Нил Изворов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Нил Изворов бил преродбеник од Бугарија, учесник во борбата за независна бугарска црква. Во 1874 година како епископ на Бугарската егзархија тој станал унијат, а подоцна (1876 година) и апостолски администратор на бугарските унијати во Отоманското Царство. На крајот на својот живот повторно се вратил во православието.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во градот Русе во август 1823 година под името Никола Димитров Изворов. На 21 ноември 1842 година тој станал монах во манастирот „Кокош“ во Никулицел, Добруџа каде останал до 1862 година. Во 1852 година бил ракоположен за свештеник од страна на грчкиот владика Дионисиј и станал архимандрит. Од 1863 година бил претседател на Русенската црковна општина и го назначил Драган Цанков за главен учител во Русе (1865 година). Во 1872 година бил поканет од Бугарскиот Егзарх, а во Цариград бил ракоположен за епископ на 8 јули 1873 година со титулата „Смоленски“. На почетокот на следната година бил испратен во Солун.

Епископ Нил заминал во Македонија без потребниот берат, што предизвикало протести од страна на Високата порта. Егзархијата, која била изложена на притисок во овој контекст се согласила да го отповика Нил, но тој одбил да се покори. Оваа ситуација била клучна за неговото преобратување во унијатството. Одбивањето е поврзано со неизвесната ситуација на бројните егзархиски општини во Македонија во процесот на нивното одвојување од Грчката патријаршија и бугарското очекување на преминувањето кон Бугарската егзархија. Во тоа време се ширеле гласина дека Егзархијата подготвувала договор со Патријаршијатата, според кој Егзархијата требало да се откаже од својата позиција во Македонија. Во врска со ова, рускиот амбасадор во Цариград, Граф Игнатиев, бил воздржат по прашањето за проширувањето на бугарски егзархиски влијанија во Македонија.

Согласноста на Егзархијата да го отповика епископот назад во Цариград била прифатена како знак за постигнат егзархиско-патријаршиски договор. Оваа акција предизвикала негативна реакција на шест општини (Солунска, Дојранска, Воденска, Кукушка, Струмичка и Малашевска). Тие почннале преговори со Изворов и добиле согласноста да остане нивен духовен водич. Како резултат на тоа, три од нив (Солунска, Воденска и Кукушка) побарале од Егзархијата да биде основана нова самостојна епархија, а епископ Нил да стане нивен митрополит. По негативниот одговор, општините се одлучиле закрајните мерки. Тие се обратиле прво кон англискиот конзул, за да бидат прифатени во Англиканската црква на чело со својот епископ Нил. По одбивањето на Англичаните тие се свртиле кон епископот Рафаел Попов, поглавар на бугарската Унијатска црква, кој одговорил позитивно и го прифатил Изворов за нивен духовен претставник.:

На крајот на зимата на 1874 година епископот Нил заминал од Солун за Цариград, каде што официјално го прифатил унијатството. Дозвола за да се врати во епархијата, тој сепак не добил и останал да живее во главниот град на Империјата. По смртта на епископот Рафаел Попов со декрет од 5 септември 1876 година на Светиот престол епископ Нил Изворов бил назначен за духовен поглавар на Соединетите Бугари. Во истата година на 21 септември тој официјално бил назначен за епископ. Во ноември отоманска влада издала берат, и Нил се вратил во епископското седиште во Едрене. По краток престој тој отпатувал за Кукуш во март 1877 година. За време на Руско-турската војна епископот Нил се вратил назад во Цариград. Во 1882 година е решено тој да биде назначен за Архиепископ и бил назначет за апостолски администратор на Соединетите Бугари во Цариград. Во почетокот на 80-те години настанува пресврт. Во пролетта на 1895 година, по долги флуктуации, архиепископ Нил поднесол барање до Светиот синод повторно да биде примен во Бугарската православна црква. По неговото повлекувањето во 1895 година, Нил Изворов останал во Софија. Починал на 13 март 1905 година и бил погребан во дворот на софиската црква „Свети Седмочисленици“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Дневник на епископ Нил Изворов за неговото патување во Македонија (1877-1878 година) Светозар Елдров.

Извори[уреди | уреди извор]