Унија како средство за обнова на Охридската архиепископија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Унијата со Римокатоличката црква како средство за обнова на Охридската архиепископија била користена од страна на 6 македонски општини предводени од македонското граѓанство за да дојде до решавање на македонското црковно прашање [1].

Причини[уреди | уреди извор]

По завршувањето на Борбата против Цариградската патријаршија македонското црковно прашање не било решено, имено тоа било решено само во корист на Бугарите преку создавањето на Бугарската егзархија, а двете цркви Цариградската патријаршија и Егзархијата започнале преговори за поделба на македонските епархии, затоа македонското граѓанство повторно ја започнало борбата за обнова на Охридската архиепископија но сега унијата со Римокатоличката црква било искористена како средство за постигнување на целта.

Почеток на движењето[уреди | уреди извор]

Борбата за обнова на Охридската архиепископија влегла во нова етапа кога кон движењето се придлужил бугарскиот егзархиски епископ Нил Изворов. Тогаш солунската црковно-училишна општина писмено се обратила кон останатите македонски општини како и до македонската колонија во Цариград, во ова обраќање солунската општина побарал останатите да се изјаснат по прашањето за обнова на Охридската архиепископија.

Општините соодветно на ова обраќање дале свој одговор, а македонската колонија од Цариград на чело со Харитон Карпузов, затаналае на гледиштетото дека само преку создавање на :

самостојна македонска црква може да се реши македонското црковно и национално прашање [1]

Меѓутоа тие знаеле дека Бугарската егзархија ќе преземе дејност на било каков начин да се попречи обновата на Архиепископијата и затоа македонската колонија во Цариград побарала од солунската општина да го спречи растурањето на бугарскиот печат во Македонија се додека не се обнови Охридската архиепископија. Македонската колонија меѓу другото до солунчани истакнала:

Ве молиме браќа, сега е време да работиме деноноќно. Ние сакавме, како штоо ви е познато, да го поставиме македонското прашање порано, и одвај по 20 години можевме да го реализираме. Сега тоа е веќе решено. Затоа не стојте. Проповедајте насекаде. Одете во Кукуш, Воден, Гуменџе и други места. На подалечните пишувајте им често и насрчувајте ги да бидат цврсти. Весниците (егзархиски б.н} не пуштајте никаде додека не ја свршиме мисијата

Со цел да се обнови Охридската архиепископија, солунската општина свикала собир на преставници од Македонија. Средбата се одржала на 28 декември 1873 година, а на неа присуствувале преставници на 6 јужномакедонск општини: Солунската, Воденската, Струмичката, Дојранската, Кукушката и Малешевската. Преставниците разгелдувајќи го прашањето за создавање на самостојна македонска црква решиле да се обратат кон некоја од неправославните цркви бидејќи знаеле дека ќе наидат на непријателство од стран на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија.

Обраќање до неправославните цркви[уреди | уреди извор]

Најпрво се обратиле до Англиканската црква бидејќи англискиот конзул Блонт од Солун им ветил подршка од англиската влада. Овој конзул ги посоветувал да се обидат да ја добијат подршката на битолската, а посебно на охридската општина, но 6 општини не го почекале одговорот од овие две општини и испратиле телеграфски молба до Англиканската црква од која побарале покровоителство: во името на слободата и човекољубието.

Меѓутоа одговорот бил негативен. Затоа 6 општини потоа се обратиле до германската протестанска црква и до американската протестанска црква, но од политички причини биле одбиени од двете цркви.

Откако биле одбиени од протестанските цркви решиле да се обратат до Римокатоличката црква. Оваа црква во тој период веќе имала свој верско-пропагандни мисии во Солун и Битола. Римокатоличката црква од своја страна не само што ја прифатила молбата туку побарала и од другите општини од Македонија да се приклучат кон молбата истакнувајќи дека македонското црковно прашање може да се реши единствено преку унија со Римокатоличката црква.

Шесте јужномакедонски опшини ја прифатиле унијата со Римокатоличката црква, а тоа допринело да дојде до раздвижување на граѓанството во останатите општини во Македонија, некој од нив собрале потписи за приклучување кон унијата и во вид на молби ги испратиле до католичките мисии, меѓутоа во некој од општините не биле донесени конкретни одлуки.

... ваквиот масовен обид за унија со цел, преку покровителство на Римокатоличката црква, да се создаде самостојна македонска црква кај добрите познавачи на македонските прилики преставувал сериозен чекор кон решавањето не само на црковното, туку и на македонското национално прашање. Создавањето на самостојна македонска црква на македонска територија всушност значело и формирање на посебна етничка територија-Македонија [2] [3] [4][1]

Меѓутоа Конгрегацијата за пропаганда на верата решила 6 општини во црковен поглед да ги потчини под постојната Бугарска унијатска заедница на чело со епископот Рафаел Попов, со седиште во Одрин, а барањето за обнова на Охридската архиепископија никаде не се ни спомнувало.

