Прејди на содржината

Пирински Македонци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонци во Бугарија
Пиринци
Вкупен број
од 1.654 до 750.000, највеќе 1.200.000[1][2]
Подрачја со значајно население
Пиринска Македонија (Благоевградска област), Софија
Јазици
македонски јазик и бугарски јазик
Вероисповед
православие
Сродни народи
Македонци
Етничко знаме на Македонците
Етничко знаме на Македонците

Дел од темата
Македонци

Култура
Книжевност · Уметност
Фолклор · Музика · Носии
Кино · Кујна · Спорт
· Архитектура

Историја
Национална преродба
НОБ (1941-1944)
НОФ (1945-1949)

Државност
АСНОМ
НР Македонија (1944-1991)
Р. Македонија (од 1991)

Распространетост
Албанија · Бугарија
Грција · Србија
Македонска дијаспора

Тематски
МПЦ-ОА
Македонци муслимани
Македонски јазик

Македонците во Бугарија, или како Пиринци или Бугарски Македонци — староседелско[3] население кое претежно живее во Пиринска Македонија, во југозападниот дел на денешната Република Бугарија.[4]

Во определени периоди постоело и иселување од политички и економски причини, од другите делови на македонската регија. Иселувањето се одвивало во неколку поголеми бранови: средниот век, во ренесансата, по ослободувањето на Бугарија од турската власт, по Илинденското востание, по Балканските војни и Првата светска војна. Македонската емиграција во Бугарија e најголема македонска емиграција во светот, со огромен интелектуален потенцијал и големо културно наследство.[5]

Статистички податоци

Според државната статистика на Република Бугарија на последниот одржан попис во 2011 година, како Македонци се изјасниле 1.654 жители на Бугарија (0,02%), а на пописот од 2001 имало 5.071 Македонци. Но, според Красимир Канев, претседател на Бугарскиот Хелсиншки комитет, во 1998 година нивниот број бил неколкупати поголем. Во извештајот, Канев наведува бројка од 15.000-25.000 етнички Македонци во Република Бугарија.[6] Невозможно е да се каже колкав е точниот број, особено поради фактот што различни извори даваат спротивставени податоци. Сепак, сите се согласуваат дека голем број (над два милиони, вклучувајќи и од мешани бракови) од граѓаните на Република Бугарија се потомци на доселеници од Македонија, кои како емигранти или бегалци својот дом го нашле во Бугарија.

Според официјалнот став на Бугарската држава поимот Македонци означува жители на одреден регион во државата и Македонците се дел од бугарскиот народ. Политички, Македонци се само граѓаните на Република Македонија кои живеат во Бугарија (вклучително и Албанците од Македонија) е службен став на бугарската држава.[7]

Според Стојко Стојков, еден од водачите на ОМО Илинден - Пирин, во Бугарија живеат од 5.000 до 10.000 луѓе кои се декларираат како Македонци, но претходно нивниот број бил до 187.000 души.[8] Со оглед на одбивањето да се регистира ОМО Илинден - Пирин останува да се претпоставува дека оваа бројка е блиска до вистинската, а можеби и поголема.

Попис 1881

Во 1881 година, Кнежеството Бугарија за првпат спроведува попис на нејзината територија[9] (во рамките на границите утврдени од тој период, без Источна Румелија), каде во графата „родени во Тракија и Македонија“ се забележани 31,786 граѓани. Најголем дел од овие граѓани живееле во окрузите Варна (8.5% или 9,000), Ќустендил (3.3% од населението на округот, односно 4,793) и Софија (3.2%, односно 5,008 граѓани). Во прилог, преглед на полова распределеност на луѓето со потекло од Македонија и Тракија, по окрузи:

Округ Мажи Жени Вкупно % од округот
Берковица 255 139 394 0.7%
Варна 5987 3013 9000 8.5%
Видин 677 285 962 0.9%
Враца 203 113 316 0.5%
Ески Џумаја 170 143 313 0.4%
Ќустендил 2744 2019 4793 3.3%
Ловеч 663 459 1122 1.3%
Лом-Паланка 204 69 273 0.6%
Орханије 179 89 268 0.5%
Плевен 1565 1196 2761 2.7%
Провадија 0 0 0 0
Разград 267 156 423 0.3%
Рахово 295 259 554 0.8%
Русе 990 238 1228 0.9%
Свиштов 332 119 451 1.1%
Севлијево 280 120 400 0.4%
Силистра 1061 528 1589 1.6%
Софија 3454 1554 5008 3.2%
Трн 110 24 134 0.2%
Трново 645 300 945 0.4%
Шумен 595 257 852 0.8%
Вкупно 20706 11080 31786 1.35%

Попис 1885

Овој попис се однесува на територијата Источна Румелија. Тука се запишувало население кое е родено во Турција (тогаш, целиот регион Македонија бил под Турција, каде по претходни статистики дури 95% од населението кое мигрирално кон Бугарија било од Македонија, а останатите проценти од одринско). На овој попис се забележани 19,750 граѓани кои се родиле во Турција[10]. По окрузи и пол, распределбата била следната:

Округ Мажи Жени Вкупно % од округот
Пловдив 2430 1326 3756 1.66%
Т. Пазар 852 418 1270 0.96%
Хасково 1282 2007 3289 2.13%
Стара Загора 1299 820 2119 1.09%
Сливен 1503 925 2428 1.55%
Бургас 4027 2861 6888 6.16%
Вкупно 11393 8357 19750 2.02%

Попис 1888

На овој попис, се водат и Кнежеството Бугарија и Источна Румелија како една целина. Во делот на место на раѓање „Турција“, заведени се 54,462 граѓани.[11] Распределбата по окрузи и пол е следната:

Округ Мажи Жени Вкупно % од округот
Бургас 4161 7861 7025 6.4%
Варна 6083 3436 9519 4.6%
Видин 618 118 736 0.6%
Враца 167 46 213 0.2%
Ќустендил 3967 3220 7287 4.5%
Ловеч 462 319 781 0.7%
Лом 577 206 783 0.7%
Пловдив 2264 1330 3591 1.6%
Плевен 801 513 1344 1.5%
Разград 906 721 1627 1.3%
Рахово 134 41 175 0.2%
Русе 1158 357 1515 1%
Свиштов 418 153 571 0.6%
Севлијево 114 45 189 0.2%
Силистра 748 228 976 0.9%
Сливен 2078 1505 3583 2.2%
Софија 3779 1519 5298 2.9%
Стара Загора 1145 666 1811 0.9%
Т.-Пазарџик 997 606 1603 1.2%
Трн 135 29 164 0.2%
Трново 591 321 915 0.44%
Хасково 1332 1187 2519 2%
Шумен 1316 918 2234 1.2%
Вкупно 33984 20478 54462 1.7%

Попис 1893

На овој попис 66,971 граѓани имале потекло од Турција.[12] Распределбата по окрузи била следната:

Округ Родени во Турција %
Бургас 9288 7.99%
Варна 10553 4.9%
Видин 829 0.68%
Враца 427 0.28%
Ќустендил 6968 4.17%
Ловеч 845 0.67%
Лом 830 0.72%
Пловдив 5575 2.39%
Плевен 1414 1.42%
Разград 1784 1.38%
Русе 1746 1.07%
Свиштов 626 0.66%
Севлијево 274 0.29%
Силистра 860 0.77%
Сливен 4499 2.64%
Софија 9136 3.78%
Стара Загора 2728 1.27%
Т.-Пазар 2219 1.60%
Трн 196 0.25%
Трново 1043 0.47%
Хасково 3629 2.9%
Шумен 1502 0.8%

Попис 1900

На овој попис во рамките на Кнежевството Бугарија, биле евидентирани 33,447 мажи и 17,899 жени родени во Македонија и Одринско, односно вкупно 51,346 граѓани. Вкупно од Македонија и одринско пристигнале 63,388 луѓе (Турци, Грци и други). Во округот Бургас имало 9,660 луѓе родени во Македонја или одринско, Варна 7,216, Ќустендил 6,600, Пловдив 4,278, во Русе 1,900, додека во Софија имало околу 10,000.[13]

Попис 1910

Под графата „Родени во Македонија и Одринско“ се забележани 38,710 мажи и 22,611 жени, односно вкупно 61,321 граѓанин со македонско потекло.[14]

Попис 1920

По поделбата на Македонија, ова претставувал првиот официјален попис на Бугарија, каде е вметнат пиринскиот дел на Македонија. На овој попис има појава и на нови графи, кои се фокусирани кон бегалците од соседните земји во Бугарија.[15] На селднава табела може да се видат сите периоди кога дошле бегалците од Македонија кон Бугарија и од кои предели и во колкав број:

Предел Бегалци Година на пристигнување во Бугарија
1912 1913 1914 1915–1917 1918–1919 1920 Непознато
Егејска Македонија 505 20 132 57 51 43 159 43
Воденско 21 0 5 6 2 1 4 5
Валовишко 17 0 3 0 1 0 9 4
Драмско 23 5 3 3 5 5 2 0
Ениџевардарско 23 5 3 3 5 5 2 0
Костурско 103 1 25 9 16 10 39 2
Кукушко 54 1 11 6 0 10 15 11
Леринско 24 0 10 0 3 4 7 0
Серско 93 8 33 8 18 3 18 5
Солунско 142 5 34 25 3 8 53 14
Други околии 5 0 2 0 1 1 1 0
Вардарска Македонија 469 4 41 14 129 105 85 71
Битолско 119 3 12 2 29 23 28 21
Кумановско 11 0 2 0 1 6 1 1
Охридско 59 0 2 5 9 15 15 13
Скопско 29 1 6 1 1 14 2 4
Струмичко 4 0 0 0 1 0 2 1
Тетовско 13 0 0 0 1 8 3 1
Тиквешко 207 0 16 0 84 29 50 28
Штипско 27 0 3 6 3 10 4 1
Вкупно од Македонија 974 24 173 71 180 148 244 114

Освен тоа, на овој попис има и 135,827 Македонци коишто живееле во Пиринска Македонија.

Попис 1926

Попис направен по размената на население помеѓу Грција и Бугарија. Тука има појава на нови десетици илјади Македонци од Егејскиот дел на Македонија во Бугарија.[16] Во прилог сите окрузи во Бугарија со население родено во Егејска Македонија, Вардарска Македонија или Албанија:

Округ Македонско население родум од: %

од вкупно население

Егејска Македонија Вардарска Македонија Албанија Вкупно
Бургас 8816 842 1 9659 2.2%
Варна 3352 198 8 3558 1.5%
Видин 271 1152 1 1424 0.5%
Враца 581 273 3 857 0.2%
Ќустендил 725 3034 4 3763 1.5%
Мустанли 571 255 0 826 0.4%
Пашмакли 243 52 0 295 0.4%
Петрич 21003 2270 7 23280 12.5%
Пловдив 15754 2266 20 18040 3.2%
Плевен 1332 1041 0 2373 0.5%
Русе 213 777 2 992 0.3%
Софија 10755 14268 64 25087 3.9%
Стара Загора 1285 402 1 1688 0.5%
Трново 572 774 2 1348 0.3%
Хасково 1983 309 4 2296 0.9%
Шумен 414 395 2 811 0.2%
Вкупно 67870 28308 119 96297 1.8%

Попис 1934

Во рамките на овој попис биле регистрирани 63,263 граѓани родум од Егејска Македонија, 27,628 граѓани родум од Вардарска Македонија и 405 од Албанија. Бројот на Македонци од Пиринска Македонија бил 183,892.[17]

Протест на македонците во Софија, 1939 година

Пописи во Пиринска Македонија

Карта на Македонците во Пиринска Македонија (1946 г.)

Попис од 1946 година

Мапа од Германски историчар за населбата на Балканот во 1920тите, во мапата е прикажано како Пиринска Македонија е претежно населено со Македонци.

