Владимир Глигоров
Изглед
| Владимир Глигоров | ||
| Роден | 24 септември 1945
Белград, СФРЈ | |
|---|---|---|
| Починал | 27 октомври 2022
Виена, Австрија | |
| Занимање | економист политичар | |
Владимир Глигоров (р. 24 септември 1945 во Белград — Виена, Австрија, 27 октомври 2022 ) — македонски и српски економист и политолог.
Своето образование го завшил во родниот град. Магистрирал во 1973 година, а докторирал во 1977 година на универзитетот Колумбија во Њујорк. Работел на белградскиот универзитет и на институтот за економски науки, а од 1994 година во Виенскиот институт за меѓународни економски студии.
Владимир Глигоров е еден од првите критичари на комунистичкиот систем. Во 1989 година бил еден од основачите на Демократската партија на Србија.
Тој е син на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија.