Македонци во Шведска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Според официјалниот попис од 2006 година, постојат 3.669 етнички Македонци во Шведска. Шведскиот Центар за имиграција известува дека постојат 6.000 Македонци во Шведска, но македонските здруженија и македонското Министерство за надворешни работи тврди нивниот број е над 15.000.

Доселување[уреди | уреди извор]

Македонците почнаа да емигрираат во Шведска по Втората светска војна. Многу од овие беа првично егејските Македонци на кои подоцна им се приклучиле Македонците од Југославија. Македонското население се населиле во голема мера во југозападниот дел на Шведска. Многу имигранти се населиле во градови како Стокхолм, Малме, Гетеборг, Еслев, Хелсингборг, Трелеборг, Оребро и Векше. Шведската влада официјално го признава македонското малцинство во Шведска.

Организации и култура[уреди | уреди извор]

Македонците во Шведска се многу добро организирани преку голем број здруженија и тие се признати како македонско малцинство законски. Во Шведска има над 20 регистрирани македонските здруженија, меѓу кои најголеми се:

  • Makedoniska Riksförbundet i Sverige / Македонски Сојуз, Гетеборг
  • Makedoniska kulturföreningen Goce Delcev / КУД Гоце Делчев, Гетеборг
  • Kulturföreningen Маkedonija / КУД Македонија, Малме

Македонските здруженија се делумно финансирани од шведската влада. Исто така, постојат посебни одредби утврдени од страна на шведската влада за образование во Македонците. Секоја година различни организации го одржуваат т.н. Zimski Festival. Здруженијата, исто така, организираат многу натпревари за убавина, ноќи на поезијата и диско забави. Организациите исто така имаат контакт со Македонците во Данска. Тие, исто така, организираат саботни училишта и хуманитарни активности. Постојат три женски групи во Шведска:

  • Гоце Делчев од Гетеборг
  • Кочо Рацин од Борос
  • Македонија '91 од Халмштад.

Религија[уреди | уреди извор]

Македонците во Шведска претежно припаѓаат на православната вера. На 14 јануари 1973 ја основале првата Македонска црковна општина (МПЦО) во Европа посветена на Св. Наум Охридски. Во моментов постојат две македонски православни цркви во Шведска, Makedoniska ortodoxa kyrkan Sveti Naum Ohridski во Малме, која има 4000 верници и Makedoniska Ortodoxa Kyrkliga Församlingen во Гетеборг. Двете од нив се дел од Македонска православна црква, предводена од митрополитот на европската епархија.

Спорт[уреди | уреди извор]

Македонската заедница има свој фудбалски клуб, наречен ФК Вардар од Гетеборг, кој игра во шведската лига "Division 5А".

Медиуми[уреди | уреди извор]

Многу форми на медиуми се формирани од страна на Македонците во Шведска. Тие имаат свој весник, наречен Makedonski Vesnik, кој за првпат беше објавен во 1978 година, од страна на Makedoniska Riksförbundet i Sverige (македонската заедница во Шведска). Весникот ги информира Македонците во Шведска за теми поврзани со нив во Шведска и во Македонија. Тие, исто така, основале свое сопствено радио во Гетеборг, тоа се нарекува Makedonisk Röst. (Македонски Глас), кое емитува на македонски јазик.

Значајни Македонци во Шведска[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]