Во декември 1946 во Народна Република Бугарија е извршен првиот повоен попис на населението. Од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија 160.541 лица, односно 70% се изјасниле како етнички Македонци.[18][19]

Бугарската држава до денес се обидува да најде објаснувања за тоа дека овој попис бил направен под присила или по грешка, но покрај тој попис остануваат работи кои до денес се необјанети. Вистина, доколку станува збор за присила, кој можел да присили раководители на една суверена држава да го направат тоа. Второ останува неодговорено прашањето дали под вакви услови биле пренесени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија. Некои од одговорите кои современа Бугарија се обидува да си ги даде во врска со ова се дадени во овде.

Познавајќи ја негаторската политика на официјална Софија,[20] многу историчари ги имаат изнесено фактите за вистината на Македонците во Бугарија,[21] кои Бугарија вешто се обидува да ги изманипулира.[22] Најнов бисер е „присилниот попис од 1946 година“.[23]

Попис од 1956 година

Попис во Пиринска Македонија, 1956 година

На пописот на населението во 1956 во Пиринска Македонија, властите фаворизирале бугарска самоопределба на населението при што вршеле присиок врз Македонците да се попишат како Бугари. Целта на БКП била да ја „исправат грешката“ од последниот попис кој што го сметала како нереален, каде што мнозинство од населението било запишано како Македонци. Сепак, и покрај притисоците, од вкупно 281.015 жители, како Македонци се изјасниле 178.862, или 63% од целокупното пиринско население.[24][25][26] БКП, која очекувала „исправување“ од претходниот попис кој што го сметала како нереален, била изненадена од резултатот.[27] Во 2010 бугарскиот историчар Чавдар Маринов за прв пат објавува архивски документи каде што се заклучува дека вкупната бројка од 187,789 Македонци на пописот претставуваат резултат од слободно самоидентификување.[24] Денес, Бугарија не ги прифаќа резултатите од тие пописи, со аргументи дека биле спроведувани на недемократски начин во услови на сталинизам и репресии.[28][29]

Околии Санданска Петричка Благоевградска Разлошка Гоцеделчевска Вкупно
Македонци 89,49% 82,64% 52,18% 45,18% 45,77% 63,64%
Бугари 7,51% 15,15% 45,08% 39,05% 49,45% 33,33%
други 3,00% 2,16% 2,71% 11,92% 4,77% 3,03%
  • Официјални податоци од Бирото за статистика на Бугарија за националната структура на населението по околии од пописот во 1956 година

Население и национална структура на населението на НР Бугарија од пописот 1956 година

Вкупно Бугари Македонци Турци Роми
7.613.109 6.506.541 187.789 656.052 197.789
100% 85,47% 2,47% 8,62% 2,52%
  • Официјални податоци од Бирото за статистика на Бугарија за пописот на населението во 1956 година.

Попис од 1965 година

Во пописот од 1965 како Македонци се декларирале само 8.750 жители. Наглиот пад на бројот на Македонци во Пиринско е опишан како „статистички геноцид“ кој што Бугарија го извршила врз Македонците.[30][31][32][33]

Попис од 1975 година

На пописот од 1975, ниту еден жител на НР Бугарија не се декларирал како Македонец.

Попис од 1992 година

За пописот од 1992 официјални податоци за Македонците не се објавени.[34] И покрај тоа, во 1993 е објавен бројот од 10.803 луѓе кои се самоопределиле за Македонци, од кои 3.109 го објавиле нивниот мајчин јазик за македонскиот.[35][36]

Попис од 2001 година

Според пописот од 2001 населението во Пиринска Македонија (Благоевградска област) брои 341.173 жители, а од нив 306.118 како мајчин јазик го декларирале бугарскиот јазик, 19.819 жители го декларирале за мајчин јазик турскиот, а 9.232 го декларирале ромскиот јазик.

Податоци за Благоевградска област

Вкупно Бугари Турци Роми Македонци Други
341.173 286.491 31.857 12.405 3.117 7.303
100% 89,97% 9,34% 3,63% 0,91% 2,14%

Податоци за цела Бугарија

Вкупно Бугари Македонци Други
7.928.901 6.655.210 5.071 1.268.620
100% 83,94% 0,06% 16,00%

Попис од 2011 година

Области каде што живее македонско малцинство

Според пописот на населението во Република Бугарија од 2011 г. таму живеат 1.654 Македонци,[37] од нив: 561 се населени во Благоевградска област,[38] а 1.163 се со маjчин македонски јазик.[39] Според пописот во Бугарија живеат 1.091 државјани на Република Македонија.[40]

Според Стојко Стојков од партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден - Пирин ова е последица на манипулациите со резултатите. Тој објаснува дека од таа бројка етнички Македонци, дури околу 1.000 души биле заведени дека поседуваат македонско државјанство.[41]

Медиуми и наука

Денес Македонците во Пиринска Македонија не се признати како малцинство. Немаат право на школување на мајчиниот јазик.[42][43] Училишната настава се изведува на единствениот официјален за државата бугарски јазик.

Во 1947 година биле создадени печатни медиуми, Пирински Вестник и печатница, Македонска Книга. Тие биле дел од остварените ветувања за правата на Македонците во Бугарија, кои би го зајакнале македонскиот јазик и култура. Медиумите биле укинати и затворени во 1958 година, поради политички причини и менување на власта. Во 1990 година бил создаден нов весник за македонското малцинство во Бугарија, со име Народна Волја. Весникот се уредува и печати во Горна Џумаја.[18]

Вероисповед

Вероисповеда на Македонците во Бугарија е православието. Верниците ги користат услугите на бугарската црква, бидејќи македонската нема претставник во Бугарија.

Политички и културни друштва

Постојат повеќе организации на Македонците во Пиринска Македонија:

Познати личности со македонско потекло во јавниот живот на Бугарија

Познати бугарски државници од македонско потекло се премиерите Андреј Љапчев и Георги Димитров, министерот за здравство и внатрешни работи во прохитлеровска Бугарија за време на Втора светска војна - Александар Станишев, основачот на БКП Димитар Благоев и други. Родум од Македонија се и писателите Димитар Талев и Венко Марковски, поетите Никола Вапцаров, Христо Смирненски и други. Денешниот премиер на Бугарија, Сергеј Станишев и претседателот на парламентот Георги Пирински, исто така имаат потекло од Егејска Македонија. Сите тие ја истакнале повеќепати својата бугарска национална свест.

Активисти за човекови права на Македонците во Бугарија

Атанас Кирјаков, Јордан Костадинов, Сократ Маркилов, Славе Македонски, Георги Радулов, Георги Солунски, Стојко Стојков, Иван Сингартијски, Ботјо Вангелов, Димитар Захов, Стојан Георгиев Томовичин, Георги Христов, Александар Христов, Димитар Србаков, Стефан Влахов Мицов, Ангел Безев, Атанас Манушкин, Кирил Иванов, Георги Дукимов, Божидар Кирјанов, Атанас Михајлов Орозов, Иван Харизанов, Стојан Герасимов Василев

