Словенечки Македонци
Знаме на Македонците во Словенија. | |
| Вкупен број | |
|---|---|
| 3,972 | |
| Подрачја со значајно население | |
| Крањ, Љубљана | |
| Јазици | |
| македонски, словенечки | |
| Вероисповед | |
| претежно православие | |
| Сродни народи | |
Македонците во Словенија, познати и како словенечки Македонци,се малцинство коe живеe во Република Словенија.
Според последниот попис од 2002 година, во таа држава живееле 3.972 Македонци[1], a 4,760 лица се изјасниле дека македонскиот јазик им е мајчин јазик.
Имиграција
[уреди | уреди извор]Во времето на СФРЈ, многу Македонци мигрирале во Социјалистичка Република Словенија. Повеќето од нив дошле од источниот дел на СР Македонија и тие се доселиле претежно во Крањ и во главниот град, Љубљана. Македонци има и во поголемите градови како Јесенице, Нова Горица, Марибор и Цеље. Околу 450 Македонци живеат во подрачјето на Цеље.
Култура
[уреди | уреди извор]Во Словенија има три големи културни македонски друштва. Најголемото е „КУД Македонија“ од Љубљана[2], „КУД Кирил и Методиј“ од Крањ [3] и „КУД Билјана“ од Марибор.[4] Тие биле основани во 90-те кога Словенија станала независна република. Културните друштва биле основани за да се поттикне изучување на македонскиот јазик, традиција и култура за тие кои живеат во Словенија. Овие културни друштва главно ги слават големите празници како Велигден, Илинден и Божиќ. Секое друштво има свој центар за собири и фолклорни концерти. Исто така има и училиште за македонски јазик во Крањ за помладите Македонци.
Вера
[уреди | уреди извор]Македонците во Словенија се претежно православни, но има и Македонци муслимани. Поради недостаток на свештеници, постои само една македонска православна црква во Словенија, која е отворена само во одредени денови; за неделни собири се користи српската православна црква. Првата македонска црковна организација била MCO (Македонски црковен одбор/Makedonski crkoven odbor). На 13 април 1993 била одржана првата нивна средба каде што било одлучено да се основа Македонска црква во Словенија. Добри односи има меѓу Македонската православна црква и Римокатоличката црква. Многу Македонци исто така ја користат и Српската православна црква.
Црквата „Света Марија Рожденска“ која е сместена во Крањ, е користена од страна на Македонците за поголемите празници.[5]
Медиуми
[уреди | уреди извор]Во Словенија има само еден весник кој е наменет за Македонците во Словенија наречен „Наше сонце“. Печатен е од страна на Македонското друштво Кирил и Методиј од Крањ. Првото издание било испечатено на 1 декември 1997. Весникот главно пишува за проблемите и активностите на Македонците кои живеат во Словенија.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-04-26. Посетено на 2012-11-17.
- ↑ MKD-Makedonija-http://www.mkdmakedonija.si/
- ↑ MKD Kranj-http://www.mkd-kim.si//
- ↑ MKD Biljana-http://www.mkd-biljana.si/index.php?option=com_content&task=view&id=2&Itemid=6|
- 1 2 Naše Sonce-http://www.mkd-kim.si/vesnik/nase%20sonce%20-%20st%201%20-%20december%201997.pdf
Поврзано
[уреди | уреди извор]| Оваа статија за Словенија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||||||||||||