Ученичка дружина „Вардар”

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ученичката дружина „Вардар“ беше основана во 1893 год. во Белград [1]. Нејзината официјална цел, според „Правилата”, гласи: „Да работи врз испитувањето и запознавањето на својата татковина во географски, етнографски и историски поглед”, а чии неофицијални но вистински цели, според сведоштвото на нејзиниот член-основач К. П. Мисирков, биле: „Негојите членоји да се запознајат и да си изработат једна програма, која ќе ја осашчествуваат во Македонија тајно от србцката пропаганда”.

Основачи на дружината се Крсте Петков Мисирков, Петар Попарсов, Даме Груев, Георги Баласчев, Димитар Мирчев, Христо Попкоцев и др.

Уште во следната година дружината се соочува со проблеми, а во 1895 гoдина веќе и наполно исчезнува. Мисирков пишува дека тоа се случило затоа што „Србите не доверуваа на Македонците и зафатија да прајќаат во него „старосрбијанци”, црногорци, боснијци, ерцеговинци и пр... Но - вели тој - со растурајњето на другарството не се изменија чувствата и стремежите на македонците во Србија. Они зафатија да следат ревољуционата организација, создадена од македонци со србцко-бугарцко образуајње, како и односот на србите кон неја”.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Гиза, Антони. „Балканските държави и Македония“, Македонски научен институт ­ София, 2001 г.