Прејди на содржината

Обид за поделба на македонските епархии меѓу Патријаршија и Егзархија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Обидот за поделба на македонските епархии меѓу Патријаршија и Егзархија започнува по формирањето на Егзархијата кога се поставува прашањето за македонските епархии. Иницијативата за преговори меѓу Цариградската патријаршија и Бугарската егзархија дошла од страна на Русија со цел да се истисне влијането на Австроунгарија од Балканскиот Полуостров, а особено од Македонија [1]. Австроунгарија вешто го искористила нерешеното македонско црковно прашање и преку форсирање на католичката пропаганда го ширела унијатсвото во Македонија со цел да си ги подобри позициите во овој дел на Европа. Од дргу страна пак Патријаршијата и Егзархијата како национални цркви биле заинтересирани за Македонија со цел таму да се прошири грчката или бугарската национална идеја преку контрола на македонските епархии.

Под притисок на Цариградска патријаршија и погрчувањето кое таа го носеле, меѓу населението во Македонија се јавило едно антифанариотско движење. Постепено населението во Македонија го поставило прашањето за обнова на Охридската архиепископија.

Голем дел од црковно-училишните општини во Македонија барале од Високата Порта и Патријаршијата да се содаде една автохтона црква односно да се обнови Охридската архиепископија. Меѓутоа јужномакедонските општини сметале дека сите поплаки до турските власти и Патријаршијата се бескорисни и затоа се свртеле кон Рим.

Имено Кукушани уште од почетокот на Кримската војна почнале да одржуваат контакти со Лазаристите од Солун и постепено дошло до засилување на католичката пропаганда. Во 1859 година Кукуш се откажал од Цариградската патријаршија и црковно се потчинил на папата, со што во Македонија се создала првата унијатска општина, а со тоа бил трасиран патот за продор католичката пропаганда и засилување на влијаннието на Австроунгарија. Една од главните причини за преминувањето на населението во Македонија кон унијата е преку Рим да дојде до обнова на Охридската архиепископија.

Кон крајот на 60-те години на 19 век Борбата против Цариградската патријаршија била на својот крај, но македонското црковно прашање повторно не било решено. На 28 февруари 1870 година султанот донел ферман со кој било решено да се формира нова црква која била наречена Егзархија, а со самото тоа црковното прашање било решено само во полза на Бугарите но не и за населението во Македонија.

Нерешавањето на македонското црковно прашање отворило пат за продор на католичката пропаганда и унијатството во Македонија со што биле загрозени стратешките интереси на Русија која сакала да излезе на Средоземното Море, бидејќи унијатсвото со себе го носело и влијанието Австроунгарија, бидејќи унијатите во црковен поглед биле под Рим но политичка заштита барале од католчиките држави односно од австроунгарските и француските конзули.

По создавњето на Егзархија, бугарската и грчката црква започнале спор околу македонските епархии и атоа Русија од своја страна се обидела да ги доближи Патријаршијата и Егзархијата и преку поделба на македонските епархии да се реши црковното прашање во Македонија. Меѓутоа:

... руската дипломатија... не сфаќала или не сакала да сфати дека причината за незадоволството на македонскиот народ не е грчко-бугарскиот црковен спор, туку неговата последица [1]

Почеток на преговорите

[уреди | уреди извор]
Странски пропаганди во Македонија
Поделба на Македонија по Букурешкиот договор.

Предлогот за преговори од страна на Егзархијата и Патријаршијата, како и од владеачките кругов на Бугарија и Грција, бил различно примен.

Егзархијата и Патријаршијатане саклае да се откажат од македонските епархии но политичките кругови во Софија и Атина сметале дека треба да дојде до договор и поделба на македонските епархии: ... сметајќи дека во иднина ќе имаат чист простор за територијални разграничувања (во Македонија б.н) [1].

Затоа Софија и Атина почнале да вршат притисок врз Егзархијата и Патријаршијата за да се започнат преговори за поделба на македонските епархии.

Ваквата раздвиженост за поделба предизивикало незадоволство кај населението во Македонија. Во врска со овие преговори меѓу Грција и Бугарија интересно е писмото на Кузман Шапкарев испратено до архимандритото Методиј Кусевич. Во ова писмо Шапкарев меѓу другото истакнал:

Минувајќи низ Цариград разбрав дека лавот (Бугарија б.н) и лисицата (Грција б.н) преговараат да се подели Македонија. Меѓутоа, изгледа, од тоа нема ништо да стане. Ние мислиме и Егзархијата да си оди во Бугарија. Нам ни треба своја црква, што ќе ја наречеме Охридска архиепископија со седиште во Охрид или Солун. Таа би била најдобро средство да се зачува нашето право и да ја зајакне народноста во нашите страни [1]

Меѓутоа и покрај таквото расположени на населението во Македонија, егзархот Јосиф под притисок на владата во Софија зедно со Синодот на Бугарската егзархија го разгледале прашањетоо за македонските епархии но не бил донесен конечен став.

Цариградската патријаршија од своја страна била подготвена за преговори за поделба на македонските епархии и го чекале предлогот на Егзархијата. Патријархот Јоаким III истакнал дека е крајно време да дојде до помирување на двете цркви, додавајќи дека:

поделбата на македонските епархии нема само религиозно-административен, туку и национален карактер

Јоаким III побарал сите македонски епархии јужно од Велес да останат под јурисдикција на Цариградската патријаршија, бидејќи според неговото мислење таму наводно живеле Грци.

