Судир со бугарската пропаганда во врска со решавањето на црковното прашање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Судирот со бугарската пропаганада за решавање на црковното прашање го започнало населението во Македонија со цел за да се создаде автохтона црква односно да дојде до обновување на Охридската архиепископија.

Причини[уреди | уреди извор]

Странски пропаганди во Македонија
Поделба на Македонија по Букурешкиот договор.
Бугарска пропаганда
Грчка пропаганда
Српска пропаганда
Католичка пропаганда
Протестантска пропаганда
Романска пропаганда
Отпор на Македонците кон туѓите пропаганди

Во 60 - тите години на 19 век околу Бугарската црковна општина во Цариград се концентрирале бугарските банкари и трговци кој ја финансирале бугарската пропаганда. Тие располагале со развиен бугарски печат и како таков го користеле за ширење на нивните идеии и цели, наспроти нив биле: носителите на македонскиот индивидуалитет, кои немале никакви услови за ширење на своите македонистичи идеи [1].

Потребата за учителски кадар во Македонија била злоупотребена од страна на бугарската пропаганда, таа испратила голем број на учители со цел да се воведе бугарскиот јазик во наставата и во другите културни установи. Бугарската пропаганда наишла на поволни услови за своето дејствување во Македонија. Младото македонско граѓанство и интелигенција се уште во тој период не биле во состојба да ја преземат врз себе одговорноста за национално и духовно обединување на македонскиот народ и затоа граѓанството во Македонија според некој: останала приврска на бугарската буржуазија во борбата за решавање на веќе поставеното на дневен ред црковно прашање [1]

Македонското граѓанство и инелигенција и оставиле одврзани раце на бугарската интелигенција во Цариград, понекогаш македонците поставаувале оделни барања за задоволување на своите интереси, доколку таквите барања не би биле задоволени имало случаеви на кревање на гласот и закани за раскинување на сојузот со бугарското граѓанство. Но судирите редовно завршувале со прилагодување на македонските барања кон бугарските интереси или поточно кон интерсеите на бугарското граѓанство и интелигенција [1]. Граѓаните од Македонија барале своето црковно прашање да го решат паралелно со бугарското национално прашање или при заедничкото решавање да и се даде предност на Македонија преку обнова на старата Охридска архиепископија.

Речиси сите молби на охридското граѓанство за обнова на Охридската архиеоископија во 60 - тите години од 19 век биле испраќани до Бугарската црковна општина Св. Стефан во Цариград, која со придружни писма и посебна мотивација ги препраќала до означеното место. Меѓутоа една молба на Охридската епарахија, упатена до Цариградскиот патријарах и неговиот Синод, датирана на 28 октомври 1867 година, во која охриѓаните молеле да се обнови Охридската архиепископија (Јустинијана Прима) и во која изрично стоело дека таа обнова се бара независно од обновата на Трновската патријарашија што ја барале Бугарите, Бугарската општина во Цариград ја задржала во својата архива, каде што неодамна е откриена во Цариград [2] [1]

Високата порта под притисок на руската дипломатија и грофот Игнатиев била подготвена да го реши црковниот спор, кој бил именуван како грчко - бугарска расправија, без да се земат во предвит потребите и барањата на населението од Македонија за автокефална црква, црковниот спор бил решен единствено во полза на Бугарите. Отука бил подготвен проект за создавање на оделна бугарска црква. Со вмешувањето на Високата порта во црковното прашање тоа излегло од рамките на црковен спор. Притоа биле понудени два проекта: создавање на бугарска автономна црква надвор од Патријаршијата и прашањето за македонските епархии, дали да останат под Патријаршијата или да влезат во идната бугарска автономна црква. Ваквата поставеност на црковното прашање, кај :

... македонскиот народ создал збрка околу судбината на Македонија, бидејќи црковното прашање на некој начин се идентификувало со националното прашање. Сите градски слоеви, вклучувајќи го и селанството, не можеле да останат рамнодушни кон таквото решавање на црковното прашање, бидејќи и при евентуално останување под патријаршиската јуриздикција или, пак, присоединување кон Бугарската црква, тоа би значело пропаѓање на борбата на македонскиот народ што со децении ја води за еманципација на црковен план [1]

Оние кои заедно со бугарите ја воделе порбата против Патријаршијата како и преставниците на македонскиот индивидуалитет разбрале дека : ... преставуваат само објект во решавањето на црковното прашање, без право на какво и да било учество во преговорите за субината на македонските епархии, односно на Македонија [1]

Македонците кои ја воделе борбата против Патријаршијата зедно со Бугарите, испраќале петиции во кој било побарано македонските епархии да влезат под јуриздикција на идната бугарска црква, меѓутоа имало и конкретни предлози за обнова на Охридската архиепископија, а во нејзини рамки да влезат и македонските и бугарските епархии. Овие Македонци се залагале за заедништво со Бугарите но предност се давало на Охридската архиепископија, односно на македонскиот народ [1].