Поврзано

Извори

  1. Попис од 2011 година на страницата на бугарскиот Националнен статистички институт.
  2. Проценка Архивирано на 14 ноември 2008 г. на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, документ "Бројност на македонската дијаспора", 25. 11. 2008 г.: минимум 500.000, највеќе 1.200.000, проценка МНР 750.000 и самопроценка 1.500.000.
  3. „Земљопис Србије и Турске за основне српске школе“ Београд, 1872, стр. 35.
  4. „Енкарта“. Архивирано од изворникот на 2008-06-26. Посетено на 2008-10-01.
  5. „Заборавената емиграција се враќа дома“ Архивирано на 15 февруари 2009 г., Глобус, брoj 81, 4 ноември 2008.
  6. Центар за документација и информации за малцинствата во Европа - Југоисточна Европа (ЦДИМЕ-ЈИЕ) - Македонци во Бугарија Архивирано на 23 јули 2006 г. (англиски)
  7. Драган Ташковски, Од пирзнања до заникања, Цанкарјева заложба, 1971 Љубљана (српскохрватски)
  8. ...The problem according to Stoykov, originates from that fact that there are between 5,000 and 10,000 Macedonians, while their number had even reached 187,000 during some periods of the history of Bulgaria... види: Focus Information Agrncy - EFA and OMO Ilinden Pirin at a Press Conference in Brussels, Bulgarian National Radio, 29 ноември 2006. Архивирано на 29 јуни 2008 г.
  9. „Resultats generaux du recensement de la population du 1/13 janvier 1881“. 1881.
  10. „Общи резултати от преброяване на населението в Южна България (Източна Румелия) на 1 януари 1885“. 1.1.1885. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  11. „Общи резултати от преброяване на населението в Княжество България на 1 януари 1888 година“. 1.1.1888. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  12. „Общи резултати от преброяване на населението в Княжество България на 1 януари 1893 година“. 1.1.1893. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  13. „Резултати от преброяване на сградите в Княжество България на 31 декември 1900 год“. 31.12.1900. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  14. „Общи резултати от преброяване на населението в Царство България на 31 декември 1910 г., Кн. I“. 31.12.1910. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  15. „Кратки резултати от преброяване населението в Царство България на 31 декември 1920 г., По околии, окръзи и общо за царството“. 31.12.1920. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  16. „Общи резултати от преброяване на населението в Царство България на 31 декември 1926 г., Кн. I“. 31.12.1926. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  17. „Преброяване населението на Царство България 1934, Брой на населението по населени места. Предварителни резултати“. 1935.
  18. 1 2 Полтон, Хју. (1995). Who Are the Macedonians? :107-108, (Лондон: C. Hurst & Co.Ltd.).
  19. Прибчевич, Стојан (1982). Macedonia: Its People and History (Јуниверзити Парк: Pennsylvania State University Press).
  20. Проблемот на Македонците во Бугарија пред светската јавност ; ISSN 0542-206X. - 38, 456 (април 1991), стр. 16.
  21. Стеван Тинтоски, Македонците во Бугарија; Студентски збор, 1987; 167 стр.; 20 см - Скопје; 323.15(=866:497.2)"1944/80"
  22. Христо Андоновски - Skripta manent : кога во Бугарија ја кажуваа вистината за Македонија и Македонците; Македонија. - ISSN 0542-206X. бр. 544 (1998), стр. 10-11.
  23. Меморандум на Обединетата македонска организација "Илинден" : глас на Македонците во Бугарија - ISSN 0542-206X, бр. 533-534 (септември-октомври 1997), стр. 16-17
  24. 1 2 Марнов, Чавдар (2020). Македонското прашање од 1944 до денес: Комунизмот и национализмот на Балканот. Превод на делото: La question macédonienne de 1944 à nos jowurs: Communisme et nationalisme dans les Balkans. Превод од француски јазик Дарко Стојанов и Петар Тодоров. Скопје: Фондација Отворено општество - Македонија. стр. 68–70. Воопшто не е за изненадување што бугарските историчари немале објавено документи од овој тип: тие потврдуваат дека Партијата ја преиспитала, во одредена мера, претходната политика на „македонизација“ и ја доведуваат во прашање сличноста меѓу првите два пописа од комунистичкиот период. Оттаму, слично