегзархиски чиновници од црковно - училишната општина преку организирање на нови избори. При изработката на списокот на учители за учебната 1891 - 92 година ги отстранил имињата на сите учители кои биле родум од Бугарија и ги заменил со Македонци.

Сакал да се отвори словенско оделение при вилаетската печатница во Скопје каде требало да се печатат книги на македонски јазик.

На крај ги изгорел сите дукументи од Митрополијата и ги заменил со нови во кои намерно бил изоставен зборот Бугарска егзархија. Овие документи биле печатени на македонски јазик, штипско - велешко наречје.

Во почетокот на октомври 1891 г. за прв пат почнал јавно да ја критикува Егзархијата заради посегањето по самостојноста на македонските црковни општини и нејзината великобугарска политика, предлагајќи отфрлање на туѓите цркви – цариградската и егзархиската.

Културно-просветни друштва[уреди | уреди извор]

Причини за појава на друштвата[уреди | уреди извор]

По Берлинскиот конгрес, Егзархијата успеала да ја наметне својата власт во управувањето со македонските општини, а со самото тоа дошло до организиран пробив на бугарската пропаганда во Македонија и се започнало со воведување на бугарскиот јазик во образованието.

Македонското граѓанство било лишено од секаква можност да парципира во општестевниот и црковно - просветен живот.

По Конгресот македонското граѓанство се обидело да изнајде начин за излегување од таквата сосотојба преку барањата за обнова на Охридската архиепископија, преку создавање на еден единствен македонски центар и на крајот преку обидот за донесување на еден устав кој би требало да важи за сите општини во Македонија меѓутоа ваквите барања не поминале кај Егзархијата.

Поради таквите услови макеоднското граѓанство морало да бара нови начини и форми за здружување настрана од егзархиските верски и општински институции, притоа водејќи сметака за постојните османлиски закони. Постепено во почетокот на 80 - те години на 19 век во македонските центри се формираат културно - просветни и хуманитарни друштва.

Братство[уреди | уреди извор]

Во 1880 година во Битола било основано друштвото Братство, а една година подоцна било основано читалиштето Просвештение, ова читалиште на 25 март 1881 година донело свој устав.

Братство и Просвештение официјално имале просветни цели. Меѓутоа токму поради таквата просветно - културната дејност, тие дошле во судир со претседетелот на Битолската егзархиска општина, попот Ставре. Подоцна во судирот се замешала и самата Егзархија.

Поводот за судирот се случил на 12 февруари 1883 година. Тој ден во училишната зграда се одиграла комедијата Беспаричие на Тургењев, во превод од руски на македонски народен јазик [15]. Таквата дејност продолжила и истата година била прикажана и пиесата Цилиндер од Стојчев во превот од бугарски на македонски говорен јазик [16].

Подоцна биле прикажани уште три Молиерови комедии Лажно болниот, Скаперник и Лагите на Скамен.

Поп Ставре протестирал во име на општината токму поради репертоарот и употребата на македонскиот говорен јазик наместо бугарскиот јазик од страна на драмската секција, Ставре за својот протест ја известил и Егзархија [2].

Христијанско добротворно друштво[уреди | уреди извор]

Солунското граѓанство било незадоволно од егзарихската просветна дејност и форсирањето на филијалите на Христо Г. Данов и н. Манчев во снабдувањето на училиштата со бугарски јазик. Оваа допринело солунското граѓанство да го создаде Христијанско добротворно друштво.

... по својата суштина... се работи за јазичен спор, а основањето на Друштвото било форма, македонската граѓанска класа да се брани од големобугарското влијание [2]

Друштвото се залагало за доследно спроведување на наредбите на вилаетските власти за назначување на отомански поданици за учители, во егзархиските училишта да се користат учебници печатени во Османлиската империја и тие да бидат одобрени од моариф - комисионс [17].

Развитие[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Развитие (просветно друштво).

Во текот на Руско-турската војна во Скопје било формирано просветното друштво Развитие. Меѓутоа поради поради негативниот став кон османлиската власт ова Друштво со својата работа престанало да постои но во март 1880 година повторно било обновено.

На 27 јануари 1885 година, Друштвото донело резолуција во која:

од Високата порта се бара давање политичка и културна автономија на Макеоднија според член 23 од Берлинскиот договор [18]

Во резолуцијата било предвидено да се побара и покровителство од Австро-Унгарија пред Високата Порта. Резолуцијата му била дадена на австрискиот конзул од Скопје, а тој на 2 февруари 1885 ја пратил на својата влада без препорака [18].

