Коста Шахов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Коста Шахов... 1.jpg
Роден 14 април 1862
Охрид, Македонија, Отоманска Империја
Починал 15 август 1917
Софија, Бугарија

Коста Шахов бил македонски деец, револуционер, публицист, член на Лозарското движење, ВМОК и општественик во Бугарија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Коста Шахов е роден на 6 јули 1862 година во градот Охрид. Дипломирал правни науки при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Бугарија. Најпрво работел во Русенскиот окружен совет и во Русенската околиска управа, а потоа бил назначен за службеник при Русенскиот судски истражител и Апелациониот суд во Русе.[1]

Дејноста меѓу македонската емигарција[уреди | уреди извор]

Коста Шахов на 21 октомври 1888 година во Русе, Бугарија започнал со издавање на весникот Македонија. Првите 25 броја излегле во Русе, потоа дошло до привремено стопирање, а од 14 јуни 1889 година весникот почнал да излегува во Софија сè до 1893 година.[2] Во првиот број на весникот било истакното дека:

ние Македонците ... не смееме да си ја заборавиме татковината и должни сме да работиме за подобрување на нејзината положба, бидејќи како народ ќе бидеме одговорни пред нашето поколение... задача на весникот Македонија е да се бори за духовно и културно издигање на Македонците[3]


Низ своите страници весникот разгледувал и политички прашања, во смисла дека треба да дојде до организирање и обединување на македонските друштва во Бугарија и тоа во интерес на Македонија.[2] Се повикувале македонските друштва да се обединат на чело со еден Комитет, кој требало да ја кординира ниваната акција и да преземе дејности, најпрво по мирен дипломаски начин, а пота и да се преземат револуционерни средства.[2] Според весникот Македонија, целата на Комитетот треба да биде Автономија на Македонија врз основа на членот 23 од Берлинскиот конгрес.[2] Автономијата би овозможила да се прекратат пропагандите на соседните држави и би овозможола да зе зачува територијалната целовитост на Македонија.[2] Во тој контекст било истакнато дека во борбата за политички права на Македонија треба да се обединат сите народности во Македонија.[2] Прашањето за обединување на сите народности во Македонија било посебно разгледано во статијата:

Мислење за решавање на македонското прашање


потпишана со псевдонимот:

Еден Македонец


Според овој автор, ослободувањето на Македонија треба да биде поставено врз неутрална македонска почва и истакнува дека:

Ние сме рекле и друг пат - не е време, ние, Македонците, да ја изразиме нашата желаба за соединување со извесна држава. Тоа е опасно најпрво за самите нас, Македонците, а после за целиот бугарски народ... Ослободувањето на Македонија и нејзиното присоединување со извесна земја се две прашања кои е незамисливо да се решат благопријатно во едно исто време...[2]


Понатаму во статијата било истакнато дека населението во Македонија треба да биде нарекувано исклучиво како Македонци, додека пак македонските друштва како македонски без префиксите бугаро, србо, елино и румуно.[2] Оваа статија предизвикала реакции и полемика во кои се вклучила и самата редакција на весникот. Подоцна, в. Македонија еволуирал во правецот на ставовите на Еден Македонец.[2]

Учество во македонското националноослободително движење[уреди | уреди извор]

Портрет на Коста Шахов

Коста Шахов бил посебно заслужен за формирањето на МСД (Македонско студенско друштво).[4] Негови позначајни членови биле Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Поп Коцев и други. Целта на асоцијацијата меѓу другото било ослободување на Македонија и борба против пропагандите. Оваа асоцијација била самораспуштена во 1891 година. Но веќе по неколку месеци Коста Шахов се нашол меѓу основачите на Младата Македонска Книжевна Дружина и станал член на Лозарското движење, притоа ММКД започнала да издава и едно списание Лоза (весник), а Шахов учествувал во неговата подготовка.

Во јули 1893 година Шахов имал средба со Иван Хаџи Николов кој дошол од Солун и побарал да му биде препорачано авторитетно лице кое би можело да учествува во формирањето на една револуционерна организација. Шахов како таков го посочил Гоце Делчев коj тогаш учел во вoеното училиште во Софија. Иван Х. Николов тогаш на Коста Шахов и на Делчев им посочил дека:

1. Организацијата да се основа во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Софија, Србија и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарската влада, ќе основаат и тие такви организации и од нашата организација нема да излезе ништо. При тоа таа треба да биде тајна 2. Основачите да се Македонци, чесни, да имаат добро име и да живеат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат и тие изложени на истата опасност на каква што ќе бидат изложени нивните следбеници, со што полесно ќе ја спечалат и довербата на населението 3. Паролата треба да биде автономијата на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлинскиот договор, за да се надеваме на успех. Да постигнеме автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од Турците туку и од Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на автономна Македонија, Србија и Грците не ќе можат да бараат делови од неа, додека ако посакаме и тие делови од неа. Нашата задача треба да биде да ја спасиме Македонија цела, а тоа може да стане само преку автономна Македонија 4. Организацијата треба да биде самостојна и независна, да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, за да не и влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади 5. Од Македонците во Бугарија и од бугарскиот народ ќе бараме морална и материјална поддршка, без при тоа да ни се мешаат во работата.[5]


По четиричасовниот разговор К. Шахов и Г. Делчев го прифатиле планот.

Членувањето во Македонскиот комитет[уреди | уреди извор]

Коста Шахов учествувал во работата на І македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија, при овој конгрес дошло до обединувањето на македонската емиграција во рамките на Македонскиот комитет, подоцна познат како (Врховен македонско-одрински комитет). Официјалната цел на оваа асоцијација е Автономија на Македонија. Коста Шахов учествувал до крајот на егзистирањето на оваа организација, а за време на IV македонски конгрес бил избран за член на Комитетот, на местото на Гоце Делчев.

Однос кон Македонското прашање[уреди | уреди извор]

Коста Шахов се залагал за решавање на Mакедонското прашање преку создавање на македонска самостојна држава, а тоа го дознаваме од извештајот на Кузман Дамјановиќ од 4.03.1899 година. Дамјановиќ се наоѓал во хотелот „Батемберк“ во Софија и притоа таму се нашле и некој од дејците на МК, Коста Шахов, Андреј Љапчев и други, при што дошло до дискусија во која било истакнато дека:

Ама немој ти да веруваш дека револуционерите работат за автономна Македонија, та отпосле да ја присоединат кон Бугарија? Боже чувај! Тоа никогаш нема да биде... Сите ние Македонци, макар каде и да сме, макар и колку и да сме учеле, никој нема да дозволи Македонија да се присоедини кон било кој, туку ќе работиме... кон неа да се присоединат други провинции. Нас иинтелигенцијата, не школувале, а и денес не школуваат Руси, Романци, Срби и Бугари... Но, никој од нас не ќе постане слуга на ниту една по никоја цена, туку веднаш ќе дојде во своето јато, кон кое и ние дојдовме... Ние имаме славен елемент, а нашиот народ е жилав и еднаш добие ли Македонија автономија, тогаш побрзо Бугарија ќе стане македонска, отколку Македонија - бугарска. Ние за тоа имаме шанса... во Бугарија на највисоки места денес се Македонци... без сомнение во свое време денешните великани Македонци по народност ќе пријдат нам и Бугарија ќе биде македонска... веруваме дека тоа ќе биде порано или подоцна... македонија ќе биде држава - републикансака, таа ќе гледа кон себе да привлече и други во сојуз како кантони и така што биде силна држава[6]


Во весникот "Македонија" (број 4, Русе, 11. ХI.1888 година), во непотпишаниот уводник, секако од перото на самиот редактор - тогаш 26-годишниот Шахов, се повлекува мислата дека на пример:

Нашата татковина Македонија си има историја за своето минато, каде што се гледа нејзината моќ, величина, како и нејзиното политичко потчинување под власта на тогаш моќната Турска империја... Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост! [7]


Смрт[уреди | уреди извор]

По долгогодишна дејност во македонското националноослободително дело и македонската емиграција во Бугарија, Коста Шахов починал на 15 август 1917 година во Софија.

Публицистика[уреди | уреди извор]

Соработува во списанието Лоза (весник) (1892), по обновата на ММД (младата македонска дружина) учествува во работата на неговиот официјален орган Глас Македонски (1894-1898), потоа во весниците Борба за слободата на Македонија и Одринско, Борба (1905).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Шахов, Коста. Едно осветление по нашите работи, в: От София до Костур. Спомени, ИК Синева, София, 2003, стр.38-68.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 П. Константин, Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979
  3. Документи за борба на македонскиот народ, т.1
  4. Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов
  5. Спомени на И. Х. Николов, Д. Груев, Б. Сарафов, Ј. Сандански, М. Грџиков, д-р Х. Татарчев (редакција на Иван Катарџиев), Скопје, 1995, 76-77, Х. А. Полјански, Гоце Делчев... т.1, 110 .
  6. А.М.ф. ПО. мф. 451, пов. бр. 150/99, Софија, 4.03.1899.
  7. весник "Македонија" број 4, Русе, 11. ХI.1888 година

Литература[уреди | уреди извор]

  • Боро Мокров „Весникот "Македонија" на Коста С. Шахов“, Охрид, 1991.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]