Лазаристи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е за религиозно движење. За македонското преродбеничко движење видете лозарско движење.
Странски пропаганди во Македонија
Поделба на Македонија по Букурешкиот договор.
Бугарска пропаганда
Грчка пропаганда
Српска пропаганда
Католичка пропаганда
Протестанска пропаганда
Романска пропаганда
Дејствија и реакции

Лазаристите во Македонија биле членови на Лазаристичката мисија, основана во Истанбул во 1776 со цел да се пропагира католичката вера меѓу православното население на Отоманската Империја. Лазаристите ја ширеле и идејата за унија со католичката црква. Во Македонија основале мисии во Солун (1854) и во Битола (1856), при што и била изградена католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ и бил основан црковен хор. Лазаристичкото училиште на француски јазик, субвенционирано од француската влада, стекнало особено голема популарност.[1]

Идејата за создавање на Лазаристичка мисија потекнува од Св. Винсент де Пол за време на неговата служба како капелан на богатото семејство на Гонди во почетокот на 17 век. Двата главни проблеми на црквата во Франција во тоа време, Свети Винсент ги сметал за ниското ниво на образование и религиозноста меѓу најсиромашните сегменти на општеството, особено на селаните, како и ниското ниво на образование и побожност помеѓу свештенството. Решавање на овие два проблеми и станува главна задача на овој католички ред создаден во 1624.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Видете исто така[уреди]