Формирање на асоцијации за организирано спротивставување на пропагандите[уреди | уреди извор]

Таен македонски комитет[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Таен македонски комитет.

Во 1885 година во Софија бил формирам Тајниот македонски комитет. Тој се зародил меѓу македонските студенти на Софискиот универзитет, а неговите дејци се залгале за развој на македонската национална свест и заштита на националниот индивидуалитетот од посегањата на пропагндите кој го делеле македонскиот народ на Срби, Бугари и Грци, односно се истакнувало дека Македонците не се Бугари, а македонскиот народ е посебен народ [2].

Поради таквата програма комитетот бил растурен, а голем дел од членовите на ја напуштиле Бугарија и некои од нив заминале во Србија.

Друштво Србо-Македонци[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Друштво Србо-Македонци.

Целата на друштвото е афирмација на македонскиот национален индивидуалитет и борба против бугарската црковно-просветна пропаганада во Македонија. Асоцијацијата била под влијание на некои од пропагандите, првенстевено српската пропаганда, поради нејзиниот дотогаш отворен македонистички настап.

Во 1887 година преставниците на Друштвото, Коста Групче и Наум Евро со посредство на српскиот дипломатски преставник Стојан Новаковиќ, од Великиот везир побарале издавање на Македонски лист[19]. Весникот требало да се издава на чист македонски дијалект[19]. Меѓу другото на Великиот везир му било истакнато:

... откако се роди бугарското црковно прашање, со него се фрли семето на раздор меѓу христијаните - раја, кое и донесе големи несреќи на нашата татковина, а според интригите на туѓите пропаганди, бевме на најлоша среќа да ја примиме бугарската народност , којшто за нас Македонците е сосема туѓа[19]

Македонско студенско друштво[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Македонско студенско друштво.

Друштвото било формирано кон крајот на 1890 година од страна на македонските студенти во Софија. Друштвото имало и свој устав во кој се нашле и нивните цели:

  1. Ослободување на Македонија од турското ропство
  2. Формирање на револуционерна организација во Македонија
  3. Врбување на истомисленици и нивно препраќање во Македонија
  4. Издавање на едно списание што ќе се спротистави не само на турскиот терор, туку и на туѓите пропаганди што го цепат македонскиот народ на Бугари, Грци и Срби

Силогос Македонија на Македонците[уреди | уреди извор]

Во април 1891 година Силогосот (клубот) Македонија на Македонците издал еден проглас во кој се повикува македонскиот народ, без разлика на јазик и вера, да се спротивстават на странските пропаганди во Македонија и да не дозволат тие да го разгоруваат меѓу народот расцепот на народносните страсти.[20]}}

Други активности или публикации на овој клуб не се познати.

Млада македонска книжевна дружина[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „ Лозарско движење.

Во тоа време група млади македонски интелектуалци во Софија формирале асоцијација што ја нарекле Млада македонска книжовна дружина [21] [22] .

Оваа Дружина почнала да го издава списанието Лоза. Списанието Лоза на еден многу вешт начинин ги преставиле посебностите на Македонија на етнички, културен и историски план, а притоа воделе сметка да ги задоволат бугарската влада и општетсво за да не дојдат во судир со нив. Но по излегувањето на првиот број на Лоза сите разбрале каква цел гонат Лозарите и затоа веднаш се нафлиле врз Дружината и Лоза. Предводничка улога во овие напади имал весникот Свобода, а по излегувањето на вториот број на Лоза, Левов во весникот Свобода истакнал:

Младата дружина под превезот на книжевноста не ја гони целта и пропагандата за некаков фонетски правопис, туку тенденции и цели колку куриозни, жални, толку збунувачки, срамни и опасни... (ММКД б.н) Полека лека ќе го подготвува бугарското општествено мнение за оделување на Македонија од Бугарија и полека лека ќе воведува зборови од охридското подрачје што ќе биде литературен јазик на идната Голема Македонија, на чело на која ќе дојде некој од редакторите на Лоза во својство на Филип или Александар!?!... Како што гледате Македонската дружина смета дека нивната татковина е Македонија, дека последната е населена со оделно словенско племе наречено Македонци, дека таму се собрале севозможни надворешни елементи, т.е. Бугари, Грци, Срби... дека целта им е да ни дадат еден силен отпор и да се зачуваат од нашите разбојничи посегања и дека Лоза ќе и служи на истата цел!! Како ви се бедисува[23]

Меѓутоа, и нивната работа била запрена од страна на Стамболовата влада, во средината на 1892 година Лоза била забранета, а Дружината растурена [24].

