Никола Дејков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1862
Прилеп, Македонија
Починал 1933
Софија, Бугарија

Никола Дејков е револуционерен деец од Македонија.[1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Никола Дејков е роден во 1862 година во градот Прилеп. Учи во Солунска машка гимназија, каде се спријателува со соученикот Дамјан Груев, со кого одржува врски до крајот на животот. По Ученичкиот бунт во гимназијата Дејков заедно со Груев и уште 32 деца заминуваат есента во 1888 година да учат бесплатно во Белград. Завршува гимназија во Белград и продолжува во Вишата школа, но во текот на 1890 година со повеќето Македонци го напушта Белград и заминува да го доврши образованието во Софискиот универзитет. Во Софија е член на револуционерното Македонско студентско друштво „Дружба“.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://sofiapomni.com/parcel.php?id=7
  2. http://www.bulgarka.org/contests/kids/literature/mystory.asp
  3. Македонска енциклопедија, І, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 857.