Варош
| Варош | |
Поглед на Варош со Прилепско Поле | |
| Координати 41°21′25″N 21°31′57″E / 41.35694°N 21.53250°E | |
| Регион | Прилепско Поле |
| Општина | Општина Прилеп |
| Население | 3458[1] жит. (поп. 2021)[2] |
| Шифра на КО | 20010 |
| Надм. вис. | 680-700 м |
Варош или Марков Град — најстарата населба во Општина Прилеп, која преку пат на конурбација е споено со градот Прилеп, така што денес претставува негова населба.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа северозападно од центарот на Прилеп. Се наоѓа на периферијата на Прилеп, во подножјето на Марковите Кули, на надморска височина од 680-700m.
Историја
[уреди | уреди извор]Стопанство
[уреди | уреди извор]Демографија
[уреди | уреди извор]Населението во Варош е во постојан пораст. Според некои податоци во 1900 г. во Варош живеат 1380 жители.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Варош се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 210 куќи.[4]
Од пописите од 1981 и 1991 се гледа дека во Варош живееле 3175, односно 3274 жители. Според последниот попис од 2002 година, населбата Варош брои 3458 жители, од кои:[1]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Во Варош се наоѓа подрачното училиште „Блаже Конески“ во кое се изведува настава од 1 до 5 одделение.[5]
Администрација и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постојат избирачките места бр. 1443, 1444 и 1445 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2.286 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Според едно предание, во Варош некогаш постоеле 77 цркви.[8]
Денес во Варош сочувани се шест цркви и тоа: Варошкиот Манастир со црквата „Св. Архангел Михаил“, „Св. Никола“, „Св. Богородица Пречиста“, „Св. Атанасиј“, „Св. Петар“ и „Св. Димитриј“.[9]
- Манастирската црква „Св. Архангел Михаил“
- Бревчина — населба од римското време;
- Заград — населба од железното време;
- Кабања — населба од римското време;
- Калдрма — некропола од железното и хеленистичкото време;
- Куќата на Ѓошеви — депо од бронзеното и железното време;
- Куќата на Мантови — некропола од бронзеното време;
- Манастир Св. Архангел Михаил — осамен наод од римското време;
- Маркови Кули — средновековна тврдина;
- Мечкина Дупка — некропола од хеленистичкото време;
- Падарница — некропола од римското време;
- Под Кули — некропола од хеленистичкото време;
- Попадин Дол — некропола од железното време;
- Св. Атанас — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола;
- Св. Варвара — средновековна црква;
- Св. Врач — средновековна црква;
- Св. Димитрија — осамен наод од римското време;
- Св. Ѓорѓија — средновековна црква;
- Св. Јован — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола;
- Св. Никола — осамени наоди од римското време и средновековна црква со некропола;
- Св. Петар — осамен наод од римското време;
- Св. Харалампија — осамен наод од римското време и средновековна црква;
- Светец — некропола од бронзеното време;
- Сивастоец — средновековна некропола;
- Слон — населба од бронзеното време;
- Ташачица — населба и некропола од доцноантичкото време и средновековна населба;
- Црква 13 — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола;
- Црква 14 — средновековна црква;
- Црква 15 — средновековна црква;
- Црква 16 — средновековна црква и некропола;
- Бањиште — праисториска населба и античка бања;
- Бегова Нива — некропола од железното време;
- Куќа на Цилкоски — гроб од железното време;
- Маркови Кули-Градина — некропола од доцноантичко време и средниот век;
- Маркови Кули-Карпесто Живеалиште — праисториско карпесто живеалиште;
- Песјобрдце — доцноантичка населба; и
- Роклејца — доцноантичка населба.
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Голем Петок (првиот петок после Велигден) се смета како Варошка слава и се одржува голем панашѓур под Варошкиот манастир.
Личности
[уреди | уреди извор]- Алекса Попов (1809 - 1912) - православен свештеник, македонски национален и просветен деец, учител на Марко Цепенков
- Ѓорче Петров (1865 - 1921) - македонски револуционер, еден од раководителите на ВМРО
- Кирил Јанчулев (1896 - 1961) - началник на генералниот штаб на бугарската армија во Втората светска војна
- Мице Козар (1910 - 1942) - македонски борец, учесник во НОБ, еден од повлијателните припадници во работничкото движење во Македонија помеѓу двете светски војни
- Спасија Мирева Беличанец (1923 - ) — учесник во НОВ на Македонија
- Орде Чопела (1912 - 1942) - народен херој на Македонија од Втората светска војна
- Стева Богоевска (1927- ) — учесник во НОВ на Македонија
- Милица Велеска (1925- ) — учесник во НОВ на Македонија
- Василка Велеска (1913- ) — учесник во НОВ на Македонија
- Борка Велески (1912 - 1942) — револуционер и народен херој на Македонија
- Илка Дупјачанска (1892-) — учесник во НОВ на Македонија
- Цветанка Конева Зајкоска (1918-) — учесник во НОВ на Македонија
- Нада Костова Здравеска (1924-) — учесник во НОВ на Македонија
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 247.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
- ↑ „Образование“. Општина Прилеп.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ К. Цепенков, Марко (1989). Македонски народни приказни. Македонска книга. стр. 102. ISBN 8636900425.
- ↑ „Варош – Прилеп“. www.culturemap.mk.[мртва врска]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 282-288. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Миткоски, Александар; Темелкоски, Душко (2019). „ГЕОРЕКОГНОСЦИРАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНИТЕ ПРИЛЕП, ДОЛНЕНИ, КРИВОГАШТАНИ И КРУШЕВО“ (PDF). Каламус. Посетено на 26 декември 2025.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Варош“ на Ризницата ? |
- Стари слики од Варош Архивирано на 22 април 2017 г.
| ||||||||