Таен македонско-одрински кружок[уреди | уреди извор]

ТМОК бил основан во Санкт Петербург, 1900 година. Негова цел, според Протоколот од првото заседание, била: Да го помага материјално и морално македонското дело и, според своите можности, да го следи неговиот развиток. Крсте Петков Мисирков бил член-основач, а во 1902 год. станал претседател на ТМОК.

Македонско научно-литературно другарство[уреди | уреди извор]

МНЛД официјално е конституирано на 28 октомври 1902 година со 19 потписници, а меѓу нив биле (Крсте Петков Мисирков, Димитрија Чуповски, Дијамандија Трпков Мишајков, Стефан Јакимов Дедов, д-р Гаврил Константинович и др.).

Една од главните цели МНЛД е афирнација на македонскиот јазик во литературата и тоа го направиле преку издавање на разни брошури и списанија. Треба да се истакне дека Крсте Петков Мисирков со подршка на Другарството ги ја објавил за За македонцките работи во 1903 година. Со оваа дело јасно бил истакнат македонскиот индивидуалитет и македонски јазик.

Ние можеме да го велиме како што сакаме, но во дејствителност тоа беше само частично. Тоа беше и е работа на егзархистите, коишто се величаат Бугари, па следствено, тоа е бугарски маневар за да се реши македонското прашање само во бугарска полза; тоа е да се создаде една Бугарска Македонија. Може да не е уште јасно оти ако се задоволат сакањата на комитетот, Македонија и навистина ќе се направи бугарска? Ќе се постарам да покажам појасно како реформите можат да ја побугарат Македонија. Се прашува: кој јазик ќе биде официјален? Одговараат: јазикот на мнозинството. - На кое мнозинство? - Тогаш ќе се види [25]
И најпосле, мнозина ќе забележат оти најголемата наша несреќа се крие во тоа што кај нас нема местен македонски патриотизам. Да беше кај нас тој, ние кај и да сме ќе мислевме и ќе работевме само за Македонија. А сега едни од нас гледаат на себе како на Бугари и ги соединуваат нашите интереси со бугарските и наместо да ја изучуваат Македонија во секаков однос, наместо да ја изучуваат историјата на Македонија во сите времиња, ги изучуваат бугарските интереси и бугарската историја и не честопати оние периоди од неа што немаат никаков однос кон Македонија [25]

Училишни бунтови[уреди | уреди извор]

Солунската машка гимназија Св. Кирил и Методиј[уреди | уреди извор]

Во 1881 година во Солун со дозвола на валијата Галиб паша била отворена Солунската машка гимназија Св. Кирил и Методиј. Низ клупите на оваа гимназија поминале голем број на македонски револуционери и дејци, меѓу нив биле: Пере Тошев, Ѓорче Петров, Петар Поп Арсов, Даме Груев, Крсте Петков Мисирков, Гоце Делчев, Борис Сарафов и други.

Учебна 1882/1883 година директорот Божил Рајанов и професорот Трајко Китанчев побарале поголема автономија за гимназијата и негодувале поради методите на наставата и карактерот на образованбието.

Од своја пак страна Трајко Китанчев за време на празничните денови во цркавата св. Кирил и Методиј во Солун одржувал проповеди кој секогаш ги завршувал со зборовите: Браќа има крај на теглото, на неволјите. Амин! На тој начин Китанчев го револуционизирал македонското солунско граѓанство. Под влијание на Рајанов и Китанчев бил и Ѓорче Петров кој тогаш бил ученик во четврти клас и тој започнал да објавува анонимни писма во весникот Балкан, во овие писма Петров ја напаѓал црковно-просветната дејност на Бугарската егзархија.

Во учебната 1883/1884 година Трајко Китанчев и Рајанов останале без служба, а за нов директор бил поставен Георги Кандиларов и тоа било повод за започнување на еден училишен бунт. Ѓорче Петров напишал една брошура во која ја нападнал гимназијата и директорот, потоа дошло до еден бунт и поради тоа биле исклучени 14 ученици, а меѓу нив биле Пере Тошев и Ѓорче Петров.