Охридските првенци со голема упорност и раздразнетост барале од Егзархискиот црковно - народен собор во Цариград да се обнови Охридската архиепископија наместо Бугарската егзархија. Притоа отворено искажувале револт против извршената измама од страна на Бугарите [3] [4]
... скопското граѓанство одржало нарродно собрание во дворот на црквата св. Богородица и донело одлука да се бара од Егзархискиот црковно - народен собир 1) Црквата да се именува со Охридска архиепископија 2) Седиштето на црквата да биде во Охрид [4]

Црковниот клер околу бугарската општина во Цариград по иницијатива на бугарската интелигенција свикал црковно - народен собир за создавање на бугарска црква. На овој собир не биле повикани преставници од Македонија за да не се постави на дневен ред нерешенето прашање и поделбата на македонските епархии помеѓу Патријаршијата и идната Бугарска егзархија.

За бугарската буржуазија... позгодно било да се создаде бугарска национална црква, па потоа да се бара присоединување на македонските епархии кон неа, отколку да се создаде зедничка црква, при што ќе дојдат до израз стремежите на македонското граѓанство за приоритет на Охридската архиепископија со седиште во Охрид, односно во Македонија[5]
Евентуалното рамноправно учество на македонските преставници на собирот и покренувањето на прашањето за седиште на новата црква би ја открила пред јавноста толку грижливо криената вистина... дека зад црковното прашање не стои некаков единствен бугарски народ, туку два народа, бугарскиот и македонскиот, кои секој за себе бара зачувување на својот идентитет, со таа разлика што бугарската буржуазија, која го преставувала бугарскиот народ, имала претензии за присвојување на другиот, македонскиот народ [1]

На црковно - народниот собир во Цариград бил избран Привремен мешан совет и Синодот. Советот бил избран од 30 до 40 преставници на цариградските Бугари, во овој Совет влегле преставниците на бугарската интелигенција, буржуазијата и сите владици, негов претседател бил Илирион Ловечки, а од Македонија имало само еден представник, дедо Вељо Ресенлијата [6]. Македонското граѓанство со овие случувања во Цариград било малку запознаено, тие и понатаму испраќале петиции за обнова на Охридската архиепископија иако веќе било јасно дека ќе се формира една бугарска црква. Бугарската интелигенција :

... навидум ја прифаќала идејата за обнова на старата Охридска архиепископија, постигнувајќи притоа двојна цел: македонското граѓанство го залажувала дека нема против неговото барање за обнова на Охридската архиепископија, а турската власт ја уверувала дека црковното прашање не може да се реши без македонските епархии, односно старата Охридска архиепископија, која е стара бугарска црква [1][7]

Бугарските првенци барале од Високата Порта македонските епархии да бидат вклучени во новата бугарска црква, а истовремено се започнало со притисок врз македонските црковно - училишни општини, исфрлање на сите учебници од наставата кој не се на бугарски јазик, да се постават што поголем број на бугарски учители кои ќе ја воделе наставата на бугарски јазик.

Отпор[уреди | уреди извор]

Македонското граѓанство на ваквото настапување се спротиставило. Отпорот започнал со одбивање на бугарските учители и учебници, а ваквите истапи на граѓанството постепено се претвориле во отпор против навлегувањето на бугарското влијание воопшто, односно дошло до едно силно Антиегзархиско движење.

Уште во 70 - те години на 19 век реакцијата против навлегувањето на бугаризмот во македонскиот организам добил пошироки размери. Особено кога станало јасно дека црковното прашање се решава само во полза на Бугарите, дека не станува збор за создавање на заедничка црква, во која и македонската граќанска класа во управувањето со црквата ќе има рамноправно учество, таа започнала да протестира пред преставниците на Бугарската егзархија. Дури и оние приврзаници на заедничкиот живот со Бугарите под бугарско име започнале да прават разлика меѓу Бугарите и Македонците. Но отпорот веќе не бил ефикасен. Наоѓајќи се пред крстосан оган меѓу грцизмот и бугаризмот, тие морале да се определат за последниот, со надеж дека низ внатрешна борба во рамките на новата бугарска црква ќе најдат сили да се изборат за свои права и да го зачуваат својот индивидуалитет [1]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 1,9 Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  2. Кирил патриарх български, Българското население в Македония, с. 59 и 91
  3. Протоколи на егзархиските писма, 1, Но 176
  4. 4,0 4,1 Протокол на Привремения съвет
  5. Протоколи на привремените смесени заседания, 8 зас., 13. III. 1870. Църковен архив, кн. III, с. 130
  6. Право, V/16. III. 1870, бр. 3.
  7. Сб. НУНК, т. XXI, Но 46. Писмо од Чомаков до Јован Груев, од 10 јан. 1869, с.38