како македонските историчари, би можеле да го извлечеме заклучокот дека 187 789 „Македонци“ од 1956 г. претставуваат резултат од слободно самоидентификување. Многу повеќе од тоа – ако, во 1956 г., главно постоел „притисок“, тој бил особено наклонет кон бугарската самоидентификација. Еден од функционерите на Партијата во Пирин го потврдува овој впечаток: „... На времето, кога ние го изведувавме претходниот попис, имаше еден куп луѓе кои доаѓаа кај мене за да ми побараат да се попишат како Бугари и [да ми кажат] дека ние не треба да ги попишеме како Македонци. Но бидејќи имаше таков притисок и тоа беше политиката на Партијата, ние требаше да ги попишеме како Македонци. Проблемот (бедата) е што еднаш бевме регистрирани како Македонци, а сега треба да се изјасниме како Бугари...“ line feed character во |others= во положба 159 (help)
  25. Detrez, Raymond (2010). The A to Z of Bulgaria. Scarecrow Press. стр. 277. ISBN 9780810872028. In the 1956 census, however, when they were pressured to declare themselves Bulgarians, 178,862 people still signed up as Macedonians.
  26. Pettifer, James (2026). Greece and the New Balkans: Themes and Histories. Oxford: Signal Books. ISBN 9780722361757. In the 1956 census, 187,000 people declared themselves to be Macedonians, despite political pressure from the regime.
  27. Stojkov, Stojko (2020). „Persecution of 'Non-Existent': Repression of Macedonians in Bulgaria during the Communist Period (1944–1989)“. Во Victor Friedman; Goran Janev; George Vlahov (уред.). Macedonia & its Questions: Origins, Margins, Ruptures & Continuity. Studies on Language and Culture in Central and Eastern Europe. 34. Berlin: Peter Lang. стр. 205–255. doi:10.3726/b17262.
  28. Бејтс, Даниел. 1994. „What’s in a Name: Minorities, Identity and Politics in Bulgaria,” Identities, прво издание, број 2, мај 1994.
  29. Крид, Џералд В. (1992). „The Ethnic Situation in Bulgaria,” Princeton Project of Ethnic Relations, Researches 1992, (Софија: Club-90 Publishing House — на бугарски и англиски).
  30. Eide, Asbjørn (1993). Broadening the Frontiers of Human Rights: Essays in Honour of Asbjørn Eide. Scandinavian University Press. стр. 267. ISBN 9788200410973.
  31. Brown, James Franklin (2001). The Grooves of Change: Eastern Europe at the Turn of the Millennium. Duke University Press. стр. 150. ISBN 9780822326373.
  32. Jovanović, Miodrag; Samardžić, Slobodan (2007). Federalism and Decentralisation in Eastern Europe: Between Transition and Secession. Institute of Federalism at the University of Fribourg. стр. 61. ISBN 9783037352038.
  33. Ortakovski, Vladimir (2021). Minorities in the Balkans. Brill. стр. 319. ISBN 9789004478992.
  34. Улрих Бюксеншютц - „Малцинствената политика в България. Политиката на БКП към евреи, роми, помаци и Турци (1944-1989)“, стр. 128 Архивирано на 20 мај 2013 г. (во изворот авторот цитира Национален статистически институт: Резултати от преброяването на населението , т.1, Демографски характеристики. София 1994, стр. 194, табл. 24.
  35. Ст.н.с. д-р Михаил Иванов - „За македонските идентичности“
  36. Канев, Красимир (1999). Законодателство и политика към етническите и религиозните малцинства в България [Legislation and Policy Towards Ethnic and Religious Minorities in Bulgaria], во книгата на Ана Крастева (ed.) Communities and Identities in Bulgaria, (Равена: Editore Longo), во печат.
  37. Преброяване 2011 – окончателни резултати, гл. ІІІ. Основни резултати, стр. 23.
  38. Население по етническа група и майчин език в област: Благоевград.[мртва врска]
  39. „Население по етническа група и майчин език“. Архивирано од изворникот на 2011-12-27. Посетено на 2011-07-21.
  40. „Население с чуждо гражданство по страни“. Архивирано од изворникот на 2011-10-04. Посетено на 2011-07-21.
  41. „Бугарија изброи само 1.609 Македонци, весник Нова Македонија, број 22337, 22.07.2011 г.“. Архивирано од изворникот на 2011-09-28. Посетено на 2011-07-22.
  42. Устав на Република Бугарија, чл. 46 т. 2
  43. Бугарски хелсиншки комитет: Защо ромите в България предпочитат да учат турски език като майчин. (бугарски)

Надворешни врски