Наум Евро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден Наум Евров
н.п.
Струга
Починал н.п.
н.п.
Националност Македонец
Познат македонски преродбеник и национален деец
Занимање македонист, деец


Наум Евро или Наум Евров бил македонски национален деец и борец за македонска национална самостојност. Евро бил член на Тајниот македонски комитет, каде членувале и Темко Попов, Коста Групче и Васил Карајовов. Евро и Комитетот се залагале за македонска самостојност, воведување на македонскиот јазик во училиштата, издавање на македонски граматика и правопис и одбрана од балканските пропаганди во Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Наум Евро бил роден во Струга, тогаш Отоманска Империја. Во 1872 година, Наум Евро станал член на друштвото „Свети Климент“ од Охрид и станал силен поборник против Бугарската Егзархија. На 5 октомври 1875 година, Наум Евро заедно со други граѓани на Охрид направиле неуспешен обид за возобновување на Охридската архиепископија. Заедно со Темко Попов, Коста Групче и Васил Карајовов го основале Тајниот македонски комитет, најверојатно пред 1885 година. Поради тоа биле апсени во Софија[1]. Во Истанбул го издавале македонскиот весник „Македонски лист“ на 26 јули 1887 година и се обиделе да издадат буквар. Наум Евро се вратил во Струга на 8 октомври 1888 година поради болест.[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Писма на Стоян Новакович
  2. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009 г., стр.512

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]