План за обнова на Охридската архиепископија[уреди | уреди извор]

Од своја страна 6 општини сметале дека одговорот од Конгрегацијата е доволен за покривање пред Отоманската Империја, Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија, затоа започнале со изработка на план за обнова на Охридската архиепископија. Бил составен список на кандидати за владици на оделните македонски епархии и архиепископ, чие седиште требало да биде во Солун.

Меѓутоа Римокатоличката црква не застанала зад овој план и таа сакала македонските општини да ги приклучи кон постојната унијатска зедница. Таквото стојалиште на Католичката пропаганда кон македонското црковно прашање довело до оладување меѓу македонските општинари и приврзаници на унијата.

Меѓутоа јужномакедонските општини ја продолжиле врската со Римокатоличката црква, а кон нив се приклучил епископот Нил Изворов, тој ја прифатил унијата со Римокатоличката црква, убеден дека:

македонскиот народ ќе ја прифати унијата, на чие чело би стоел тој [1]

Настапување на Отоманската империја[уреди | уреди извор]

Високата Порта водејќи сметка за своите интереси го отсранила Нил Изворов од Македонија и го преместила во Цариград, а од Солун бил остранет и валијата Митхад-паша кој се залагла за обнова на Охридската архиепископија.

Со овие мерки бил нанесен удар врз движењето за обнова на Архиепископијата, а тоа допринело да дојде до колебање меѓу македонското граѓанство, посебно на она од Солун.

Од друга страна пак руската дипломатија и Бугарската егзархија вршеле притисок врз движењето да се откаже од својата намера за обнова на Охридската архиепископија.

Последици[уреди | уреди извор]

Под таков притисок предводниците на движењето како што бил претседателот на солунската општина Петар Димитров се откажал од движењето и испратил покајничко писмо до Егзархијата истакнувајќи дека ќе и останел верен, односно Солунската општина која била носител на движењето за обнова на Охридската архиепископија повторно се нашла во рацете на Бугарската егзархија, а движењето било обезглавено.

Движењето за обнова на Охридската архиепископија во Македонија спласнало. Меѓутоа, на сите протагонисти за запирање на тоа движење, посебно на руската дипломатија, им било јасно дека македонскиот народ остро реагира против каква и да било поделба на македонските епархии меѓу Патријаршијата и Егзархијата, па преговорите меѓу двете цркви замрзнале. И двете цркви, и Патријаршијата и Егзархијата, се зафатиле со пропагнади за здобивање на позиции меѓу македонското население и негово определување за јуриздикција на едната од нив. Во тие пропагандни настојувања Егзархијата имала поголем успех. Уште во 1874 година успеала во три македонски епархии (велешката, охридската и скопската) да назначи свои митрополити, а во другите епархии да ги стави под своја управа македонските црковно-училишни општини. Патријаршијата, пак и натаму упорно ги држела своите митрополити во македонските епархии, без оглед на бројчената состојба на нејзините прврзаници. На тој начин во Македонија е создадена двојна црковна власт, во беспоштедната борба една против друга, од која најмногу трпел македонскиот народ, бидејќи според припаѓањето на едната или другата црква, се определувала и националната припадност [1]


Бугарско гледиште[уреди | уреди извор]

Според бугарските изтражувачи обид за создавање на посебна македонска унија како средство за обнова на Охридската архиепископија не постоел. Текстовите кои ги цитирал Димевски наводно недостасуваат во оригиналните писма на Славејков.[5] Кон крајот на зимата на 1874 година епископ Нил заминал од Солун за Цариград, каде што официјално го примил унијатството. По смртта на бугарскиот епископ Рафаел Попов, со декрет од 5 септември 1876 година на Светиот престол, епископот Нил Изворов е назначен за духовен поглавар на Соединетите Бугари. Истата година, на 21 септември тој официјално бил назначен за епископ. Во ноември Нил се вратил во епископското седиште во Едрене. По краток престој тој отпатувал за Кукуш во март 1877 година. За време на Руско-турската војна епископот Нил се вратил назад во Цариград. Во 1882 година било решено тој да биде воздигнат во Архиепископ и бил назначет за апостолски администратор на Соединетите Бугари во Цариград.[6]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  2. Второ писмо од П. Р. Славејков - Февруари 1874
  3. Писмо од П. Р. Славејков - Февруари 1874
  4. Трето писмо од П. Р. Славејков - 19 Февруари 1874
  5. Писма на Петко Рачев Славейков по унията в Македония през 1874 г.“ Цочо Билярски, Илия Пасков (сп. Векове, год. 3, н. 1, стр. 62-67, 1989)
  6. Дневник на епископ Нил Изворов за неговото патување во Македонија (1877-1878 година) Светозар Елдъров.