Во учебната 1887/1888 година повторно дошло до бунт во солунската гимназија. Поводот за бунтот биле политичките борби кој се воделе меѓу русофобите и русофилите во Бугарија, првите биле Стефан Стамболов, а вторите со Бугарската егзархија. Овие борби се пренеле во солунската црковно-училишна општина и во Солунската машка гимназија. Учениците овие борби ги искористиле да го постват прашањето за воведување на македонскиот јазик во наставата. Тие истакнале:

дека не можат да работат на бугарски јазик, туку сакале да работат и да им се предава на нивниот домашен, македонски дијалект [1]

Поради овој бунт од гиманзијата биле исклучени 38 ученика, од ко 14 седмокласници. Во овој бунт предводници биле Даме Груев и Петар Поп Арсов.

Во есента 1894 година дошло до бунт меѓу учениците од седмиот клас. Поводот за започнување на бунтот се случил за време на часот на Ил. Василев кога еден од учениците Гиновски побарал на двапати да го напушти часот по природна потреба но бил одбиен и затоа ученикот самоволно го напуштил предавањето. За настанот разбрал директорот Михаил Сарафов и донел одлука Гиновски со едномесечно отсусутво од гиманзијата.

Но соучениците на Гиноски се солидаризирале со него и ја напуштиле гиманзијата и пансионот притоа се сметиле во ановите истакнувајќи дека нема да се вратат се додека нивниот соученик не се врати во гиманзијата [26].

Учениците уште во почетокот на училишната година биле незадоволни од директорот Михаил Сарафов. Во однос на овој бунт во весникот Право било истакното:

сума експерти во тоа време се испраќани од Цариград за да ја изучат коренитата причина на болеста, но ниеден, не може точно да ја определи дијагнозата и да препише соодветен лек. Едни од нив, заслепени од партизански страсти, злото го гледаат во прогресивните и слободољубиви идеи на некои г-да учители, кои за час биваа исклучувани. За доказ на тоа е доволно е да се споменат имињата на некои од нив како Б. Рајанов, Т. Китанчев, Т. Танев, К. Величков, Д. Цонев, Т. Попов, П.П. Арсов, Г. Беласчев и други [26]

Во зимата 1896 година под влијание на Македонската револуционерна организација и Мелничкото востание учениците во гиманзијата биле револуционерно настроени и тоа влијаело повторно да дојде до нов бунт.

Директорот Михаил Сарафов не им дозволил да присуствуваат на карневалот и тоа било повод за отворен нов бунт. За време на дежурството на Андреј Стојанов учениците насилно излегле од пансионот. Тие ја пробиле вратата го нападнале гавазот, а меѓу првите бил Димитар Мицо Делчев.

Пансионската комисија донела донела одлука 40 ученици да бидат исклучени од гиманзијата но зад нив застанале граѓаните и Михаил Сарафов морал да попушти.

Училишните бунтови на Македонците во Белград[уреди | уреди извор]

По исклучувањето на 38 ученика од Солунска машка гимназија тие преку Темко Попов стапиле во контакт со српскиот конзул Петар Карастојановиќ. Конзулот од своја страна им ветил дека ќе им овозможи да го продолжат образованието во Србија и дека ќе им биде дадена и финансиска поткрепа. Според српската пропаганда ученици по шкловувањето:

требало да се вратат по своите родни места и таму да дејствуваат во полза на српската идеја [1]

До крајот на 1888 година во Белград се нашле 33 ученици од Македонија. Меѓу нив биле Даме Груев, Петар Поп Арсов, Христо Поп Коцев, Никола Наумов, Крсте Петков Мисирков и други. Во однос на школувањето во Белград, Даме Груев кој се нашол таму како ученик истакнува дека:

Ние сами го бевме пробале дејството на таа пропаганда... Ни се вети стипендија и ни се даде. И тогаш јас со уште неколку македончиња отидовме во Белград. Тука можевме да ги согледаме српските намери бидејќи силно се грижеа да ни ја внушат српската идеја и да ни го наложат српскиот јазик, кое уште повеќе не раздразнуваше [27]

Затоа Петар Поп Арсов и Димитар Попов меѓу младите македонци почнале да агитираат против српската пропаганда. Поради тоа Димитар Попов бил исклучен. Меѓутоа во декември 1888 година дошло до нов бунт на чело со Петар Поп Арсов, Христо Поп Коцев и Никола Наумов.

