Според пописот од 2002 г. во Србија живеат 25 847 Македонци, од кои 14 062 во Централна Србија, а 11,785 во Војводина. Најголеми концентрации на Македонци има во Пландиште, Јабука, Глогоњ и Качарево каде што претставуваат 10-32% од вкупното население. Доколку се земе фактот дека и Горанците се дел од Македонскиот народ, тогаш спрема пописот на населението од 2002. година, во Србија (без Косово и Метохија) живееле 4.581 Горанци. Според проценките Горанци има над 60.000.