Поради максималните барања на двете цркви, руската дипломатија имала потешкотии во својата иницијатива. Затоа таа повторно извршила притисок врз бугарската влада. Под таквиот притисок бугарскиот министер за надворешни работи и вероисповед д-р Влкович на 3 септември го известил рускиот дипломатски претставник во Цариград дека бугарскиот кнез Александар I Батенберг е подготвен за преговори со Цариградската патријаршија под услов таа да се обврзе во македонските епархии што ќе бидат под нејзина јурисдикција да им ги обезбеди :

народносните права и слободи на бугарското население во Македонија [1]

Односно Александар I Батенберг побарал слободно дејствување на Бугарската пропаганда во Македонија [1], а постоела наводна согласност од страна на егзархот Јосиф за помирување на двете цркви.

Бугарската влада попуштила под притисокот на Русија и се стремела Бугарската пропаганда во Македонија да биде под контрола на Софија, а не на Бугарската егзархија во Цариград. Затоа по барање на бугарската влада во 1882 година, посебна комисија изработила проект за дејствување на бугарската пропаганда во македонските епархии кои вентуално би се нашле под Цариградската патријаршија.

Овој проект предвидувал создавње на едно Попечителство со седиште во Софија, а тоа требало да раководи со бугарските просветни институции во Македонија, финансиските средтсва да дејствување требало да бидат обезбедени од бугарската влада, а да се препраќаат преку руските конзули до црковно-училишните општини во Македонија, тоа било направено според руските сфаќања за решавање на црковниот спор со Цариградската патријаршија.

Отпор на Егзархијата

[уреди | уреди извор]

Меѓутоа егзархот Јосиф не се согласувал со таквата политика и тој на 31 јануари 1883 година од Високата Порта побарал дозвола за испраќање на егзархиски владици во Македонија, со што одбил да се повлече од македонските епархии.

Таквото стојалиште од бугарска и руска страна било негативно прифатено, руската дипломатија во понатамошните контакти со егзархот му посочиле дека македонските епархии треба да останат на Цариградската патријаршија откако таа ќе даде гаранции за непречено одвивање на словенската просвета. Меѓутоа егзархот Јосиф на тоа одговорил:

сосем да се напушти Македонија од Егзархијата е невозможно и опасно за православјето [2]

Александар Батемберг во Атина

[уреди | уреди извор]

Меѓутоа и покрај тоа бугарскит кнез Александар I Батенберг се стремел да дојде до договор меѓу Софија и Атина за поделба на интересните сфери во Македонија. Во мај 1883 година Александар I ја посетил Атина и таму истакнал дека тој е за:

спогодба околу кревањето на шизма врз бугарската црква за што се залагала и руската источно-црковна политика, како и за воспоставување на патријаршиска јузриздикција во Македонија, доколку се даде гаранција за словенска богослужба и за бугарска просвета во Македонија [1]

Меѓутоа грчката страна не била заинтересирана чија ќе биде црковната јурисдикција над македонските епархии, туку чија пропаганда во Македонија ќе дејствува. Затоа грчката влада побарала поделба на Македонија во поглед на црковната јурисдикција и во поглед на делувањето на пропагандите.

Егзархот Јосиф и Австроунгарија

[уреди | уреди извор]
Егзарх Јосиф I (1877-1915)

Егзархот Јосиф не откажувајќи се од своите ставови и под притисок на руската дипломатија, почнал да бара надворешни сојузници. Тој уште во 1881 година имал на двапати контакт со Калај, австроунгарскиот секретар на пратеништвото во Цариград. Егзархот побарал помош, а Клај истакнал дека ако Австроунгарија би можела да ја подржи Егзархијата во Македонија, ако таа води проавстриска политика.

Егзархот Јосиф I меѓу другото побарл од Австроунгарија покрепа кај Високата Порта за испраќање на егзархиски претставници воо Македонија и тоа преку Карловачкиот митрополит. Меѓутоа Калај изразил сомневање дека Високата Порта би дала берат за владика кој би бил назначен од српски митрополит.

Согласност своите ставови и мислења егзархот Јосиф ги просолжил контактите со Австроунгарија. Тој заминал за Виена и започнал преговори за поддршка за Бугарската егзархија во Македонија. Меѓутоа повторно бил условен со проавстриска политика од страна на Бугарија и Бугарската егзархија.

И покрај тоа егзархот Јосиф ги продолжил контактите со Австроунгарија, а таквите релации вешто ги искористил за притисок врз Русија со цел таа да се откаже од својата намера за повлекување на Бугарската егзархија од македонските епархии.

Поради претензиите на двете страни околу македонските епархии не дошло до договор меѓу двете цркви. Бугарската егзархија со текот на времето постојано си ги зајакнувала своите позиции во Македонија, во корист на неа била и протурската политика на бугарскиот премиер Стефан Стамболов. Благодарение на неговата политика, Бугарската егзархија во 1890 година добила два владичики берати за Скопската и Охридската епархија, а во 1894 година за Велешката и Неврокопската, така што Егзархијата ги вратила своите претставници во Македонија.

Ставот на Македонците во однос на овие преговори

[уреди | уреди извор]
Македонската граѓанска класа не се согласува да претставува објект на пазарење меѓу туѓите националистички пропаганди и во рамките на своите можности тргнала кон одбрана на целокупноста на македонскиот народ
види:Отпор на Македонците кон туѓите пропаганди

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  2. Дневник на екз Йосиф, тетр. II, од 12 апр. 1883, с. 30