Поради таквата агитација тие биле исклучени, а во меѓувреме меѓу македонските ученици во Белград почнал да делува бугарскиот агент Минчович. Тој им ветил дека ако заминат за Бугарија ќе можат да дејствуваат врз македонска основа. Затоа набргу 34 ученика се нашле во Софија каде ја продолжиле својата агитација во против пропагнадите. Имено меѓу овие ученици имало идни дејци на Македонското студенско друштво, Лозарското движење и Македонската револуционерна организација

Бунт во Битолската егзархиска гимназија[уреди | уреди извор]

Поводот за започнување на бунтот во битолската гиманзија се случил при прославата на празникот св. Кирил и Методиј на 23 мај 1899 година. Митрополитот Григориј одржал беседа за браќата Кирил и Методиј, а по него се обратил и в.д директорот Стоилов, меѓутоа тој бил насилно прекинат од учителот по историја Иван Цоков. Тој во своето обраќање ги искритувал претходните говорници и побарал:

црковните книги да се преведат од црковнословенски на месниот дијалект [28]

Дополнително Цонев побарал македонскиот народен говор да биде воведен во училиштата и црквите на местото на бугарскиот литературен јазик [29]. На ваквиот настап реагирал митрополитот Григориј и следниот Иван Цоков останал без служба.

Оваа случка била повод на 26 мај 1899 година да дојде до бунт во кој предводничка улога имале учителот Андон Димитров и учениците Милан Матов (братот на Христо Матов и Нестор Поповски. Меѓутоа треба да се истакне дека најверојатно зад целиот бунт стоел Даме Груев иако тоа никаде не се спомнува во официјалната егзархиска документација [30].

Бунтот довел до целосна блокада на гимазијата и пансионот. Затоа митрополитот Григориј побарал вилаетската полиција да интервенира но до тоа не дошло. Меѓутоа бидејќи и учителите биле замешани Егзархијата го суспендирала целиот учителски кадар во Битолската гиманзија, а со посебно циркуларно писмо под број 2784 од 24 август (стар стил 1899 година исклучила 18 ученици засекогаш од сите егзархиски училишта.

Македонската револуционерна организација[уреди | уреди извор]

Причини за појава на револуционерна организација[уреди | уреди извор]

Странските пропаганди во Македонија допринеле да дојде до две спротивни состојби. Од една странапод влијание на пропагнадите населението во Македонија почнало да се дели на Срби, Бугари и Грци, а сето тоа дејствувало ретроградно врз македонското ослободување.

Наспроти таквата состојба, самите пропаганди допринеле да дојде до збивање на редовите на младата македонска интелигенција која излезот од таквата ситуација, односно ослободувањето на Македонија од Отоманската Империја и зачувувањето на македонскиот индивидуалитет, го гледале во создавање на една револуционерна организација.

Со текот на времето пропагандите станале: кохезионен фактор кој ги збил редовите на македонската младина, граѓанските, првенствено егзархиските средини и интелигенција [30]. Во голема мера странските пропаганди допринеде да дојде до формирање на Македонската револуционерна организација.

Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници[уреди | уреди извор]

Каков бил ставот на Македонската револуционерна организација кон Странските пропаганди се гледа од брошурата Стамболовштината во Македонија напишана од Петар Поп Арсов по барање на Централниот комитет на Организацијата. Меѓу другото во оваа брошура се истакнува:


граѓаните веќе започнуваат да си играат со бившиот министер, тешко е бај Сарафов, кога човек веднаш ќе падне морално пред очите на народот - нели?... и ве уверуваме дека така ќе продолжи да бива положбата на сите твои сотатковци, кои доаѓаат во Македонија, со претензија да создаваат Бугари, да ја култивираат земјата... уште потешка ќе стане положбата на вашето начелство, кое сака нека биде тоа, ако продолжите да ви дава слични инструкции, не ќе прокопса бугарската идеја, ако одите со тој ум. Зашто ние Македонците, баш ништо немаме, ништо не сме спечалиле, благодарение на слепата доверба кон своите божем браќа, па нема што да изгубиме [31]
сомневајќи се во најново време во некаков сепаратизам, а првин - се гледа во нашата народност[31]. (се стреми б.н) да го убие секое посамостојно движење во нас, да ја одземе секоја можност Македонците да се занимаваат со повозвишени општествени прашања, и на тој начин... да го стави народниот македонски дух во полна зависност од неа, да го огради како птица во кафез... да не окова во синџири за да не разигрува како мечка, и да не води таму, од каде добива голем бакшиш [31]
напомош сите чесни Македонци! Елате да ги спасиме општините... (бидејќи тие се б.н) единствен наш парламент, каде се закрепнувал и зачувал стариот демократски словенски дух на нашиот народ... единствена народна институција, која ја зачувале нашата националност и човечка физиономија во петстогодишниот период [31]

Од оваа брошура се гледа дека Македонската револуционерна организација започнала борба со Бугарската егзархија и Егзархиската групација во Македонија кој биле спроводници на Бугарската пропаганда во Македонија.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 2,16 Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  3. В. Кънчов, Град Скопие, Периодическо списание София, г. XI, 1898
  4. Е. Спространов, По възраждането на гр. Охрид. Сб. НУНК София, г. XIII, 1896
  5. Цариградски вестник, 26 март 1860, бр. 470; 2 април 1860, бр. 472; 7 мај 1860, бр. 482
  6. Крум Тошев, Гоце Делчев, София, 1955
  7. Архив на Историскот институт при САН Београд: Збирка на Јован Ристиќ, Инв. бр. 12/629, Сиг. II/5
  8. 8,0 8,1 Климент Џамбазовски, Културно-општествените врски на Македонците со Србија во текот на XIX век, Скопје, 1960 г.
  9. Ѓ. Петров, Спомени, Скопје, 1950
  10. Кирил патриарх български, Екзарх Антим, с, 533-534
  11. Цариградски спомени. Българска сбирка, I/1 ноем. 1894, кн. 11, с. 849
  12. Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за философско - историски науки, Скопје, 1981.
  13. Љ. Лапе, Одбрани текстови... втор дел, 292 - 293.
  14. С. Димевски, Митрополитот скопски Теодосиј, живот и дејност (1846 - 1926), Скопје, 1965.
  15. В.Марица VI/1 март 1883, бр. 468, с.4
  16. В.Марица VI/5 декември 1883, бр. 493, с.4
  17. Прот. екз. п., бр. 265 од 29 мај 1882
  18. 18,0 18,1 Staats Archiv Wien Pol. arhiev XXXVIII. Konsulat Salonich. Karton 256. Изв. бр. 19 од 22 февруари 1885. Прилог: Резолуција на Просветното друштво Развитие
  19. 19,0 19,1 19,2 Љ. Љапе, Одбрани текстови II дел
  20. Владан Ђорђевиħ, „Србија и Грчка: 1891-1893.“, Београд, 1923, стр. 95-96.
  21. д-р Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Скопје 1997
  22. Драган Ташковски, Раѓање на македонската нација, Наша Книга, Скопје, 1970.<
  23. Д. Т. Левовъ, Лоза, Свобода, VI/786, София 13.04.1892,3
  24. Подоцна неколку младинци од студентите Македонци формираа Млада македонска книжовна дружина што почна да го издава списанието „Лоза“. Владата на Стамболов презеде се за да ја убие и неа. Членовите на дружината ги прогласи за сепаратисти, еден од нив испрати во прогонство во Луковит, двајца затвори во Софија, другите ги избрка и на тој начин дружината беше разбиена - ја уништија. Коста Шахов, весник Македонија
  25. 25,0 25,1 К.П.Мисирков, „За Македонцките работи“, јубилејно издание, Табернакул, Скопје, 2003. ISBN 9989-937-42-7
  26. 26,0 26,1 Бунтътъ въ Солунската мѫжска гимназния, Право I/1. 12.11.1894 София
  27. Спомени на Дамянъ Груевъ
  28. Милан Матов, Спомен за Даме Груев, Даме Груев - живот и дело... I част
  29. С. Димески, Просветната политика на Егзархијата..., 48-49
  30. 30,0 30,1 Димитар Димески, Македонското национално движење во Битолскиот вилает 1893-1903
  31. 31,0 31,1 31,2 31,3 Вардарски (Петар Поп Арсов), „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006

Литература[уреди | уреди извор]

  • Христо Бъргов, Конституция на Българската църква, София, 1921
  • Петар Х. Илиевски, Обиди за воведување на говорниот јазик во писменоста пред Крсте П. Мисирков. Реферат на Симпозиумот посветен ма Крсте П. Мисирков, Скопје на 22-23 април 1975
  • Ристо Кантарџиев, Македонското преродбенско училиште, Скопје, 1965
  • Кирил патриарх български, Екзарх Антим (1816-1888), София, 1956
  • Кирил патриарх български, Българското население в Македония в борбата за създаване на Екзархията, София, 1971
  • Блаже Коневски, Кон македонската преродба, Скопје, 1959
  • Љубен Лапе, Придонес на македонските студенти во странство во развитокот на македонската национална мисла и одбрана на македонската индивидуалност, Историја, Скопје, VI/1970, бр.2
  • Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската национална свест. Библ. Светлини на минатото, Скопје, 1969

Видете исто така[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]